Здраво на сите најпрво, Па еве ме и мене нова членка на форумов со веќе очајнички повик за помош, бидејќи во нашава средина, барем во онаа во мојот град не може да се опстанува повеќе! Попрво ќе те голтне околината и народот со нивните нечовечности и испади, отколку што сам да пробаш да си ги решиш своите проблеми. Од кога мојот живот стана мета на останатите X и Y фаци во градот еј? Во ред е до некое ниво сите сакаме да си кажуваме по некој трач, но барем да е во границите на нормалата..... Додека јас си мислев дека се ми е океј со оној живот кој го прикажувам пред останатите, дознав дека некој создава некоја сосема погрешна слика за мене. Дознавам како сум зависничка од секс, како сум пијана секоја вечер, уште да почнам да се дрогирам... Очигледно само јас и моето друштво знаеме дека сиве овие работи не се точни, а што е поголема трагедијата така се зборува и за нив! Јас веќе збудалев не можам да ги издржам овие психички притисоци и озборувања од страна некоја „чкљ“ будала што вчера научила да зборува, а денес шири муабети за кој и се најде под рака, а богами и под нога.... Ве молам советувајте ме што да правам со сиве овие озборувања како да се справам со ситуацијата, бидејќи немам сили да се борам веќе, па затоа и го направив профилот за да споделете некое ваше мислење, сакам да избегам некаде далеку да останам 2-3 месеци сама без никој околе мене да „грака“ за тоа колку ми била кратка сукњичката, колку голтки сум испила од виното, колку дечковци сум погледнала. ДОСТА МИ Е!!! Не можам да се носам со ова, а ако допре до моите родители тие ќе бидат разочарани во секој поглед од мене, а тоа е нешто што најмалку сакам да го направам, бидејќи се трудам, навистина се трудам да ги направам среќни...Но ете и мене околината почна да ме голта со злобните зборови БЕЗ ДЕЛА!
Е добро де малограганска работа, нормална ствар за нашиве простори. Не им е исполнет животот како што треба , па се занимаваат со тугите. Ова го има секаде, не си го ставај толку при срце. Тие што ти се блиски што те сакаат и што им значиш те знаат која си, што си и каква си и не им се битни трач раубриките на простата околина.Да не раздолжувам многу на крај краева не велат за џабе зад добриот коњ се крева прашина.Остави ги тие нека си го тераат своето, ти твоето.Никако не им го терај нивното со тоа што ке се замараш.Тие луге што те сакаат и вредат не пагаат под туги провокации, трач рубрики и слично.Уживај си
Прво и основно што и сама го знаеш, позади секој добар коњ се крева прашина! Друга работа е што ако девојки го зборуваат се тоа, значи дека само сакаат да бидат како тебе, слободна ко птица, прави што сака, без око да и трепне. И мене ме озборуваа девојки кои нормално немаат свој живот, па се грижат за туѓите, они знаат се за секого во градов, они се најпаметните, најпоштените, најубавите, а од се тоа немаат ни грам. Имав убави дечковци на кои они неможат ни да им се приближат, незнаат како да привлечат внимание, па пуштаат муабети и тресат зелени. Еднаш кога слушнав што зборувале за мене, само слатко се изнасмеав, едноставно не ме занима кога зборат они, пошто нели ги знаеме кои се што се и што им е работата и обврската во градов. Само уживај и лабаво, не ги ни погледнувај, остави што они зборат, дозволи тебе луѓето во вистинско светло да те запознаат. Цени ги луѓето според тоа како се покажале спрема тебе, не од муабети слушање какви се тие!
Ви благодарам и на советите и на мислењата и на двете точно е тоа дека веќе секој зборува сешто во своја а и во ничија корист, но некогаш ти доаѓа таков момент кога само сакаш се' да испоубиеш околу тебе )
Луѓето секогаш ги зборат работите што им сметаат кај другите, зошто истите работи им сметаат и кај нив самите, па незнаат како на некој начин да се оправдаат пред себеси и го користат озборувањето. Така да уживај си, едноставно однесувај се барем пред нив како да не си ги слушнала некогаш тие работи, па нека полудат, а ти и понатака живеј си го животот
Гледај на тоа како на комплимент. До степен умоболен, но сепак комплимент. Сепак најискрен. До пред многу кратко време и јас постојано мрчев за таквите безживотници. Не дека јас имав проблем со истите, т.е. можеби сум им била мета, но јас не знам за тоа, кога нештото не ти е од интерес и кога ти најубаво си знаеш за себеси, нема што до тебе да допира туѓата малограѓанштина, а фала Богу ако оние кои ти се потребни во животот имаат две чисти во црпките за да не поверуваат на таквите муабети, тогаш воопшто не треба ништо да те загрижува. Балкан сме, заостанати сме. Се стремиме кон еманципираност носејќи лажна маска на морал. Тебе ти е доста, на нив не им е, никогаш нема да ми биде. Знаеш, на некои тоа едноставно е секојдневие навлезено до тој степен што веќе не ни мислат на тоа како на ширење дезинформација, туку своето „мислење“ веќе го граничат со реалност, самите си веруваат на истото. Мислење го ставив во наводници бидејќи истото всушност е повеќе на психолошка база, претставува страв, незрелост и немање самодоверба, што резултира со тоа што тебе ти го припишуваат она кое на нив им се случува или од кое тие имаат страв дека еден ден ќе излезе како муабет за нив. А единствен спас гледаат во тоа приказната да ја смислат за некој друг со што автоматски ќе се отпишат себеси од списокот на „жртви.“ Единствен начин на билдање его им е преку спуштање на туѓото. А најлошо е да им покажуваш отпор, да враќаш во иста мера и упорно да се обидуваш да се докажеш. Џабе. Тогаш кафето ќе им е уште послатко со церекање на твоја сметка и ќе ги мотивира уште повеќе да си фантазираат. Стави ги на игнор и набрзо ќе најдат нова жртва. Помини си покрај нив со крената глава и не ги удостојувај ниту со еден упатен поглед накај нив. И нема зошто твоите да се разочараат, ќерка си им, те знаат подобро од било кој. А ако толку те мачи нивното мислење, седни и разговарај со нив за ова, кажи им дека слушаш невистини за себе и дека ти пречи. Родители се, ќе сфатат, ќе те поддржат, а може и ќе најдат начин да ги затнат поганите муцки.
Едноставно игнорирај ги. Тоа се луѓе кои немаат свој живот, не им е доволно интересен, па се замараат со туѓите. Такви имало, и секогаш ќе има. Ја покажуваат својата некултура и малограѓанштина. Ти не треба ништо да докажуваш, никому, затоа што најблиските, и оние кои ти значат имаат доверба во тебе и знаат дека тие глупави муабети се само измислици. Терај си го животот и не ги ставај на памет воопшто. Најмногу ќе ги повредиш со тоа што ќе се однесуваш како да не постојат.
Значи ич не се замарај од едно уво влегло од друго излегло,ич да не ти чуе, тие што се околу тебе и ти најубаво си знаете каква си нема потреба на небитни луѓе да им се докажуваш.Таквите ги има секаде исто се дешава и кај мене само што јас на игнор ги ставам и секогаш се смеам и си викам Јас имам 2 животи еден мој а другиот што ке ми го измислат како да си немаат свои проблеми па се замараат со туѓи животи како само имаат време..Уживкај си и прави си како тебе ти одговара..позз
Охооо добредојде во клубот. Такви прости работи има колку ти душа сака. И јас се изнаслушав работи за мене кои немаат ни 2 грама вистина ама главата горе и научи се да живееш со тоа бидејки нема што да направиш, таков е менталитетот на лугето сечиј живот е поинтересен од сопствениот. Да не ти кажувам какви се муабети за мене се изнаслушав, од тоа дека сум се фатила со дечко ми бидејки имал појак мотор од оној на бившиот, до тоа дека тој ме тепал, дека сум изневерувала со кој стигнам ( а 24/7 сум со дечко ми.. ) абе сваштарии... Знам и од кого се излезени муабетите, ако знаеш и ти ржни малку, писни очи во очи, за да престанат. А за тие муабети кои веке кружат нема многу што да направиш освен да ги демантираш секој пат кога ке стигнат до тебе.
ХА,се пронајдов во насловот од темата,баш така,јас и нездравата околина околу мене! Просто се жалам.. Колку пати само се запрашав, ОМГ каде се запишав каде се запустив? Околу учењето ми се погоди ама околината Знаете како викаат “ако сакаш да леташ како орел не треба да се дружиш со кокошки“ е тука сум јас и мојата околина !! Жално ..
Добро утро! Добредојдовте во мојот свет ! И кај мене е исто и ги игнорирам уште од мала. Ма нека зборат шо сакаат не се замарам
Значи повторно ќе кажам благодарам на сите за убавите мислења и совети што ги споделивте со мене, со ова докажувате дека во оваа тн. државичка останале и некои чесни исклучоци кои сеуште размислуваат трезвено и со ладни глави. А останатите секако си зборуваат @Gunshine имав дечко што е 9 години постар од мене, тој сега замина да работи во Америка на една година, па ја паузираме врската. Неговото заминување ги повлече со себе и првичните трачеви колку често јас имам секс со него, па потоа следуваа и други празни муабети накитени и поврзани еден по друг така сами си излегуваа... Мислам дека народот не треба да го интересира колку често имав јас секс со него, и како се одвивал начинот на нашата комуникација па сеееееееееееее до алкохолот на излегување и сосема трети муабети за кои не сум знаела за некои дека сум имала и способност
Лејди Ем, не се замарај. Таков ни е менталитетот и мислам дека ретко во која маала, кој град нема да ти зборат зад грб и да шират невистини. Да побегнеш - не верувам дека можеш, но исклучи ги нив. Зошто ти да страдаш за нивните измислици? Луѓето кои те знаат, те сакаат таква каква што си. Кога веќе немаат повод, кога ќе им здосади да замараат некој што не ги се замара, ќе најдат друга мета. Јас го викам комплекс на ниска вредност. А тие секако не вредат доволно за твојата нервоза. Кулирај.
Што би рекла тоа е балкански менталитет!!Ни сама не знам зошто е така,ама луѓево како да немаат друга попаметна работа одколку да се замараат со туѓите животи.Секогаш им е поинтересно да гледаат што се случува во туѓиот двор наместо прво да погледнат во својот.Но,тоа е што е....Живееме тука и доколку не ни се пружи можност да ја напуштиме земјава сакале или не ќе мораме да ги трпиме тие зборувања зад грб,без разлика дали станува збор за вистина или за измислени приказни колку да се пополни времето и да се убие досадата
Па во оваа вукујебина мнозинството и онака се искомплексирани и просечни малограѓани кои фрустрациите ги лечат така што кај другите го бараат она во што тие самите се дават. И сето тоа се врти во круг. Ти за комшивката, комшивката за Трајан, Трајан за Петра, Петра пак за тебе и т.н. А ко по некоја случајност се двоиш од нив или отскокнуваш на било кој начин, или пак имаш нешто што тие немаат, подготви се да бидеш мета на се и сешто.Сум осетила и на своја кожа, а кој нормален не осетил тука? Им се случува тоа и на ненормалните само напишав погоре како тие се справуваат со тоа. Комплекси од самиот себе се тоа кај малограѓанштината, ништо друго.
Сум слушнала за мене нешта кои и самата не ги знам, браво за луѓето кои ги кажале. Никогаш ме мислев дека за мене некои муабети ќе се рашират, но се случи и тоа. Такви луѓе имало и ќе има секогаш.
Озборувања од околината имало и ќе има, едноставно има такви личности кои си го хранат егото со трачарење и занимавање со туѓи животи. Не треба да им се посветува внимание на таквите, нека продолжат да уживаат на дното.