Како што зборува насловот, дали и како го правите. Баба ми и мајка ми го прават прсти да излижеш. Јас ги гледам и така така почнувам да се учам, а за рецептата ќе ги прашам и ќе споделам овде. Очекувам одговори.
Еве ова јас го најдов Состојки: 100 мл. масло 2 л. вода 1 ½ кг. брашно 1 мала лажичка сол Подготовка: Ги мешаме сите состојки со миксер. Добиваме каша слична како за палачинки. Кога e се убаво измешано посолуваме. Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Истураме со црпалка за супа количество каша колку да се направи тенок слој како за палачинка. Tепсијата ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Кога слојот од кашата ќе се потпече и вцрви, ја вадиме тепсијата, премачкуваме слој масло, па вниматлно со црпалката истураме нов, тенок слој каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша. Опишаниот рецепт е за Ѓомлезе печено во рерна.
Од искуство ви кажувам да не го правите во рерна. Потрошив три часа и многу нерви, и на крај немаше никакви сличности со тоа под вршник. Го имам пробано одамна, ептен ми се допадна, стружани и охриѓани често го прават, ама бидејќи не сум оттаму ретко имам прилика да го јадам, па кога го видов овој рецепт http://migusto.mk/turi-potpeci/ решив да го направам и тоа во дупла доза . Правев како што се препорачува, на 240 степени, со малку подотворена рерна за да не се ствара влага, со пуштен горен грејач и на крај беше живо, никакво, го вратив пак во шпорет, пуштив само долен греач малку да се запече, ама нееее. Одвај го изедов, кога сакав да јадам од него ги пржев парчињата во тавче за палачинки и со јогурт се трпеше вкусот- ме фати инат да ги фрлам после толку малтретирање и знам дека никогаш веќе нема да го правам во шпорет. Подобро направете си солени палачинки и потоа редете во тавче за печење палачинка, па масло, па сирење, па пак палачинка се додека имате палачинки и на крај премачкајте со масло, насечкајте ги на коцки и печете додека не порумени горниот дел. Вкусот е многу сличен на ѓомлезе, и има далеку помалку малтретирање и нервоза отколку со оваа постапка со рерната.
Да не се зафркнете вистинско ѓомлезе не се прави во рерна. Рецепта 1.околу 200ml масло 2.2 литри кисела вода 0,5 литри јогурт 3.70% бело брашно 4.30% пченкарно брашно 5.сол по вкус Ги мешаме сите состојки освен маслото, но без миксер туку со мешалка. Кашата треба да ви излезе со срезна густина и да нема грутчиња. Едниот сач што беше на оган треба да го ставиме врз тепцијата со ѓомлезето. Додека имаме каша ова го повторуваме, но да напоменам секогаш кога го менуваме сачот треба да капниме две- три капки масло со лажицата. Се надевам дека барем нешто свативте. Поздрав.
ѓомлезе не е ѓомлезе во релна како охриѓанка ке ви кажам најдобро(баш денеска за празников јадев ) се прави под сач кора по кора,и е доста тешко за правење. Ама затоа после ко ке е готово ...цревата ке ти се залепат од јадење . И тестото е само од бело брашно,вода,сол и масло
Kaj mene gjomlezeto go pravat samo so brasno voda I sol a maslo na sekoja kora i bavo go pecat so zagrean sac. Awwwwh nemat poubo
Летово пробав ѓомлезе кога бев во Охрид, и морам да кажам дека сум воодушевена од преубавиот вкус. А да не спомнувам каква комбинација е со јогурт или кисело млеко. Ммммм.......
Го обожавам Штета што го нема во Скопје и што не се прави толку лесно. Баба ми во Охрид порано какво правеше уфф
Ќе и одиме на баба ти на гости.... Обожавам ѓомлезе. Првпат пробав сега пред некој ден кога бев за Велигден таму и многу ми се допаѓа.