Да смее, не смее течности како пудра такви работи ама ти даваат кесички да ги ставиш, едино ако имаш нешто поголемо од литар тоа неможеш да го земеш
Прашуваш за рачен багаж или за чекиран куфер? Во рачниот багаж можеш да носиш течности чие пакување не е поголемо од 100 ml, но вкупниот износ да не биде повеќе од 1 литар. Во чекираниот куфер можеш да носиш течности во поголеми пакувања, но не знам дали има ограничување за вкупниот износ. Не знам за каков вид на храна прашуваш, но генерално не прават проблеми за храна. Можеш да носиш и во рачен багаж и во чекираниот багаж. Јас во рачниот стално имам со мене некои грицки, кроасан и слично и никогаш не сум имала проблем. Во чекираниот исто сум носела храна, поголеми пакувања на козметика, понекогаш пијалоци итн.
Доколку резервирам карти за двајца возрасни и дете без да платам за избор на седишта, детето автоматски му следува седиште до еден од родителите, така?
Да. Барем со Виз Еир е така. Само кога ќе ги резервираш картите, избери 2ца возрасни и за детето кога ќе избираш да пишува child. Ти кажувам пошто пријателка кога резервираше карти ги купила трите како за возрасни па имаше проблем онлајн да го чекира малиот, па ѕвонев во Виз ја оправавме.