Немам враќано ама како што имам читано треба ти да ја однесеш во каргото и тоа мислам во елс дека они се за враќање пратки
Да, едно три пати имам враќано. Следи све што ти бара, прелесно е враќањето. Пакуваш тоа што враќаш, принташ едно ливче, го лепиш и у карго носиш. Они го скенираат бар кодот од ливчето, по некое време мејл ти стига дека внесено им е у систем за враќање. За многу брзо време рефундираат. Не чекав ниту да им стигне пратката па да рефундираат, туку одма, за некој ден ги враќаат. Глеј само мејл да ти стигне, зошто еднаш нешо овие од Елс не знам што направија ама мејл не добив од Тему дека пратката ќе се враќа, па морав директно кај нив да реагирам за ова. Немаше никаков проблем, одма направија рефундација, уште побрзо. Од моево искуство до сеа, прекоректни биле за рефундирање.
Редот не можиш да го фатиш на нарачкиве, на другарка и стигна пратката за буквално 10 дена, мене веќе една недела само ми стои дека е на царина и не мрда, другата нарачка пак што ја нарачав покасно во еден ден ја имаат завршено со царинење и веќе е на пат. Правило нема, на кој му се работи си работи.
Со M One, бројчето почнува со VIP, а оваа што ја нарачав после неа и што веќе е понапред од другава е од Трансфера односно ЕЛС.
Исто мислам и јас. Нарачки направив на 31.10 и 1.11. Првата одма ја спакуваа ја пратија, долета, отиде на царина и застана. Втората цело време стои дека е на пат накај аеродром. И туку наеднаш во 3 дена тргна од таму, стигна, ја царинија и сабајлево ја донесоа, вкупно 11 дена. Првава што брзо тргна уште е на царина, ќе видиме кога ќе стигне. Не знам што е факторот, дали од различно место тргаат во Кина, па плус на царина како ќе пројдат, па на крај и кое карго ќе ти се падне. Голема разлика е нешто да добиеш за 10 дена, а нешто друго за скоро месец ко што кажуваат некои. Јас за среќа до сега се сум добивала за помалку од 20 дена.
Истиот проблем. Или Милшпед се многу ,,брзи", или ВИП Пошта ги земаат еднаш месечно па им дремат таму. Да се надеваме дека не ги чуваат за ДДВ и дека воопшто ќе ги добиеме.
Како нема? Прво правило е: - Ако ти ја пратат преку ВИП пошта, право у црква да запалиш свеќа или на бајачка прорив уроци.
Devojki zdravo vaka sea ja narachav od temu amaa pratkata od 3 ti noemvri mi e vo kargo vo m one vchera zvonev nishto se javija pushtija tamu da se dostavi za vchera ama nishto deneska pa zvonev paa rekoa kje pushtat i pa gi nema im kazhav da idam da si ja zemam od kargoto ne bila tamu mne emi e itno i naglasov deka e itno sho da pravam nekoj iskustvo?
Искрено последниве 2 пратки порачував некои блузи и не се како што порачувам. Пример порачав крем, бела и кафено, а добив ПОРТОКАЛОВА, бела и крем. Тренерки порачав виолетови, добив бордо.
Нарачав поголеми работи, три порачки по 2.000 мкд, една 5.000мкд. Не ни бев свесна за ддв И сега, првата работа од 2.000 супер брзо ми стигна, две ми се заглавени на царина, а последнава од 5.000 мкд подоцна ја порачав, ама сега ми е страв да не изнаплаќам за да ги достават. Можно е да ги држат пратките за да наплатат, чекаат да помине законот?
Не би требало. ДДВто изгледа ќе се плаќа на Тему, а Тему ќе и го плаќа на државата. Ама сепак ќе видеме кога ќе се усвое.
Катастрофа , што да кажам... јас имам пратка накај 3700ден и нешто, и сеуште чекам мн време скоро една недела на царина..... а сестрами после мене нарача и и стигна вчера ...