Tax free процедури

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од angel92, 17 декември 2023.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    6.336
    Здраво женски,

    ми треба мислење а и искуство ваше на одредена тема. Само што се вратив од Србија каде имав земено три сметки и документи за tax free.
    Стигам на граница, необележано никаде, ме праќаат во некоја кабина каде што српски цариник ми вика да ги донесам работите кои што сакам да земам tax free. После размена на зборови, ме праќа не кај најблиската агенција (читај: ми рече дека не им се работело таму), ме праќа до фершпед, сама по темница, на ладно да одам да копирам.
    На пола пат ме фати нервен слом и се откажав. Прашањето ми е, дали можам друг ден да однесам документите или не? Дали може пример некој друг да ги однесе со мој пасош? И дали може пример од Куманово да се застане од оваа страна или треба да се излезе од државата и да се влезе повторно?

    Јас побудалев 100 на 100, Грција никогаш не барале ни работи што си купил, ни пасош ни сметка копирање.

    Искуство?
     
  2. kloki

    kloki Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    141
    мислам дека мора да имаш печати на фискалните и потоа во гтц да си ги подигнеш парите
     
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    6.336
    Знам, прашањето ми е дали на други им кажуваат да одат да копираат итн, не стигнав до печат момент.
     
  4. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Да истото важи за сите, парите си ги зимаш во продавницата од каде си пазарела, неможе во Гтц, тоа во гтц е само за од еу.
    Копија од пасош, да ти бидат напишани даночен број на фирма ( тоа во Србија каде си купила го пополнуваат они ама пак провери си), копија од фискалните, лично , со стварите кои си ги купила, можеш и друг ден да отидеш, пасошот да го имаш со себе ( небитно дали со лк или со пасош си прошла).
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kloki

    kloki Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    141
    точно јас враќав од еу
     
  6. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    4.295
    Пол:
    Женски
    Над 50евра вкупно враќаат или мора над 50 евра во една прпдавница?
     
  7. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Мислиш дали над потрошени 50 евра можеш да земеш tax free? Тоа не сум сигурна над која сума можеш ама знам дека не треба да е над 350 евра зошто ако е ке си платиш царина кај нас и нема да ти се исплати tax free.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    4.295
    Пол:
    Женски
    Еднашка прашав ми рекоа треба сметката да ти е над 50евра за да имаш поврат. Е сега прашањето ми беше пример на шопинг во повеќе продавници купуваш, дали сите сметки ги носиш или мора само од една? Никогаш не сум го правела ова затоа нејасно ми е малку
     
  9. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Од секоја продавница си зимаш сметка и си бараш tax free, кога ќе завршиш со царина на граница и ќе се вратиш пак во Србија конкретно ( мислам 1 година е рокот) си ги зимаш парите од продавниците во кои си пазарела. За од Европа е друга процедура.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    4.295
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. А како е во европа?
     
  11. Mayaasa

    Mayaasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Исто бараш tax free некаде над 50, некаде над 70€ ,печат ставаш на последен излез од еу. Пример ако зимаш од Германија и се враќаш со кола , печат ти ставаат на Хрватска граница, ако се враќаш со авион на самиот аеродром. Парите можеш да си ги подигнеш на аеродром на картица да ти ги пуштат (2-3 недели) или кеш со некоја провизија они кои ја зимаат или да си ги земеш од Гтц (цела сума) од менувачницата (незнам како се вика) околу Диоптра оптиката се наоѓаат има 2 зависи од каде ти е taxfree. Од Грција можеш исто во гтц или да си ги земеш од free shop или да купиш нешто (со некој процент за нив).
     
    На Tam4yy и awkey им се допаѓа ова.
  12. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    18.276
    За Србија конкретно мислам дека е над 6000динари со се ПДВ т.е. 50е.

    Кога правев поврат копии ми направи еден дечко од наша царина во зградата влеговме, за да не идам до Фершпед услуга ми направи.

    Србинот само печат ми удри не ми побара ништо од производите да му носам да гледа.

    Јас не враќав преку Глобал Блу, туку кеш кога се вратив назад. Имаш фора 1 година за враќање со формуларот што ти го даваат.
     
    На Tam4yy и maichka им се допаѓа ова.
  13. Nochuu

    Nochuu Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    здраво, јас поднесив за повраток на данок преку Taxfix и пишување за 6-12 недели дека ќе биде исплатено, но има поминато толку недели и сеуште ми нема стигнато повратокот на данок, има некој искуство во врска како мојот случај?
     
  14. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    • Пишувај кирилица
    Ve molam za odgovor dali nekoj znae za procedura za tax free za Grcija?
     
  15. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    381
    Во продавницата на каса пред да платиш кажуваш дека сакаш taxfree, прават 2 фактури, двете фактури ги носиш на шалтерот што е на Грчка граница , на Богородица на пример проаѓаш пасошка контрола се паркираш веднаш по граница, се враќаш и кај канцелариите има посебен надворешен шалтер на царина ги даваш 2 фактури и пасошот, ти удира печат и со фактурата одиш во менувачница во ГТЦ. Има 2 фирми за враќање пари треба да провериш која менувачница со која фирма работи. Мене за данок кој беше 25 евра, ми дадоа фактура за 14 евра поврат, а менувачница ми исплати 12 евра.