Yves Rocher козметика

Дискусија во 'Лице' започната од smiley-32, 13 октомври 2011.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.635
    Пол:
    Женски
    Овде ќе те цитирам.

    Ти со овие ко ја со Лаш што се опседнував, ги збогативме :worried: :rofl::cash:
    Им откажав нив љубов, не ми се ни интересни повеќе.

    Со Ив Роше неам многу големо искуство, Монои колекцијата ми е испробана и сама знаеш колку е преубава :inlove:

    Сум пишувала, тоалетната вода ми е фејв, не ми смета шо нема уау трајност, не е парфем, и' се простува.

    Друг идентичен мирис ко на таа линија неам осетено :inlove:
    Викаат плажа, лето, лосион, ама шо знам, мене ми удира и на некои бонбончиња, баш е благаст мирисот, ама и цветови има у нотитe.
    Цветот Тиаре поима неам како мириса, главна нота му е.

    upload_2026-7-29_2-2-25.jpeg

    Кокос и ванила не осеќам, или тие ноти во постарите серии беа?

    Маслото за жал не го искористив, ми остана од сетот, не можам мрснотија да трпам :( :rofl:

    Уникатен мирис у секој случај.

    Друго што имам порано пробано ми било онака мех, недоволно да ги сакам поново.

    Што препорачуваш? Некој лосион?

    Кокосот многу мрсен беше за моја кожа, и не мирисаше нешо убаво барем кога го имав, поодамна беше тоа.

    Спрејчињата и парфемите си ги пробала?
    Јас само со ванила, смрдеше на алкохол, таа нивна ванила у спреј форма неубава ми беше, лосионот со ванила може да е подобар.
     
    Последна измена: 29 јули 2026
    На LibreGirl, Antolinaa и Panda00 им се допаѓа ова.
  2. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right за лице купив цела линија sebo active clear (серум, тоник, матирачка крема и хидратантна нега). Вака ми се чинат добри, ќе им дадам време.

    За коса земав балсам за локни, балсам за волумен. Убаво ја омекнуваат косата. Земав и еден leave in, скапичок 500 ден на попуст (само 150 мл) ама вреди. Си земав и спреј за расчешлување и крем за локни. Тие уште ги немам пробано.

    Лосион земав Comme une evidence, многу беше фален. Кога ќе намачкам мириса на цвеќе, како да сум во некоја градина :envy: , но после едно 5-10 минути се претвора во мирис на нешто свежо и powdery истовремено, не се чувствуваат цвеќињата.
    За другиве лосиони не сум земала. Кај нив во продавница го пробав тој од Ванила, не ми се допадна, како слаба ванила е, повеќе млечен мирис и алкохол. Ама затоа од кокос е поубав, ама не би го купила по таа цена. Всушност ништо не им купувам по редовна цена. Само попусти кога даваат.
    Спрејчиња не, ни на попуст кога се не ги земам. Само освежуваат ништо не трааат. А 750 ден за малечко шишенце никако. За 750 ден има убави мистови од други брендови.

    Лабело купив (балсам за усни они си го викаат :D:D) тоа не ми требаше, ама да направам износ на нарачка за подарок да изберам. Ама изненадувачки убаво лабелото, го земав со мандарина и борови иглички.

    Ми пратија тестери за многу производи па јас така се одлучив дека ги сакам. Е имаше една крема hydra vegetal на тестер ја пробав, преубава, ама не ја нарачав. Распродадена е. Парфеми исто ми имаа праќано тестери и така во продавница одам да си ставам и да видам дали ќе трае.

    На подарок ми го испратија парфемот -Миг на нежност, не го отворив, отидов кај нив тестерот го пробав, вака солидно трае, нежно мириса ама не е по мој вкус. Ќе го подарам.
    Порачав вчера парфем -
    Bouquet Ambré .
    Го пробав на тестер, многу ми мирисаше убаво и познато, ми врати некои спомени. Па утре ќе стигне ќе видам.
     
    Последна измена: 29 јули 2026
    На Annath, Mrs. right, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Ми помина времето за редактирање, па еве да дополнам. Многу муабет отворивме :D
    Дај му шанса на маслото !
    И јас не трпам мрснотија, ама ова воопшто не ми остава масни траги на кожа и облека. Путери за тело ми оставале, ова не. Многу брзо се впива и хидрира. Значи пробај, јас ставам на рацете, рамената и под вратот. Мачкам и веднаш мијам раце, чекам неколку минути се впива и нема ништо масно, останува само мека кожа со преубав хидриран изглед и суптилно светкаво. Ако си исончана ќе бидеш ептен wow. Јас не сум исончана, ама многу убаво изгледа, не блешти како некои glow спрејови со светки, туку баш е суптилно и нежно.
     
    На Annath, Mrs. right, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.557
    Допаѓања:
    336.356
    Пол:
    Женски
    Преку кое карго ви идат нарачките?
     
  5. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Македонски пошти. Не е карго
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.557
    Допаѓања:
    336.356
    Пол:
    Женски
    Е баш затоа прашав, дека ми се јавиа за пратка оставена во пошта.Ама не ми кажаа од каде е,и чудно баш ми падна.Фала
     
  7. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Мене до дома ми носат. Не знам.. таман работа сите пошти ако треба да ги расправам, плаќаат достава они 250 ден за нарачка над 999 ден, не оди да ја земаш, кажи дека ќе почекаш да ти достават.


    Инаку ако знаеш ти, или друг да ми одговори, во програмата за лојалност пишува дека следува подарок за роденден во мојот роденденски месец. Е сеа има време, во ноември ми е роденден, ама дали ќе ми пратат тие подарок по нивен избор или ќе имам некој промо код ? Другарка во Хрватска добила за попуст 20% код на цел износ во кошничка, друг некој добива најефтиниот производ од нарачка да биде бесплатен, а некаде по интернет прочитав дуплирање на заработените поени тој месец. А гугл вика подарок ќе имам крема за раце или некој поефтин лосион/гел за туширање..
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.557
    Допаѓања:
    336.356
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено, не сум во тек со ништо.Нарачував пред две години, и еве сега пак после долг период, читајки ве вас :D
     
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    16.078
    Пол:
    Женски
    Дали уште постои продавницата и каде?
    Пред десетина години купував од Сити Мол, сеуште ли е таму таа малата продавница?
    Какви им се сега производите со цени и квалитет?
    На времето бев првично задоволна, па потоа почнаа дел од производите да ги повлекуваат, па замена имаше за нив некои други, кои не беа со исти квалитет. Тоа беше и причината поради која се откажав од нив.
    Многу мразам кога некој производ ќе ми се погоди, го користам долго и ми е незаменлив и на крај ти го повлекуваат. Заправо така е со многу линии на производи, ама не знам зошто, производи за кои има доста побарувачка да се повлечат од продажба. Многу ми е нелогично.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.288
    Пол:
    Женски
    Да, во Сити Мол е продавницата.
     
    На LibreGirl и anggell им се допаѓа ова.