И за нови е исто. Дава 2 бесплатни со услов да нарачаш нешто во одредена вредност. Мене ми даде 2 бесплатни, меѓу кој и таблет ама да нарачам нешто во сума од 3600. Не ми требаше ништо па одбив
Како ги подигате пратките ако се погодите да не сте дома? Мене увек на работа ме начекуваат и кога ќе им кажам дека не сум дома (оти фала богу ми ја носиш во 1 саат) се молиме и колиме како да ја подигнам. Ама не може од магацин, аа јас тогаш не работам, ама не може друг ден ама... И не знам дали јас такви начекувам ама од ЕЛС овие увек ти се обраќаат ко да им е скиснат животот. Неќам ни да нарачувам више ради нив.
Јас иако повеќето седам во друг град, производите ги нарачувам на домашна адреса кај моите. Некогаш се погодувам да сум дома, а кога не сум најчесто брат ми ги зема, јас само му го кажувам кодот по телефон. Можи било кој на адресата да ја земи сѐ додека го има кодот. За тука барем не прават проблем да мораш лично ти да ја земаш.
Јас работев во смени и ко за беља се ми се јавуваа само што сум искочила за на работа. И почнав на работа да нарачувам. Сега сум дома, маж ми на мое име нарачува зошто и него истото му се случува. Моја препорака, да си нарачуваш на работна адреса ако редовно те бараат од сабајле за достава.
Морам уште еднаш да прашам За кредит бек, тоа што ти дава наеднаш да го искористиш, што се собира 7 дена, како да го најдам? Како пишува? Да не ги измешам со тоа другото, цепкано што го дава кредитот