babylove овошни кашички

Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2017

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од duffi, 22 ноември 2016.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    10.213
    Допаѓања:
    126.030
    МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.
    [​IMG]

    Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 62 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за песна на Евровизија“ Киев, 2017 година.

    Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.
    МРТ смета дека соработката што следува со Јана Бурческа, заедно со авторскиот тим на композицијата којашто ќе биде одбрана, ќе резултира со модерен и пред се атрактивен евровизиски производ , со афирмативен национален карактер во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.

    За терминот на официјалното претставување на композицијата со којашто Македонија ќе се натпреварува на Евровизискиот Избор во Киев – Украина 2017, МРТ дополнително ќе ја информира македонската јавност.
    http://www.skopjeinfo.mk/jana-burcheska-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-evrovizija
     
    На boci79, Sicilija, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.062
    Пол:
    Женски
    Која е оваја нова ѕвезда ? И нели е Евровизија веќе одамна небитна ?
     
    На ku4ence и КикиМаус им се допаѓа ова.
  3. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    8.812
    На Antebellum, Роберт 7 и Victorian им се допаѓа ова.
  4. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.354
    Пол:
    Женски
    Jana cinam na makedonakiot idol se natprevaruvashe
     
    На ku4ence, Sicilija, Avokado и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    11.333
    Знае некој една песна од девојкава? Еве јас не знам, а сметам дека сум во тек со македонската музичка сцена. Се сеќавам на некои нејзини настапи на Македонски идол и знам дека направи некои преработки на песни, но нејзина песна немам чуено. И оваа ми е антипатична најмногу затоа што ја познавам и не ми оставила добар впечаток ни во живо |(
     
  6. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    7.167
    Пол:
    Женски
    Повторно ли евровизија?:x
    На детската евровизија,Мартија освој 12 место,од 17 учесници:shake:
    Не беше фер:hai:
     
    На Sicilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.597
    Пол:
    Женски
    Не ни гледам.
    Скапи ми се очите.
     
    На Bankarkata, ToksycznaReakcja, ku4ence и 14 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    30.989
    Пол:
    Женски
    Зашто бе нас никој не не прашува??:envy:
     
    На teffi.tkm, ku4ence, Роберт 7 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.886
    Допаѓања:
    141.328
    Пред некој ден ја слушнав веста, па отворив гугл..ама и тој не знаеше многу |(
    Барем нема да се мачам да гледам и оваа година..
    Ама сигурна сум дека имаме повеќе шанси со девојкава него ли со Калиопи..
     
    На Antebellum и rose60 им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    54.258
    Пол:
    Женски
    Девојкава изгледа модерно, младо и убаво. Баш како девојка што треба да не’ претставува. Како пее појма немам, не ја следам нашата музичка сцена. Во секој случај, сигурно ќе е подобра од Калиопи. :devil: Или Есма. :x
    Ако не и’ направат глупава песна во мк евровизиски стил, има потенцијал да остави впечаток, барем визуелен.
     
    На iloveyou29, ku4ence, kukla21 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.743
    Пол:
    Машки
    Одлично! Се радувам. Порано се дружевме, добра си е девојката скроз и навивам да победи на ЕВ. 8)
     
    На Sicilija и Petar80 им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    291.098
    Не го познавам девојчево.
    Младо, убаво, ваљда и убаво пее..

    Сакавме нов лик - еве нов лик.
    Нели лани трубевме ,,пак ли Каљопа,,...
     
    На staycalm, iloveyou29, Ane-Goki1 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    10.213
    Допаѓања:
    126.030
    Ми личи и мене на убава промена.
    Барем нема да ги гледаме истите фаци.
    Девојчето има мил лик.
    Друго не знам за неа.
     
    На Роберт 7, girl-miri, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    75.357
    Пол:
    Женски
    Зошто се троши пари за вакви глупости? И за детска и за возрсна евровизија е секогаш исто... Секој си му дава на комшијата поени и толку... А за да биде иронијата поголема, ние со сите комшии сме скарни. Па? Од кого очекувате поен?

    А поарно воопшто да не го поставам прашањето: Која е оваа Јана, по ѓаволите?
     
    На Mrs.Brain, ku4ence, Avokado и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.141
    Допаѓања:
    46.915
    Јана ја памтам од Македонски идол и еднаш мислам на реклама, за некоја крема беше:?:
     
    На ku4ence, Arthur, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    38.205
    Young Derm, со Тони Зен. :lol:
    Девојкава скоро и ја заборавив. Како и сите, така и она ништо не постигна со учеството на нашион Идол. Мислам дека извади една песна и толку.
    Убаво пее, да се надеваме дека ќе и смислат некој убав сценски настап. Нешто поинакво од она класичното како и секоја година само со вокална поддршка во позадина, или пак некој бенд.
     
    На Victorian, Someonespecial, Kukla994 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    7.167
    Пол:
    Женски
    Само убаво песниче да и стокмат:!:
     
    На referentka, Arthur и sanjaeva им се допаѓа ова.
  18. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.014
    Пол:
    Женски
    Секако ќе ја пратат со некоја потпросечна песна, па кој и да оди исто ни се фаќа.

    Како пред некој ден Мартија на детската евровизија. Девојчето имаше одличен сценски настап, добро не претстави, ја следев на Инстаграм на wiwibloggs, добро го владее англискиот - интервјуата и беа интересни, ама се е џабе ако не ја бива песната.
     
    На ku4ence, srcence1607, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.322
    Допаѓања:
    122.830
    Колку е симпатична !!
    Не ја знам, и сега ќе ја побарам, сакам да пеј толку добро колку што е симпатична.
    :lol:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    694
    Епа оти сте толку негативни те затоа за ништо не не бива. Мислам дека и ние сме дел од Европа, имаме право на учествување, ја одбрале па шо треба да бидеме горди шо имаме кој да пратеме уопште. Глупости љуѓе нека и е со среќа на Јана, нека проба и такво искуство.
     
    На LittlePinky, Victorian, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.