1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јапонска диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lux, 31 мај 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Самото име кажува дека диетава потекнува од Јапонија.
    Се држи 2 недели и помага да се ослабатдури 8 килограми.
    Исто ако сакате да продолжите со слабеење или да ја одржувате тежината диетава ќе ви помогне.
    Оваа диета е комбинација двонеделна диета чијашто цел е промена на навиките на организмот и забрзување на метаболзимот, т.е е прехрана која е слична на онаа со која се хранат Јапонците.
    Почетната диета трае 14 дена и нејзините автори ветуваат дека во тој период метаболизмот треба да работи побрзо и да воспостави подобар ритам во работењето.
    Во тие 2 недели забрането е конзумирање: шеќер, алкохол, купечки сокови, брашно и производи од брашно односно само мали количини сол(храната мора да биде на граница со несолено или подобро воопшто непосолена)
    Се препорачува да се пие што повеќе вода(во 1 литар може да се додаде сок од цел лимон.)
    Се препорачува и лесна физичка активност (пешачење) 30минути секој ден.
    [​IMG]
    Прв ден(и 13 ден)
    Доручек: црно кафе и кришка црн леб.
    Ручек: 2 тврдо варени јајца, варен купус(не му знам превод) со малку билно масло, чаша сок од домати без сол.
    Вечера: печена или варена риба.

    Втор ден(и 11 ден)
    Доручек: црно кафе, кришка црн леб.
    Ручек: печена или варена риба, салата од зеленчук или зелка со малку билно масло.
    Вечера 200г варено говедско, чаша јогурт.

    Трет ден(и 8 ден)
    Доручек: црно кафе(двопек од црн леб)
    Ручек: голема печена тиква, 2 јаболка
    Вечера: 2 тврдо варедни јајца, 200г варено говедско, салата од свежa зелка со малку билно масло

    Четврти ден(и 9ден)
    Доручек: црно кафе
    Ручек: 1 варено јајце,3големи варени моркови ,15г тврдо сирење.
    Вечера: овошје

    Петти ден(и 10 ден)
    Доручек: Свежа мрква со сок од лимон
    Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домат без сол.
    Вечер: овошје

    Шести ден(и 14 ден)
    Доручек: црно кафе
    Ручек: пола варено пиле, варена зелка или морков со малку билно масло
    Вечера: 2 варени јајца, салата од зеленчук.

    Седми ден(и 12 ден)
    Доручек: чај без шеќер
    Ручек:200г варено говедско, овошје
    Вечера: изберете било која вечера од претходните денови, само не од 3тиот.

    Што викате за диетава? Би ја држеле, ако ја има некој држено нека сподели искуство.
    Јас ја немам држено(и не планирам да ја држам ради говедското место дека не го јадам) иако ми се гледа ефикасна. Не е погодна за љубителите на благо. Иако си останувам на тоа дека УХ е најефикасна диета.
     
    На nena22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    /напомени дека се јаде строго со стапчиња. :lol:
     
    На JoxyTheFreak, DigY, GaY.bOy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    купус=зелка
    рајчице=домати(патлиџани)
    мркве= моркови :)

    Инаку мислам дека не би можела да ја држам диетава :^)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Tелешко месо и јогурт? :D Kомбинација снова
    инаку има диета и Jапонско чудо
    1 ден

    Закуска: чисто кафе, без захар и мляко

    Обяд: 2 твърдо сварени яйца

    Вечеря: Парче месо с много леко овкусена салата

    2 ден

    Закуска: чисто кафе, парче сухар

    Обяд: 2 твърдо сварени яйца

    Вечеря: Парче шунка, салата, 1 чаена чаша кисело мляко

    3 ден

    Закуска: чисто кафе

    Обяд: Зеленчуци, плодове

    Вечеря: 2 твърдо сварени яйца

    4 ден

    Закуска: горчиво кафе

    Обяд: 2 твърдо сварени яйца, сок от моркови

    Вечеря: 2 твърдо сварени яйца, парче шунка, салата

    5 ден

    Закуска: чисто кафе

    Обяд: Печена риба с 1 домат

    Не се вечеря

    6 ден

    Закуска: горчиво кафе

    Обяд: Две големи парчета пилешко месо

    Вечеря: 2 твърдо сварени яйца, 1 морков

    7 ден

    Закуска: Горчиво кафе

    Обяд: Парче месо, плод

    Вечеря: По желание

    ме мрзи да преведувам од блгарски :D
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Јас па мислев само ориз треба да јадеш со стапчиња е диетава, ќе ти збоктиса по 2-3 дена и ќе се откажеш од јадење. :rofl:

    Ама ноу ноу, ќе си бројам јас калории. Не можам вака да се бафтам, специјално да припремам и слично. |(
     
  6. maloto-ludoto

    maloto-ludoto Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zarem na tie malecki lugje im treba dieta hahahhaha
     
  7. butterflyyy

    butterflyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    59
    Јапонска диета: Јади со едно стапче :rofl: (мала шала) :D
     
  8. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Диета “Јапонско чудо“

    Ви нудиме една одлична диета со чија помош можете да ослабнете до 10 килограми и да ја сочувате новата тежина во следните 2-3 години.

    Ден 1

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 2 тврдо варени јајца

    Вечера – парче варено месо и сезонска салата

    Ден 2

    Појадок – кафе без шеќер и парче двопек

    Ручек – 2 тврдо варени јајца

    Вечера – парче шунка, салата и чаша кисело млеко

    Ден 3

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – свежо овошје и зеленчук

    Вечера – 2 тврдо варени јајца

    Ден 4

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 2 тврдо варени јајца и сок од моркови

    Вечера – 2 тврдо варени јајца, парче шунка, салата

    Ден 5

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – печена риба со домати

    Вечера – се прескокнува

    Ден 6

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 200 гр варено или печено пилешко месо

    Вечера – 2 тврдо варени јајца, еден морков



    Ден 6

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 250 гр бело пилешко месо

    Вечера – 2 тврдо варени јајца и еден свеж морков

    Ден 7

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – парче посно месо и едно овошје по избор

    Вечера – по желба

    Диетата трае 14 дена. Кафето може да се замени со зелен или црн чај без шеќер. Првата седмица ќе изгубите од 5-7 килограми. Втората седмица по 5оо гр секој ден. Не треба да се конзумираат сол, шеќер и алкохол. Од 7-от до 14-от ден диетата се повторува по истиот редослед. Стриктно исполнетата диета гарантира 3 години зачувување на истата тежина. Тие кои не можат да издржат кога ќе огладнат многу нека си каснат овошје или зеленчук, без грозје и банани.
     
  9. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Диетата на јапонските монаси – за 10 дена 10 килограми!


    Диетата на јапонските монаси – за 10 дена 10 килограми!


    За 10 дена губите отприлика 10 килограми! Неверојатно нели?

    Ако вашата тежина многу ја надминува нормата, може да загубите и повеќе!

    Диетата можете да ја повторите не почесто од еден пат во текот на половина година. За 10 дена ќе ви биде потребно:

    5 кг ориз

    10 кисели краставички

    Пресен лук

    Секој ден се вари по 500 гр ориз, но не треба да се преварува. Откако ќе се свари и излади, на оризот се додаваат ситно исецкани кисели краставички и внимателно се меша. Кога ќе огладнете започнувате да јадете ориз но трикот е храната да се џвака подолго, отприлика 20 пати на еден залак. Во комбинација со оризот се јаде и по едно парче свеж лук, а да не бидат помалку од 2парчиња на ден. Оваа количина ориз е за цел ден, а вие може да ја распоредите како сакате. Секој ден диетата вкључува и една обилна свежа салата приготвена само од сезонски зеленчук, зачинета со маслиново масло, лимон, или јаболков оцет. Сол во многу мали количини.
     
  10. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Прочуена јапонска диета со која можете да изгубите 8 килограми за 14 дена

    Главно правило на оваа прочуена јапонска диета е тоа што, штом ја почнете морате да ја завршите. Затоа, не менувајте ги намирниците, ниту количината. Рибата и месото можете да ги пржите и во билно масло.

    За време на оваа диета не смеете да јадете:

    сол – бидејќи влијае на задржувањето на вишокот течности во организмот
    шеќер – затоа што е главен виновник за зголемувањето на килограмите
    леб – првенствено затоа што е производ од бело брашно
    алкохол – влијае негативно на метаболизмот и спречува исфрлање на токсините

    Важно е да не дозволите да бидете жедни, односно да не дехидридате, па постојано треба да пиете минерална вода.

    Појадок

    Оваа диета подразбира исфрлање на појадокот од планот за исхрана. За време на овие две недели можете наутро да пиете по една шолја кафе. Понекогаш кафето можете да го замените со шолја зелен чај, една овошка или еден изрендан морков со сок од лимон. Сепак, кафето е основен елемент на оваа јапонска диета, бидејќи содржи природни антиоксиданси. Имајте на ум дека морате да пиете природно кафе, па затоа заборавете на инстант кафињата.

    Ручек

    За овој оброк одлучете се за риба или месо со зеленчук. Во комбинација можете да направите свежа салата, да пропржите зеленчук, да изрендате морков или зелка или краставица салата. Јапонската диета не подразбира мали порции, па можете да изедете и половина пиле, доколку сте гладни.

    Вечера

    За разлика од претходните два оброка за вечера имате поголем избор. Можете да јадете овошје, јајца, сирење или кефир. Исто така, повторно можете да јадете риба или месо со зеленчук, но во многу помала количина.

    Напомена: Со оваа диета можете да изгубите 7-8 килограми за 14 дена, но докторите препорачуваат да ја држите максимум два пати годишно.