Мене лично многу ме нервира кога ќе видам некој пар како се лигави или некој како се расправа во јавност. И се нервирам ако седиме на кафе негде и дечко ми ме бакнува цело време или ме гушнува. Исто така мразам правење сцени. Што мислите до каде треба да оди искажувањето на емоциите во јавност?
Vo red e seto toa no do odredeni granici,na primer koga si izlezen negde so deckoto ili koga se setas i sl. ubavo e da se gusnes,da se baknes no ne preterano kako sto gledam nekoi ke sednat vo kafic i celo vreme se bacuvaat se gnjavat tamu,se sto e preterano ne ide ili pak najveke mrazam pokazuvanje emocii vo avtobus koga ke se kacat pa non stop se guskaat se lapaat ne vkusno bas toa. A za karanici ili raspravii i toa ne e ubavo vo javnost da se pravi site da te slusaat no mene mi se slucuvalo so bivsiot,posto mnogu sum impulsivna,mnogu brzo zbesnuvam i se nerviram i nemozam da go kontroliram toa i mi se slucilo taka negde koa sme bile izlezeni niz grad za nesto da me izvadi od takt i da se raspravame kojznae kolku me slusale togas no takva sum nekogas toa e posilno od mene
Искажувањето на емоции е за дома, а не за во јавност. Во ред е доколку дечко и девојка седат гушнати во кафич, но не е во ред доколку почнат да се лигават. Не е културно да го прават тоа пред останатите во кафичот. Истото го мислам и за караниците. Кога седиме со дечко ми во кафич не се бакнуваме, туку седиме гушнати. А кога се шетаме се држиме за раце.
Нааајвеке што мразам е лигавење на јавни места, бљак... Едвај го одвикнав дечко ми да се стабилизира во такви моменти Многу ми е глупо кога ке видам некој да се лигават у град, на кафе и сл Иам една другарка, многу добра, ама луге верувајте не можам на гости да ја викнам, кога и да ја викнам доага со дечко и и како да не постојам јас, ке му седне у скут и како дома да се.. се дешавало и дечко ми да седи со нас па у никој случај не го праиме тоа они што го праат.. А што се однесува до караниците, знам дека не е убаво и глупо ми изгледа да видам некој како се расправа јавно, ама морам да признаам дека ми се има дешавано повеке пати, како што кажа мелани многу сум импулсивна и не можам да се стабилизирам ако претерано се нервирам, ама ок не се дешава тоа често
Па, заедно сме 3 години така што не сме до толку не изживеани во тој поглед Имам една другарка со која излегуваме во парови, они така знаат да се лигават кога ќе отидеме на кафе, јас и дечко ми си седиме, си правиме муабет, и на крај другарка ми ме прашува: Се е океј со вас? Некако дистанцирани ми излгедате. Дистанцирани бе, божеее... споделувањето на емоциите безразлика дали се позитивни или негативни ги оставам за на само, или кај него дома
lele stvarno glupost e toa ... neznam ... loso e za oci stvarno ne svakam kako mozat taka da se ligavat pred site hh a za karanici .... hmmmm ... mislam deka na site ni se desava ponekad
Јавното искажување на емоции треба да биде умерено,не многу нагласено и мене ме нервира,значи ми пречи тоа кога ке видам такво нешто како на јавно место се пренагласува,демек колку го сакам дечко ми или обратно,мислам дека за тие работи си има простор и време за да се искажат,а мислам дека и таквото однесување во јавност е само чаталење ништо друго.Јас кога сакам некого,го сакам и не си дозволувам на себе си,а и на партнерот, да се искажувам или да ги промовирам своите чуства со цел да видат другите колку сме заљубени,мислам дека тоа е малку глупаво,недолично однесување,небаре другите незнаат што е тоа и како е да сакаш.За се си има граници.
Мене многу ми е интересно кога ќе видам дечко и девојка во лудите млади години, па се држат за рака, он ја бацува а она се страми, па она му ја става раката во задниот џеб на фармерката а он враќа со иста мера, па си се смешкаат, мислат дека никој не ги гледа и си разменуваат сочни бакнежи.... Кога ги гледам така ми текнува јас што (не)мислев на тие години и си викам веројатно девојката мисли дека го нашла "вистинскиот" а машкото дека цел живот ќе ја чува и штити...а од страна некоја бабичка ги гледа и си вика "до каде дошла младинава".... ех ех ех. Може јас сум многу романтича ама тоа им се годините
hehehe da... se soglasuvam sekako ponekogas e slatko toa razmenuvanje na neznosti .... ama do odredena mera. DA ne se preteruva
Искрено , не .. Несакам јавно да се лигавам со дечкото , а за другите .. Мене не ми пречи .. Само да имаат некоја дистанца , крај. (сеа секако дека неможе во друштво само они да се лигават 1 саат )
Јас прифаќам се во нормалата, бидејќи и да е камен ладен кон мене не е убаво.. добро е понекогаш да те гушне, бакне на уста, образ - ама не излигави како на невидено! Имам гледано такви парови.. одвратно ми е Сред кафич се грабнале да не мојт човек на раат да си го испие кафето!
Не сум за јавното искажување емоции. Ај што несакам да гледам лигавење, пипкање и сл.туку и несакам да го правам тоа. Култура на прво место :geek:
PDA - Public Displays of Affection... NOT!!! Прегратка за чао, денсање во дискотека (со мноооогу емоции) и понекогаш наместо поздравувањето со бакнеж, дискретно си го фаќам за задникот. Тоа е. Со усул
убаво е во животот кога човек ке научи да ги контролира своите емоции.све да биде во граница на нормалата.све сто е повеке или помалку не е нормално.но во ова време све е претерано така да додатно и исказувањето на емоциите.тешко човек да успее да се исконтролира што збори,што прави,дали плаце или се смее каде што не е ни време ни место за тоа.но чувствата се посилни и знаат да не надвладеат во дадени моменти.во врска со седењето во кафуле,автобус и лигавењето од страна на поединци, не оправдувам ниту го практицирам далеку од тоа, но мислам дека тоа се должи на невоспитање и одбран начин на живот.либерални во секаков поглед без да помислат на другиот во каква незгодна ситуација го ставиле,посто има и такви како сто рековте и вие во друштво седнати а на повидок усте бебе да искоци од толку дрпаници лиженја и сто ја знам.смесно и залосно во исто време.истото вази и за препукувањата..
Кога сме во друштво со дечко ми никогаш не се лигавиме.Порано во почетокот бевме такви ама сфативме дека е лигаво и глупаво да се глупираме пред луѓе.Максимално сме друштвени и културни,а вакво однесување не подржувам
е па јас сум лигуш невиден само кога би сакал ќе го гушкам мазам и гњавам и ич не ми е грижа кој гледа