Temu

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Avenged, 29 октомври 2024.

  1. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем со Тему. Порачав паметен часовник и ми стигна расипан на 30.05. Го вратив во ЕЛС на 31.05. и тие го доставиле на Викторија Шпед на 04.06. Оттогаш му се губи траг а сеуште од Тему велат дека немаат информација за рефундирањето на пари кое го побарав од Тему. Од ЕЛС потврдија дека го предале на Викторија Шпед и дека тука престанува нивната одговорност. Звонев во Викторија Шпед и тие велат дека вршат само царина на производите. Сега не знам каде е воопшто производот и секој ден пишувам на Тему но тие сеуште немаат инфо за саатот. Дали може некој да помогне што да правам, ни пари имам ни саат имам.
     
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    13.871
    Пол:
    Машки
    Поплака до Агенцијата за пошти и Царинската управа на РМ.
     
  3. borisss

    borisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Девојка ми сакала да и нарачам некои ствари од Тему, па сакам да ја изненадам со нешто плус, и гледам има доста избор на долна облека.

    Сте нарачувале нешто такво? Како е со квалитет? Нешто да препорачате?
     
  4. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Кој не искусил, не знае, Агенција за пошти ти е едно од нај-нестручните регулаторни тела, секогаш во заштита на неправото кое го сториле поштенските оператори, на кои токму они им дале лиценца за работа, којзнае под какви услови.
     
    На Oriental, Waverly Raven и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    13.871
    Пол:
    Машки
    Не се сомневам, но друго контролно тело нема… :(
     
  6. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    За жал ..
     
  7. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    988
    Првично обиди се по мејл, па во пошта, поднеси поплака и жалба до управните тела. Ако не бива, прости се од часовникот, здравје прва прилика ќе купиш нов. Колку чинеше инаку?

    Сакам да се пожалам од Тему.
    Благодарна сум за сето досега што стаса, ретко што не се погоди и во однос на големина и квалитет, презадоволна сум.
    Но, зошто бе мајката другите земји смеат да имаат ''free gifts'' и малтене на секоја нарачка добиваат плус нешто гратис, дур ние овде доколку не го исполниме минимумот (3 000 денари од нарачка) не може да добиеме ништо?
    Дали ова вака ќе остане засекогаш, задња рупа на свирало ќе бидеме како повеќето екс ју, или кога ќе поскапи дополнително и ние ќе ја добиеме таа можност? :|
    П.С. Каде се тие игрици што ги играте за да добиете нешто плус?
     
    На DELFINA81, marsilia, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    816
    Пол:
    Женски
    И во екс ју државите за да добиеш бесплатен подарок мора да имаш минимум нарачка.
     
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    10.668
    Пол:
    Женски
    За нептун нов зедов.
    1130 ден беше од Тему,инаку денеска ми рефундираа 1130 за часовникот.