1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавен превоз - дај ја искористената карта на друг

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mime87, 2 февруари 2015.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Видов дека нема ваква тема па затоа сакав да отворам и секој да си каже мислење...
    Што мислите вие за оваа иницијатива?дали ја оправдувате или мислите дека не е во ред?
    Иако темата ќе се однесува повеќето на тие што живеат во СК,но сепак во тој град живеат и многу луѓе од другите градови,исто така студенти а многу луѓе често кои живеат надвор доаѓат поради различни потреби во Ск па штета или корист од ова би имале сите...
    Најповеќе се изреволтирав кога слушнав дека за иницијаторите на оваја работа ќе има казни а исто така и за тиа што ќе дават билети...
    Јас ја подржвам оваја иницијатива бидејќи народски речено во оваја држава СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ дојде работата...
     
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    На почетокот кога првпат слушнав ми делуваше симпатично, кул идеја, ти плаќаш, некој после тебе заштедува.
    АМА, размислете. Со или без карта, ако веќе некој се возел со неа, тоа е нелегално возење. Исто како да украдеш 35 денари од ЈСП, пари кои нив им требаат за одржување на автобусите, бензин, плати на вработените итн.
    Друга работа, дали знаете како ги плаќаат шоферите од ЈСП? Прееска случајно начекав некоја контакт емисија на алфа, баш ова беше темата и се јави сопруга на шофер. Жената кажа дека платата ја добиваат така што за секој патник земаат по еден денар од купената карта. Значи кога половина од патниците не би купувале карта, а и повеќе, со оглед на тоа дека пензионерите веќе се возат бесплатно во некои денови, платите на тие луѓе би се намалиле за 50 проценти. Секое шверцување и возење бесплатно е на грб на шоферите.

    Е дека студентите и средношколците треба да се возат бесплатно, тоа е друг проблем, ама мора да се најде поинакво решение со кое никој нема да е во загуба.
     
    На cresa-jagoda, angelche16, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Не оправдувам. Услуга мора да се плати. Што е следно... влези во такси и кога ќе застане, отварај врата и магла. Што викаш за оваа иницијатива?
    Од дома ли ги учат децава да лажат, да крадат и "да се снаоѓаат" како што погоре пишува.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    А зошто не ги намалија билетите кога паднаа цените? Зошто уште се 35 денари? Кога нешто ќе се покачи веднаш ги качуваат цените, а за симнување изгледа малку потешко. Немаше да се измислуваат вакви работи да немаше мака народот и да немаше толку револт.
     
    На esperanca, anuskaNESTLE, Hipica и 11 други им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    А кој е тој безобразлук претходната недела бев 2 пати Ск за мои потреби се возам во афтобус 15јска внатре нема место да се фрли игла,застанати залепени до вратата нема воздух,и тетками ке ја собереше вратата кога се отвори за да излезат патници,за што платив јас 35 денари? за да немам каде да седнам да неможам да дишам внатре и вратата да ме собери така?ете за вакви случаеви опрадувам...
    И друга работа шоферите земат плата од секој патник од нивната купена карта така?па зошто тие карти се по иста цена кога нафтата падна на толку ниска цена и можно е да се намали цената на картите ама полесно е да се бричи народот така?,бенефици да има за пензионерите исклучиво,за студентите ништо за невработените за стечајците за социјално загрозените НИШТО,и тоа што нема седишта да седниме и за тоа кој го боли уво па затоа идат моменти кога треба да се снајме ДА...
     
  6. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Погледни како изгледа Токиско метро во rush hour, или како е во New Jork на одредени станици, за Атина и да не зборам... Сум користел јавен превоз во доста што светски што европски метрополи па и да ти кажам моментално јавниот превоз во Скопје и не е така лош. Уште кога ќе го пуштат пратењето на автобусите со 3Г ќе биде стварно добро.
    Не дека нема проблеми, има, а за да се решаваат, карта мора да се плати. Да те видам да не платиш карта у Јапан....

    Него муабетот ти беше дали да се плаќа карта у автобус (во Скопје) или не?

    Иначе кога има многу гужва, не се качувам во автобус, си го чекам следниот... или приватен... или вотевер ...
     
    На Auditor, bittersweet и crimson им се допаѓа ова.
  7. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    задоволна сум од јавниот превоз а ова за картиве ...
    видете немаштијата си го прави своето..секој гледа како да преживее а не да живее.зборот живее е тешка амбиција во македонија. зар ако сме богати би го правеле ова? не бе дечки
    знам како и шоферите се платеи и за жал секогаш јагнето е жртва
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Некој мора да плати карта за тој другиот да ја земи така,некогаш ќе платиш некогаш и да земиш зошто да не, како што кажа @RainBow луѓето виделе мака зато покренале некоја иницијатива,значи сепак ќе се купуват карти но со додавање на друг нема да се купуват толку многу,кога тие мават по џебот на граѓаните не ги намалват картите,а можат кога немат бенефици најзагрозените граѓани,зошто пак ние да не се снајдиме некогаш ако можиме,тоа ми беше муабетот...А за услугите нивни од кои сум страшно изреволтирана за случката погоре кажав да не коментирам,еве вие што сте од Ск знајте повеќе афтобуси имате познати ќе ве префли некој знајте пешки да си стигните некаде било како,а ние од страна што идиме по работа или студенти кои едвај врзват крај со крај,па со тие пари ќе си купи за јадење на факултет не е мала работа,зошто некогаш и ние да не маниме по нивниот џеб како тие што прават со граѓаните и плус со нивните катастрофални услуги ова треба да му е повик за будење..
    Сум користела јавен превоз во Шведска во Бугарија во Србија и ваков безобразлук како во Ск не сум доживеала да има гужва ама има и култура и не до тој степен да седат луѓето како сардини да нема воздух и вратата да те собери а притоа си платил карта мислам страмота е тоа....
     
  9. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Ja podrzuvam inicijativata! Zosto da ne! Cenata na kartata e I taka visoka,ja kacija pod izgovor na cenata na benzinot..e sega koga padna cenata na benzinot I kartata moze da poevtini..ako ne, togas lugeto ke si se snaogaat na ovoj nacin
     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Се сложувам со @RainBow во однос на цените за билет. Воедно истото мислење го имам и за катните гражи. Ги направија што ги направија за да стојат за украс. Значи спушти цена, кога гледаш дека е празно. Што е тоа цени до плафон, па многу нормално дека ќе барам друг начин.
    Е сега да се навратам на темава, за да потенцирам колку сум глупава. Јас до пред два месеца незнаев дека ова постои. Се додека една девојка не ми го тупна билетот на излегување (мое влегување). И јас искрено не сфатив што треба да правам со билетот. Ај што ја изгледав девојката со чудење туку фино си отидов и си купив билет. Цел пат си седев со два билета во раце. И да бидам уште поглупава цел пат не сфаќав. Накрај кога излегов и дадов три чекори ми текна што направив. И не ми беше криво што купив билет, ми беше криво што не ги дадов на некој друг да ги користи, затоа што имав дури две карти.
    Искрено јас ова го подржувам.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас не ја подржувам, ЈСП колку што сум информирана се соочува со загуби во работењето и не верувам дека ќе ја намалат цената, сепак добивме нови автобуси. Како што гледам ни таксистите не се во план да симнуваат цена во скоро време.
    Што знам мене ми е непријатно да крадам и ќе ме гризе совест цел пат:D

    Јас си купувам билет за 10 возења така да ми излегува карта 25 денари ем никогаш не се бркам за ситно. А за гужвата тоа ќе речам е до нашиот менталитет. Има нареден автобус за 5-10 минути ама на никој не му се чека па ајде народе навали иако врата не може да се затвори. А пак со пензионериве е пак друга прича.(facepalm)
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.211
    Пол:
    Женски
    Поддржувам!
    Ако ЈСП работи со загуби, што мајка бара да го финансира панорамското тркало? И тоа се работи за сума изразена во милиони евра? За тоа има пари, а за друго не?!!!
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Не купивме нови автобуси туку автобусите се ДОНАЦИЈА колку што знам тоа има разлика и како што кажаја погоре ако толку немат пари нека не финансират некои глупости,мн ми е смешно јсп пари да нема,за лоповите во претпријатието никоја не коментира ама и тое е др.работа па и ова нека си биди на граѓаните работа...
    И не е само Ск треба да се мисли и за другите градови размислил некој во какви автобуси се возат? од пред повеќе од 100 години и све ДОНИРАНО и повеќе во зимата како што знам расипани беа отколку во функција,иако ретко се возам во автобус човек со страв да се вози... Човек плаќа карта а упорно нема каде да седни бог да чува...
     
    Последна измена: 2 февруари 2015
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.577
    Новите аВтобуси, миме87 се донација од ВЛАДАТА НА РМ, не се од комшии.

    Ова акција ја има во светот, ама таму картата се дава со цел да се помогне на некој кој ќе го видите дека е сиромав, дека нема...таму идејата е да се помогне, кај нас желбата е да се уништи, да се нема пари за шоферите, да ги избркаат од работа, да нема пари за одржување на автобусите, (прв пат нов автобус у Скопјево по 50 години). Сегаде е од желба за арно, кај нас е со злоба проткајано. Да нема друг. Да го избркаат шоферот, да нема работа.

    Ако не сакате да давате пари во ЈСП одете пешки, одете со точак, делете такси со друг. Ама да не плаќате нечија услуга е идентично ко да земете леб и да не го платите. Едното е стока, другото извршена услуга. Глупо е што идејата била да не влегувале пари во касата. Тие истите нека не си платат данок, па нека не ја полнат касата :) Што е следно, ќе земете имотен лист и ќе избегате, ќе ги искинете бесплатните учебници, ќе земете дупла стипендија? Не сфаќам.

    И да, во Германија цел месец, еднаш не видов низ центарот да нема гужва по автобуси, возови, освен кога одев надвор од центарот во некои поблиски гратчиња. Секаде се стои, па дури и место зафаќа некој кој свири и собира пари за свирењето :)

    А панорамското тркало нема да се прави, 100 пати падна тендерот, не верувам дека пак ке го има.
     
    На the.vampire.girl, Candid, tinan и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Мене не ми се дoпaѓa.
    Нa кoгo тoa се вoди инaт? Автoбусoт не е нa татко ми пa јaс дa се oднесувaм кaкo сo нештo свoе.
    Oвa сaмo пo себе ми вoди нa некoј си aнaрхиски нaчин нa oднесувaње штo не прилегa бaш нa еднo oпштествo кaквo штo требa дa изградиме.
    Убaвo пишa тинaн.
    Никoј не е дoлжен дa ми oбезбедувa мене гaгa превoз.
    Прoблемите кoи нaвoднo требa дa се решaт сo oвaa пoстaпкa не се решaвaaт aкo се ствoри нoв прoблем.
    Прoблем се решaвa сo решение a не сo нoв прoблем.
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Гестот сам по себе е мошне великодушен.
    Еве, јас лично ја имав таа привилегија да пред неколку дена добијам билет од еден млад средношколец кој буквално како дилер ми го трупна билетот во рака, онака брзо, несмасно и нервозно со коментар ,,Искористи го разумно''. Останав затечена, не знаејќи како да реагирам. Но, анализирајки го неговиот гест дојдов до заклучок дека младичот е гневен од државата. Така некако, бунтовно ми делуваше. Секако дека неговиот стил не мора да е показател за неговата финансиска состојба, и може да е само моја површна проценка, но во тој момент немав многу време да размислувам, си влегов со билетот и илјада прашалници.

    Но, дека државата во главно за се` знае да изнајде контра решение си стои. Само кога треба да излезе во пресрет онаму каде е неопходна ги крева рацете. Катастрофа.

    Ние студентите сме табула раса, десет стапа по нас се малце. Буквално како стадо овци не третираат, свака им част.
     
    Последна измена: 2 февруари 2015
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Види , биди... Хаслерски муабети, браво!!!! :))))))
    Никогаш не сум размислил на оваа тема и инцијатива, па ово је бре профи.
    Од денес па натаму така ќе праам!!! Закон. :)
    Сосема го подржувам ова, треба и вие истото да го направите.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Го видов овие денови на фб, од една страна ми се допаѓа идејата е одлична што во некои земји одамна се практикува. Меѓутоа кај нас тоа е нешто речиси неизводливо, зошто Македончето е себично. Секој препаметен ќе си размисли зошто да дава вече платена карта од свој џеб на друг. Освен младите, од постарите и нема шанса тоа да се случи.
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @Cka за Ск кажав дека не сум сигурна за автобусите дали се донација или не од друга држава ама за во Битола сигурна сум,само кај нас неможи оваја финта да се направи со картите бидејќи влегваш плаќаш и ти дават само фискална,нема врска...Па јас потенцирав дека оваја акција да речам ја подржувам најповеќе заради студентите и загрозените граѓани а дали е тоа помош ДА на некој начин е и тоа голема... Друга работа кажав и дека го подржвам заради ценита на картите нема смисла да се цените толку високи за јавен превоз кога цената на нафтата падна,а всушност и цената на картите се крена поради тоа а сега не ги намалват и тоа е безобразлук и тоа голем ако е и ова на граѓаните...И друга работа да знат сите дека можат да се возат со такси со своја кола или со сати да трапат пешки во помалите градови најдобрата опција си е пешки,но во поголемите не е тоа случај,а за друг превоз освен јавен треба човек да има и пари... Ова во многу држави функционира најнормално посебно меѓу младите...
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И да ги намалат цените пак ќе се оди на принципот гага ако ова стане распостранета пракса, еве сеа зирнав дека ќе ги намалеле цените доколу падне нафтата уште.
    Не знам како е воспитана новата генерација, мене секогаш ме учеа од дома дека дека се што земам морам поштено да го платам. Некој вози цел ден за таа плата ќе се чуствувам како да му крадам од лебот. Оти први на удар се шоферите а не шефовите. Може е интересно и кул за средношколците ама за возрасни луѓе со плати е срамота.
     
    На the.vampire.girl, Madam-A и Daydream им се допаѓа ова.