Дечки здраво. Дали некој одел со комбињата до аеродром од Манора ? Се јавив пред една недела рекоа ќе има за мојот лет. Сега не креваат. Ме фаќа малку паника дали се сигурни?
Превоз има секој ден, термин во зависност од летовите Ама не знам за Манора дали работат.. Знам официјалните од/до аеродром сега се Ерак транспортер
Изгледа е истото, го дава тој број за звонење од ерак. Исто дали сте тргале од бисер на автобуската.. на страната им пишува капитол мол поаѓање,а по телефон рекоа од бисер автобуската..
Сум тргнала ама еднаш кога се враќавме не ни помина низ аеродром на што сите изреагираа ама возачот не не ни слушаше така да не знам дали може да не помине...
Ако се Манора тие што прават превоз Скопје-аеродром, не се најсигурни. Знам дека некаде по темиве имам веќе напишано - требаше едно сабајле во 4 да дојде, и не дојде. Бевме околу 10-тина што го чекаа, па нè фати паника, среќа најдовме такси, па и тоа сакаше да ја искористи ситуацијата да ни наплати поскапо. Така што биди спремна дека може ќе треба такси да бараш.
Здраво сакам да прашам бидејќи имам повеќе апчиња дали треба да ги носам во куферот што оди со мене во кабина или во куферот што се остава на шалтер?
Можеш директно да им пишеш или на страни како airhelp ама земаат многу провизија Ако е за Малме откажан е нема да полета најверојатно во скоро време, иако пишува дека е закажан за друг ден (веројатно мислат денес после полноќ, може и не), на шалтер за понатамошни инструкции И на профилот треба да добиете опција за презакажување или повраток на средства
Добив на апп за презакажан лет за утре и потврдив па има бординг карта за утре Луѓето у хотел ги однесоа Ми ѕвони број од будимпешта Колку е паметно да кренам?
Ај ве молам некој од Битола дали има валиден број од матично таму? Или да знае некој што работи? Ми треба итно.
Кога си најавена на апликацијата или на веб одиш на customer support или contact us, после најдолу има claims and refunds. Одиш таму и има да поднесеш барање, најдолу има формулар да пополниш, бираш категорија (одложен или откажан лет) и пополнуваш податоци за летот и патниците. После тоа се чека да ти одговорат од виз. Ако одбијат тогаш имаш право преку трета страна да бараш компензација. Кога пополнуваш формуларот оваа опција ја бираш за компензација. Ова се е под претпоставка дека летот е од или до членка на ЕУ.
Пробај преку skycop.com поднеси. Јас во 2018та барав ама преку друга страна не ми текнува како беше. Летот беше во март а одговор добив во јуни дека ми се одобрени 500€ за две карти т.е со задржана провизија ми исплатија 350€. Иначе летот ми каснеше 6,5 часа. Така да пробај гледам има и други вакви страни што посредуваат ако лет касни или е откажан.