Оваа година ќе се запишувам во средно и сакав да побарам мислење од други во врска со тоа каде да се запишам. Ми се допаѓаат ЈБТ и Лазар Личеноски (уметничко), но се грижам дека ако се запишам во ЈБТ, нема да најдам друштво бидејќи јас сум „секта“ и досега тешко ми беше да се здружам со моето одделение во основно. Од друга страна, се грижам дека ако се запишам во Лазар Личеноски, ќе се ограничам. Исто така се плашам дека нема да можам да го подобрам цртањето и ќе заостанам, бидејќи во последно време чувствувам дека не напредувам. Би сакала да одам во гимназија за да не се ограничам, бидејќи сепак можам да одам на часови по цртање и потоа да запишам уметност на факултет. Но сум слушнала дека децата во гимназиите (особено во ЈБТ) се многу себични и користољубиви. Btw, ако се запишам во ЈБТ ќе одам во јазично-уметничката паралелка, а ако се запишам во Лазар Личеноски, во моден дизајн.