Јадења за сервирање за гости

Дискусија во 'Рецепти' започната од flowergarden, 6 јануари 2014.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    397
    Не мислам на оние класични даски со сувомеснато и млечни производи туку некои брзи јадења кои се несекојдневни и лесни. На пример еве

    Полнети јајца

    се варат јајцата и се сечат на половина. се вади жолчката и во вдлабнатината се става смеса направена од веќе извадената жолчка, мајонез, сирење и краставички. Може одозгоре по желба да изрендате сирење за поубав изглед

    или пак

    Рендана салата

    значи рендандате се што во моментот имате дома, варен компир, сирење, салама, јајца и сл. моше да ги измешате сите со павлака или мајонез или да ги редите слој по слој.

    Може делумно темава се поклопува со други теми, но убаво е да стои како засебна за полесно снаоѓање на тематикава.
    Би сакала да пишете ваши искуства околу тоа што правите и сервирате кога ќе ви дојдат гости
     
    На Nausicaa, <3 pleza4e <3 и joy1 им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Овие мафини се преубави, ги најдов на нает, и се сервираат на тостирано лепче преубаво изгледа. Ги правев и чиста 5ка се
    [​IMG]
    • 150 гр пушена сланина
    • 6 јајца
    • 100 гр сирење
    • 125 гр кисела павлака 24 %
    • 1 младо кромитче
    • путер за премачкување на калапот за мафини
    • тостирани кришки леб


    Пита мафини со јајца и сланина
    Едноставен, особено вкусен и брз доручек ќе ви презентирам сега.

    Калапот за мафини го премачкуваме со путер. Ја редиме сланината која треба да ни биде исечкана на тенки листови. Во сад, со вилушка, ја мешаме павлаката со сирењето и јајцата. Истураме од смесата во секое калапче. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.
    Лебот исечен на кришки го тостираме. Се сервира топло.

    Забелешка
    Јас немав доволно сланина, па не ставав на секое калапче на дното од мафините. Пожелно е со сланина да се обложи целиот калап.
    Само на дел од филот ставив сечкано младо кромитче. Може да ставите и сечкан магдонос доколку сакате.
     
    На <3 pleza4e <3, Nausicaa и joy1 им се допаѓа ова.
  3. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Драги феминки кажете ми некое брзо јадење за гости утре ќе ми дојдат а немам многу време нешто да спремам цел ден сум со обврски :)
     
  4. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.433
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓа темава :) зошто ја игнорирате?? :)

    Па вака освен погоре спомнатите полнети јајца (кои што некогаш белките ги ставам во прехрамбена боја па шарено и примамливо делуваат, филот за полнење секогаш ми е различен во зависност од тоа што најдам дома. )
    Салата правам најчесто рендана, или со туна, печурки, кисели краставички, макарони и мајонез.
    За пријателите кои внимаваат на линијата, да не речам билдери- најчесто свежи салати како што е цезар, мимоза, или со туна додаток.
    Покрај даска со сувомеснато знам да подготвам и пилешки прсти со сос од сенф и мед, или кари сос.
    Понекогаш кебапчиња со лут сос макало со доматно пире и праз.
    Похована зденка, похован кашкавал и сирење, тиквички.
    Пилешки стек сечен во форма како кебапчињата и мотан во сланина го прицврстувам со чачкалици и ставам да се пече, многу брзо лесно а интересно изгледа и многу парчиња излегува од малку месо :)
    Секогаш гледам да е различно во зависност од слободното време и мотивација... :)
    Некогаш убаво е да постои некоја ваква тема каде што ке најде човек идеа кога не му паѓа ништо на ум :)
     
    На stankica, flowergarden, ILoveBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    За гости обично кога доаѓаат во работни денови немам многу време за подготовки. Најчесто послужувам лиснати што се печат за брзо време, салата со макарони, павлака, салама и сирење, или пак правам канапеи со лепче и одозгора што има во фрижидер.