Значи навика која ја имам, а најмногу ме нервира, е тоа што додека готвам постојано ставам нешто во уста и после кога сите гладни ќе седнат на маса, јас не можам ништо да јадам бидејќи сум веќе заситена и најчесто 'бутам' на сила Ви се случува ли и вас истото или јас сум фрик ?
НЕ !!!!!!! И навика која сериозно може да ме натера да истепам некого Мојата бифша свекрва го правеше ова постојано и ме нервираше многу.Многу пати ќе ми дојдеше и јадењето да го исфрлам.Не сакам кога некој ми се плетка додека готвам, а уште повеќе да бута прсти во јадењето.Незнам дали ќе ме прогласите за психопат ама кога ќе ми ги јадеше работите кои ги сечев за во јадењето ми идеше да и ги напикам во грло дури не се угуши.Ете толку многу ме вадеше од кожа.Колку пати не јадела од јадењето кое го спремив затоа што била сита од глупостите кои ги јадела претходно во кујна.Кој и е крив, згора на тоа се жалеше како доцнело јадењето па неможела да се воздржи.Аман бе жено само што влегов дома и јас, сакаш да дувам во релната па да се стопли побрзо? И како да ја бидне работата јас спремам ти јадеш. Јас сечам таа лапа, ненаситна.Неможеше како човек да се стрпи да се зготви јадењето.И мезе кога спремав за гости каснуваше од ваму од таму, дури да го однесам на маса чинијата полу празна. Многу,многу,многу го мразам ова.И не го правам никогаш.Редовно ми се случува само малку да пробам ако се сомневам дека му недостига сол или нешто друго.
Ми се случува малку да пробам за да проверам дали е доволно солено, или пак дали е готово (доволно печено или варено). Но јас имам друг проблем. Самиот мирис додека се готви јадењето мене некако ме заситува и ми се одјадува (посебно ако е тоа некое месо). После кога ќе седнам на маса немам апетит, ама ич не ми се јаде.
Не, никако. Никогаш додека готвам не лапнувам освен ако не треба да го проверам вкусот, дали е пресолено, преблаго, прекисело итн. итн т.е дали нешто му фали на јадењето да се додаде или одземе (да се направи поголема количина). Сакам да седнеме на маса како луѓе и да ручаме. И јас ако нешто мразам е тоа додека готвам некој да ми се мотка низ кујна и да ми прилапнува....сум исецкала и ќе дојде ќе ми излапа, па пак да сецкам пр. кога пржам компири, кога правам салата било каква... Не дозволувам и бркам, дури и се карам....ова најчесто со мм. Стојам и си ги дрвам нозете, демек јас не сум гладна, а тој ќе налета и ќе ми излапа...ма немој...ако мајка ти те пуштала, јас не пуштам, јас не сум мајка ти Во почетокот и се расправавме, неколку пати ми се има случено да си излезам од кујна и да го оставам ем да се налапа ем да си го доправи јадењето ....сега веќе знае дека се лутам и ако ептен сака да се дограби до некое компирче ја праќа ќерка ми-кажи и на мама да ти даде некое компирче....демек финти ќе ми прават ама јас неа директно во устето, а тој ќе си чека....лоша сум знам Како и да многу лоша навика.
Не,никогаш.Најмногу што мразам е да јадам додека готвам или да пробуваат додека готвам. Единствено што јас некогаш пробувам е поради вкусот да видам дали е доволно солено,зачинето.
Не пробувам никогаш.го викам мм дојди да пробаш како е ,ма зависи што е пр мн.се кога пржам компири,мм доага по неколку пати ми дограбува е тогаш мн.ме нервира и само .
Многу ретко. Маж ми кога и да ме начека да јадам додека готвам, ми вика - полека ма. Ќе го изедеш јадењето пред да го направиш.
ejj секако и да не сум гладна и да сум гладна по неколку пати си пробувамм и си сее воодушевувам од вкусовите одново и одново mmmmm
Навика ми е особено кога правам торта, некој колач или без разлика некои ситни колачиња обавезно пробувам од смесата за печење, од филот и потоа откако ќе бидат готови и спремни за јадење повеќе не ми е вкусно воопшто.