Јадеш за да живееш или живееш за да јадеш?

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Gea, 25 јануари 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    11.254
    Пол:
    Женски
    Не сум имала којзнае каков проблем со вишокот килограми, а сепак сум голем гурман.Се фаќам самата себе си, дека јадам, во икс ситуации,кога не сум гладна, туку од стрв.Понекогаш станувам толку опседната со тоа што ќе изедам,а не дај Боже, да ми се пријаде нешто доцна навечер, веднаш скокам,подготвувам и едвај чекам да биде готово.И така ќе терам некој период јадење во изобилство,се што ќе ми текне, и штом забележам дека сум качила некое килце,почнувам диета за да се вратам во нормала.Понекогаш не знам дали јадам за да живеам или живеам за да јадам.Каков е вашиот став спрема храната?
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    4.986
    јас мислам дека повеќето живеат за да јадат. Многу ретко некој вика дајте ми да јадам било што само да се заситам сите се пребирливи што значи храната ја гледаат во функција да им задоволи некои други потреби а не гладта која е основна потреба.
    Јас најмногу сум си лута на себеси затоа што јадам на емоционална база, ужасна навика која еве пробувам да ја откачам.
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    Кај мене се 3 етапи
    - Јадам за да живеам(најчесто)
    -Јадам колку да преживеам(кога сум на диета)
    -Живеам за да јадам-(понекогаш кога има фул колачи и слаткиши по дома)
    :)
     
    На mackica1, lolitoo, Angel-Wings и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.619
    И јас сум голем гурман. Многу јадам, нон стоп сум гладна. Кога јадам сум среќна :) И многу сум стрвна од се сакам да пробам. Среќа што немам проблем со тежината, па не мора да се ставам на диета. Во секое време сум расположена за храна. Јас живеам за да јадам 8)
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Живеам за да јадам... Во училиште одам само заради големиот одмор :D Многу сум стрвна, сакам се да пробам... Не јадам во големи количини, само да пробам малку... А по благо умирам :D
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    И јас како лавли и магнолија стрвна сум се што ќе видам се сакам да пробам и само сакам да јадам, јадам, јадам....
    Има периоди, кога заборавам да јадам и кога ќе ми текне јадам за да живеам :lol: , сепак поретки се овие периоди.
    Главно живеам за да јадам :lol: и знам да јадам во големи количини и се што ќе гледам во мометот и благо и солено, мора да се изеде :lol: . А слабичка сум и никогаш не сум имала проблеми со килцата, дури ми се чудат сите како толку јадам, а пак сум слаба.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Јадам за да живеам иако сум страшен гурман и многу уживам во храната сепак од тоа задоволство ретко си го допуштам ;( мн внимавам на исхраната
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.574
    Дефинитивно живеам за да јадам, а се би дала да можам да го променам тоа :D

    Качувам килажа кога сум под стрес, зошто тогаш неконтролирано јадам чоколади, па и се што ќе ми дојде при рака. Кога имам непроспани ноќи, а ги имам што е право, потсвесно јадам многу, зошто во главава ми е врзано дека храната ќе ми помогне да го поминам денот полесно.

    Знам, знам, за лечење сум :D Никако да се победам сама себе!

    Кога ми се сите овци на број, уживам во храната ненормално многу, ама не качувам ни грам. А си јадам, што е право - право е!
    Ехеее, друг со волку јадење 100-ка ќе фати како ништо :D
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Живеам за да јадам. Уживам во храната, сакам да ми е квалитетна, сакам да ми е вкусна убава, гурман голем сум. Ама затоа имам една добра карактеристика, знам кај е границата за да престанам да јадам. Преретко се прејадувам. Малку јадам количински ама квалитетно :lol:

    Имам пријателка која храната и е овошје и некои макробиотски работи, никако леб, интегрални работи, зеленчук и тоа е тоа.
    И баш еднаш зборевме што би направиле ако е утре крај на светот? Таа рече ќе одам ќе јадам пици, лазањи, скари, ќе одам во слаткара...
    Јас се запрепастив. Значи таа не знае да ужива во храната иако го тврди спротивното.

    Ма ако треба ќе имам вишок килограм ама задоволството што ми го дава храната не го менувам.
    Може некој период да намалам со калории, ама не и да се откажам од нив.
    Не не, тие се богатство за моето стомаче :)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.061
    Допаѓања:
    48.375
    Пол:
    Женски
    Јас ја љубам храната. После дечко ми ми е втора љубов :rofl: Обожувам вкусна храна, мирисот ти ја полни устата со вода, па кога ќе ја осетиш на јазикот, па ти ги скокотка непцата, се спушта полека надоле... И да, стварно мислев кога реков дека ја љубам :D
    Бик сум во хороскоп, што да правам, слабост ми е храната. Ама слабост ми е качувањето на килцата, па морам многу да внимавам и затоа често сум во конфликт. Сакам да јадам, па ме гризе совеста. Или нема да јадам, па пак ме гризе совеста. Некои периоди се убивам од јадење, се јадам што ми дојде при рака. И потоа не јадам ништо... И му правам шок на организмот. Ова морам да си го сменам, ама не е така лесно нажалост.
     
    На Gea и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    Секако живеам за да јадам. Најмногу е junk food ама што да се прави, да се јаде мора ! :D
     
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.923
    Јадам за да живеам за да можам да јадам. Магичен круг.
    Како со сакањето муабетот. Сакам да ме сакаат за да сакам...
    Quid pro quo.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Епа да се издвојам јас и да кажам дека јадам за да живеам хахах. Кога некој ме гледа ми вели ,,а бе страв ми е да те гледам, нема да се скршиш?‘‘ Си јадам умерено а и мајка ми ме фали дека повеќе јадам и од сестра ми, која е подебелка од мене, сепак до организмот си е тоа. Не сум некој голем фанатик на храна само да грицкам нешто. Се знае доручек, ручек и вечера. Меѓувремено стрволинки благо и сл. но ретко тоа ;)
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно јадам за да преживеам.
    Инаку доста сум прибирлива, сакам вкусна храна, убаво наместена, убаво да е наредена...
    Од многу малку знам да се прејадам, мало желудниче ваљда, кој го знае :lol:

    Имам периоди (обично пмс) кога јадам навистина (штом моите дома се радуваат тогаш, зачи тоа е нормално јадење :D ), знам да качам 2кг, ама одма ми тежат (што викам јас) и одма ги симнувам.
    Бројам калории, не во смисла да имам режим, туку онака пазам кога што сум изедила, колку, па грижа на совест имам (иако во пмс и не гледам баш што сум лапнала, згмечила и голтнала :D )....
    И искрено, мило ми е што не сум зависна толку од храна.
     
    На Caramelle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Зависи од периодот.Си имам периоди кога не ми се става залаче во уста, а богами си имам и денови кога вол да кладеш пред мене ќе му го најдам крајот.Стрвло сум,тоа да, ама често знае и повеќе кеф да ми прави да го зготвам и декорирам одошто изедам. :*
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    1.548
    јадам за да живеам.. не сум кузнае колкав јубител на храната, јадам само кога сум гладна и тоа само одредени јадења.. не сакам многу да експериментирам, не сум воопшто стрвна, кога не сум гладна може пред мене и моето омилено јадење да го јадат, мене нема да ми се отвори желба да каснам од тоа..
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Женски
    Јадам и живеам.....и убаво ми е :)
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Има периоди кога зивеам за да јадам и тоа најчесто кога сум во ПМС,или имам др.големи стресови, но има периоди кога јадам за да презивеам-така да одрзувам некако константна линија околу 15год.
    А сакам претерано некои од најнездравите типови храна само со калориска вредност полни :D ,па и да е добро сервирана,а мирисот ми е главен показател,ако нешто не ми мириса привлечно,не јадам па што сака нека е.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Јадам и живеам.
    Дали јадам за да живеам? - Секако дека да. Кој не!?
    А дали живеам за да јадам? - Гурман сум и храната ми е слабост, но кога не собира веќе и да сакам не можам да живеам за да јадам :D
     
  20. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Кога сум под стрес ја употребувам втората варијанта ....а во последната година сум повеќе и затоа се познава и на мене хахахахахаха