Јавно искажување на политички став

Дискусија во 'Политика и настани' започната од dankee, 16 јуни 2020.

  1. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    765
    Не наидов на ваква тема.
    Дали вашиот став за одредена политичка ситуација го искажувате јавно, дали стравувате дека од тоа може да ви зависи работната позиција на вас и вашите најблиски. Колку демократијата е демократија, колку нашите зборови можат да бидат штетни ако стигнат до погрешно уво ?
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    22.044
    Генерално го искажував ставот во Македонија кога живеев, но како неопределена не спаѓав во ниедна клика. Ниту па некој се " потресол" од моето мислење.
    За заштита , никој не работел државно, па ниту јас се потресував дали ќе ми замерат.
    Фала богу и свим свецима, се преселив од таму, па не ни се замарам искрено со политика на тој клиентелистички начин како во маусдонија што е вообичаено. Сега се ми е смешно, тогаш ми се плачеше. Сите што ги знам а тргаат јако политички кон некојаа опција , имаат опиплива ЛИЧНА корист, не дека ги боли патка за другите или за демократијата.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.867
    Допаѓања:
    173.313
    Кажувам јавно што мислам.
    Исто и маж ми.
    Еднаш работа има изгубено заради изразување ставови, ама не не' спречи тоа да бидеме гласни.
     
    На Mr.Lover, Nightwish11 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  4. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Машки
    Само неспособни луѓе може да бидат дел од политичка партија,но оние со цврст став се градат себеси,а на трчаат по партии.
     
    На swizzlec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Тоа за која партија гласам си го чувам за себе. Но, не ми е табу тема јавно да коментирам што е добро, а што лошо сработено според мене. За среќа, работата не ми зависи од ниедна политичка партија.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.867
    Допаѓања:
    173.313
    Имање политички став, нема врска со партија.
    Сите имаме политички ставови.

    Сакаш да ти кажам пример?

    Шо мислиш за абортус? Дали треба да е законски, или не?
    Што мислиш за пропишаната брзина на автопатите во Македонија? Дали е 120 тамам, или треба да се смени?

    итн...итн..

    Сечија работа во Македонија зависи од партија на власт.
    Маж ми од приватна фирма го отплуштија, не од државна.
     
    На ohlalalala, Nightwish11, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Да, во Македонија многу работни места зависат од политичка партија, и во приватни и во државни фирми. Но, дека баш СИТЕ работни места зависат од политичка партија апсолутно не е точно.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.867
    Допаѓања:
    173.313
    Сите зависат од политичка партија, пошто ако нешто не му одговара на тој што е на власт, ќе ти прати инспекција, или ќе ти се заканува.... како што беше случајот што го спомнав.
    Не беше вработен преку партија.
     
    На ohlalalala, Nightwish11, Veta и 2 други им се допаѓа ова.
  9. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    765
    Темата ја почнав бидејќи многу од луѓето знаеме што ни пречи и сакаме да го искажеме , и еве дури и да не се грижиме за нашето работно место, ваквиот став може да резултира по нашите најблиски и повторно патент ставаме на уста. Бидејќи реално имаме сите мнпгу ставови и желби за промени, а нашата држава е мала и многу лесно можат да ти наштетат. Водено како можеме против ова да успееме, кога доста млади и необрзовани тргнуваат по тие стапки(инволвирани во партии), брз профит и ги повторуваат работите со кои се соочуваме денес.
     
    На Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Машки
    Се е ок додека кажеш дека си либерал или левичар до некаде. Оди кажи јавно дека си десница, крв ти испија, дека нели демократија па секој имал право на избор, АМА во тој избор фактички нема избор, тој избор вклучува само либерализам. Му доаѓа нешто како волк во јагнешка кожа. Пример во денешницата е тоа што на коунизмот не му се суди за нанаесената штета и онаа која сеуште се нанесува врз луѓето, додека на националсоцијализмот и фашизмот им се суди најстрого.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.867
    Допаѓања:
    173.313
    Децата учат од возрасните, по тоа што гледаат.
    Ако дома се зборува за партии, ќе се интересираат за партии, ако се зборува за граѓански активизам, ќе ги интересира граѓански активизам.

    Не мора воопшто да си во партија за да смениш нешто. Само што народот не го знае тоа, не си ја знае моќта.
    Самоорганизирање тешко им оди.

    Да бе, не се збора. Се збора и за штетата од комунизмот, и штетата на националсоцијализмот, и штетата од капитализмот.

    До сега немало систем без штета.
    Евентуално нордиските земји, можам да ги земам како пример за 'понапреден систем'.
    Тука некаде се и Австралија и Канада.
    Другите се сите, ветер во магла.
     
    На Ahoy и dankee им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    22.044
    Па десничари беа на власт колку...12 години? Или десница беа само на папиру, а во суштина олигарси, неолиберали и троа повеќе демагози, демек конзервативни а ги пи.каа јавните добра и средства?
     
    На Nightwish11, Bezimenka90, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Најискрено веќе не ми е гајле кој е левичар или десничар. Се караме за банални работи и ниту една страна не е во право. Политиката е ракот што ни го двој општеството непотребно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.867
    Допаѓања:
    173.313
    Политичарите, не политиката.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    77.852
    АКо криеш значи се срамиш. Јас не се срамам од тоа што сум. Моите избори нема што д ги правдам, ниту пак да се срамам.
    Ги презирам сите кои се декларираат како неутрални а кријат дека имаат книшка. Не бе, имај ташаци и кажи си. Ко шарените, сите независни беа, победија и ај сеа сдс сме ние.
    Маж и изгуби работа заради Северна, никогаш не потклекна и си држеше на своето. Да беше мивка ќе преќутеше, ама не е.
    Брат ми по телевизии годаваа заради различна партија од шефот негов, ама ништо не му можеа. Мајка ми пати заради политиките ставови и 100 пати ја менуваа на разлини места на работа само за да си оди или да ја убие некој.
    Мене сите успеси ми ги препишуваа на политика, а јас најголемите ги имам откако сме опозиција :) нека јадат малце сеа трици и за тоа.
    Нема потклекнување. Мора да бидеш јасен за тоа што си, или подобро наведни главата и биди безгласна буква без свое јас.
     
  17. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Искрено алергична сум на политика, особено нашава. Споделувам мислење, не кријам независно со кого разговарам, ама ретко да можеш да имаш добар разговор на темава, најчесто те убедуваат во нивното верување и се лутат/пцујат кога не се согласуваш. Ко со дете да зборувам, свашта:fubar: т.е. my way or the high way, така личи.
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mr.Lover

    Mr.Lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Машки
    Ќе гласам за професорот по право Димитар Апасиев. Ја има мојата доверба.
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    20.674
    Пол:
    Женски
    Го искажувам јавно , без воопшто да се улизувам на некој . Тоа е мое мислење и имам право на истото , на кој му се допаѓа , ок , на кој не , негово право . Ниту сакам да расправам за различните мислења , ниту пак ме интересира до толку политика . Јас сум невработена ( за сега ) така што , не зависам од политички партии . Ниту едните ме вработија , ниту другите ( иако сум активен барател на работа ) , па немам потреба да се плашам да го искажам моето мислење .

    Ако успеам да си најдам работа по струка , веројатно ќе најдам благодарение на пријатели и добродушни луѓе , а од партија ако чекам , ќе дочекам кад врба роди грожџе .
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.600
    Пол:
    Женски
    Не се плашам да искажам став.
    Е сега работата е што јас во главно немам позитивни мислења кон нашите партии, па кога ќе се изјаснам, ми рипаат за очи овие кои се партиски наклонети, па ме мрзи да се расправам со нив.
     
    На ohlalalala и SURF им се допаѓа ова.