до сите девојки кои се single! Дали ви се има случено вие да сте single а вашите пријателки да се веќе во врска а што е најлошо додека вие го барате вистинскиот они да сменат уште петорица.Доколку имате доживеано вакво нешто пишете и споделете и искоментирајте дали ви смета
Не, не ми смета. Ниту сум single ниту relationship туку married, па што, кој што сака нека си прави. Љубомора и дволочност тргни ги на страна како карактерна особина, ќе ти олесни, верувај
Колку повеќе се замараш со тоа кој колку дечковци имал и сменил, толку понесреќна ќе бидеш. На сила ништо не бидува, ќе си дојде се на место еден ден. Па и не се врти целиот свет околу машките. Уживај колку што можеш со статус сингл, има кога да се замараш со дечковци .
Пред еден месец се најдов во следнава ситуација: Пред скоро 6 месеци заврши мојата најубава врска во животот и за да ја преболам, влетав во друга во која повеќе се повредив самата себе. Сите пати кога сум била во врска имав доволно време да се видам со моите другарки и да им посветам време, доволно за да си направиме муабет да прошетаме, да излезиме, навечер да се пожуркаме, значи им одвоив една половина ним и една половина на моите дечковци. Но годинава , се смениа, мн работи, сите мои другарки кои цело средно го поминаа сингл, конечно си фатија дечковци, и да не речам„се омажиа“за нив, кога да ги видам и да се договорам да излезам со нив, тие како приколици ги влечкаат нивните дечковци. За жал истото се случи и со моите поблиски колеги колешки, со кои што го поминувам поголем дел од денот, па та ка испадна во неполни 2 месеци, да излезам разочарана од врска , во која милсев ќе се опоравам и ќе продолжам понатаму среќна и одеднаш ги изгубив сите блиски луѓе, бидејќи сите конечно пронајдоа, некој каков што отсекогаш посакувале и сите тие врски , ми изгледаат прилично сериозни(иако повеќето врски на почетокот изглеадаат сериозни,се уште не се излезени мааните на виделина...). Па се најдов во една ситуација, да бидам единствено ѓезве , меѓу сите тенџерчиња со капачиња, не знам дали само тоа влијаеше или и самата промена на средината во која живеам, јас паднав во депресија и не бев баш свесна за тоа, слабо јадев, не спиев шо цели ноќи или и да запиев се будев имав кошмари, не учев, не излегував од дома, освен за даодам на факултет, и таму бев друга личност,весела ведра насмеана, енергична, а штом се вратев дома , се претворав во зомби. се чуствував заборавена од сите, среќа ги имам две другарки што иако живеат во дру град мн ми помогнаа да се извлечам од оваа депресија и ме направија свесна за истата, моите вистински другари исто така ми помогнаа, излегувавме чисто другарски , на кино, на кафе, ќе ми се јавеа, само за да ме слушнат,едноставно дами остават чуство дека некој мисли на мене, а од другарките ни глас не слушав освен ако случано јас не ги поварам да ги слушнам како се.домашните исто така , ми помогнаа, самото враќање во мојот роден град ме освежи. Неколку зборови , на еден мој колега, кој не знам како препозна во која ситуација се наоѓам, ми ги отвори очите и ми рече, факултетот ти е обрвска, иднина, идентитет, тоа ти е најважно , се друго ти е забава, што е твое ќе си дојди и не си осамена, колку што мислиш. ете така во мојата ситуација, момчињата кои иако имаат девојки, или не се заинтересирани за мене иако се сингл, ми помогнаа многу да се извлечам од оваа состојба. а „другарките“ ги оставив, да се свестат, кога ќе раскинат или кога тогаш кога ќе има почнат проблемите па ќе мора да се обратат некаде , за совет или бар за рамо за плачење, не постои совршена врска без караници. ИМ посакувам, многу среќа во врските, ама нивното однесување и она што јас го доживеав, поради нивното невнимане, нема брзо да го заборавам, и кога тогаш и им го кажам.
What's your age again? Деца, многу се замарате бе со вакви работи. Вистинскиот. Пријателките со петмина „вистински“ а јас сама дрн мрн. Тој мрсул уште со ракав брише, вистинскиот бил. Па уште да ми смета. Секој со своја среќа, секому кога ќе му дојде времето и личноста. Е**ти вистинските ако ги менуваш почесто од сопствена гаќа.
Истото и јас го имам почуствувано, и поради тоа се смував со еден што не го сакам (односно јас во другарму сум заљубена)...Mногу погрешиф, но ми текна одкако се деси тоа сега се е џабе Продолжи да најдеш некој добар што би ти одговарал, остави ги тие што сакаат нека прават..Незначи за да се дружиш со некого морат да бидеш потполно ист.. И нив една ден ќе им биде мака за тоа што го правеле и тие Ќе си тепаат глава, а не ти (Од искуство, ама баш потполно исто..) Послушај ме сега, а после кажи ми Фала..
Па вака..Јас немам де4ко, ни муач...за разлика од мојте другарки кои уште во 7 одд.имале де4ковци..Не ми смета тоа шо они имат де4ковци сега или муачи, туку ми смета шо нон-стоп ми викат да ми местат де4ко или муа4..демек сама ке сум останала дрн дрн.. Сеа сум прва година..па сакам уште малце да си бидам СИНГЛ .. така да не се замарам ..иако синоќе плачев цела ноќ ама помина ми
Ќе дојде и твоето време, ќе дојде и твојот принц. Нема зошто да плачеш поради тоа. Секој сам си одлучува за својот живот, кога и како да си фака дечко или мувач. Тоа што зборуваат твоите другарки дека цел живот ќе останеш сама, тоа се празни зборови. Од каде знаат тие што ќе се случи со тебе? Глупости.. Не се вознемирувај без врска за вакви глупости. Енос си прва година, мала си, имаш време цел живот е пред тебе.
Значи по љубоморна фраза, реченица и шо и да е немам чуено у мој факинг лајф да му Онаквам матер .... Кој *енис ако другарка ти има дечко а ти немаш ?? На крај краева , И ти И Она ако сте ВИСТИНСКИ пријателки ке продолжите да си бидете и покрај тоа што едната од вас е (грефчуле) сингл а другата (хеппи ) ин рилејшншиТ. Ако она другарка ви или другарките твои дотичните фатиле дечко а ти јадничка сама, а они од ќош не те маваат значи не ти се прави другарки. А ти јадната синглче е*ате и ти другарка шо се прајш, што и љубомориш на другарка ти што има дечко. Значи, тука се глеа кај се крие и кај ке се скрие зајакот. Ја имам другарка што влезе у врска и супер се , ама ја сингл ... И шо треба да и речам ??? “Добро ма ти како така шо другарка си ја ко ке сум сингл и ти треба да си . Чу ли ме ма ? “ дај опрајте се више еднаш. И глеајте си ваш живот. И покрај тоа шо другаркиве ваши се среќно заљубени направите да не го изгубите тој сјај од другарството ваше... Мн се ниски вакви муабети. И после вие сте биле другарки ???
Реално, не е баш едноставна ситуација кога сите наоколу цветаат во љубовта, а само вие сте сингл. Точно, ако сте вистински другарки нема ништо да го попречи другарството. Арно ама, вие пиете кафе со другарката еднаш, двапати неделно, а остатокот од времето девојката си е прилепена до нејзиниот дечко, што е сосем нормално. Кога излегуваат во парови, нормално не одите со нив. Која е поентата, да им светите врз вљубените главички ? Ќе им пречите и ним, а секако ќе се чувствувате неудобно и непријатно, како исфрлено 13то прасе. Не е работата до љубомората, едноставно ситуацијата е непријатна. Јас од друга страна сум во обратна ситуација, сите мои другарки се сингл, само јас имам дечко и се чувствува некогаш мала нелагодност. Пример, кога излегуваат да бркаат дечковци, еве така да го поставиме, мене реално не ми е дојдено до таков scavenger hunt. Пробувам да ми е интересно, ама не ми е сосем пријатно секогаш. Кога пиеме кафе, голем дел од времето се оправаат теории за мажите, за жените, за врските, па вака, па така, па онака... и што треба јас да речам? - Леле, така е, знам како е (поим немам како е моментално, освен што ЗНАМ дека е навистина тешко да си најдеш салам дечко. Епа тоа се кажува еднаш, не се труби цела вечер на таа тема)... И искрено се чувствувам непријатно да зборувам за мојата врска и мојот дечко... од причина што ќе испадне како фалење, не сакам никоја да ме сфати погрешно... Еве ја, си фати дечко, па сега ќе ни соли памет. Па затоа си молчам. Епа истите вакви причини одат и во обата правци. И на сингл девојка не и е интересно до небеса да слуша секојдневно доживувања на другарки во врска. Тешко е искрено. Ама кој го сфаќа тоа... That being said, конкретно за случајов на девојката, имаш само 15 години и живот пред тебе. Кога ли стигнаа сите другарки да сменат петорица уште во прва година средно? Напредно, нема што. Посвети се повеќе на училиште, а ако не ти одговара друштвото, смени малку другарки и средина. на тие години апсолутно не треба да те замараат вакви глупости.
А ти имаш само 15 години ? Девојче уживај си ова ти се најсериозно најубавите години остави ги ти пријателките уште од сега нека се мачат во ‘‘сериозни‘‘ врски ти да си уживаш така да ти кажам ама ич не им се замарај дружи се со други луѓе запознавај нови и така натака тие до 18 години ќе сменат 50000 дечковци ама ќе те бараат после е тогаш... јас би ти рекал да не им простуваш тогаш дури ти ќе си имаш нови луѓе околку тебе и нема ич да ти е гајле што тие раскинале . Уживај си во детството и не се замарај со машки дружи си се и биди си слободна а кога ќе потпораснеш ќе сфатиш за целава ситуација и ќе се смееш и ќе си фатиш дечко како и да е само немој уште од сега
Aбе Трендафилка во ред и тоа , сепак и твоето држи вода не велам не. Ама ова претрагично се сфаќа. Ко небаре ако сега сум Сингл ке бидам за цел живот сингл а другарките мои среќно омажени... Ок е , луѓе ако си сингл сега па утре нема да бидеш ... Нема зашто вакви муабети. нема простор многу за вакви фрази чоек. Дали дека ја со другаркиве имам сосема друга тема на муабети па не сум осетила дека ми е непријатно шо ете она е у врска а ја сингл. Или којзнае што. Сепак , и кога се зборува за излегување, па ај реално да збориме, ако ја имам дечко а сакам да излезам со другарка која е сингл, зашо да не викнам уше некој другар онака, или и други луѓе ?? не мора, другарка ми со него да се фати ама ете колку да се дешава нешто да сме сите заедно .. Може ова да се среди, може да се најде начин меѓу другарството да не дојде до оваа фраза . Па и шо сум сингл а другарка ми во врска, па немора со неа само да барам да излезам. Имам други другарки друштво луѓе било што , некад и она отстапка да направи па да не излезе таа вечер со дечко и туку со нас другаркиве... Збор ми е , Може да се најде решение и за ова. Зашто малку е глупо знаеш коа другарка ке ти рече Еј Трендафилка Шо убаво ти е тебе немаш гајле си имаш дечко се супер ти е ... И ок, ова на прв поглед не личи на малку љубоморна реченица ?? Сепак на крај краева далеку од тоа дека и тоа што го велиш не е така, али нека си има граница во се. А и некако на 15 год претрагично е ова, сите сме пминале низ ова ама нека земат здив . не е крај на свет .
Добра поента. И веднаш ќе ти кажам зошто кај нас не функционира тоа - зашто поголемиот дел сингл луѓе се опседнати по секоја цена да најдат некого. Не излегуваат со цел да се забавуваат - туку да најдат девојка / дечко. Нормално, не успева секогаш така лесно, па се враќаат со скиселени фацки. Цела вечер си била сведок како шмекале некои типчиња во ќошето, а на враќање дома во такси се труби повторно за истите. Епа на секого ќе му пукне пи*ната жила од вакви муабети. Еве ќе бидам искрена, јас со другарите го немам тој проблем. Дали биле сингл или не, кога е дружба - дружба е. Супер си поминуваме секогаш, не се почувствувала бариера помеѓу нас. Ако јас излезам со дечко ми и го викнам другар ми, онака покана од срце, одма доаѓа. Ако ја викнам другарка ми од друга страна, тука има премислување, анализа, па немој вака да испадне, па на што ќе личи... На дружба ќе личи, на што друго. Глупо е, и од нивна страна, а премногу глупо и од моја да бидам како остатокот и да ги утешувам со зборовите - Абе, не е и тоа добро секогаш, да си во врска. Зашто среќавам такви случаи. Зошто кажуваат такви зборови, кога не ги мислат? Мислат дека ги утешуваат другарките или?
Подобро сингл да бидам од колку во неквалитетни врски како нивните. Поентата не е да смениш 5 дечковци туку да научиш нешто од врските. Ако не си извлеккла поука од врскта која престанала и си фатиш нов дечко залудно си во врска со него, зошто ќе ги направиш истите грешки. Не се замарам воопшто со тоа дали другарките имаат или немаат дечко се додека јас можам да излезам со нив кога јас ќе посакам. А за дечко кога тогаш ќе дојде, за се има време
во мојов случај е што едната е во подолга врска другата е сингл-до скоро бев и јас, до пред некој месец де ама не се опседнував со тоа дека МОРАМ да најдам некој по секоја цена, туку си го живеев животот најнормално како сега така и тогаш а таа третата па е во сериозна врска па ете се дружиме и разговараме за се-добро, не инсистирам многу на темата машки за разговор со другарката што е сингл-не е подготвена за промена на љубовниот живот нејзин проблем, не се мешам
повеќето од моите другарки се во врски, но јас тоа не го прифаќам како предизвик за и јас да си најдам некој. тој што треба да дојде ќе си дојде сам, не треба јас на сила нешто да правам.
да се биде сингл има и свои позитивни и негативни страни да се разбериме многу е важно - никој не ми досадува кај сум, со кого сум излегла, зошто не сум се јавила да му кажам кога легнувам каде одам, кога одам во тоалет .... од друг агол е е негативно, иде пролет цутела љубовта )))) ти треба некој да се скараш, да се смириш, да шетнеш на кафе со него, и да не кажувам што ) но се си доаѓа со време...само не се опседнувам со фактот што сум сингл, се ке си дојде кога и како е пишано. некогаш ми е супер некогаш не
Vo vrska so temava, mene momentalno mi se slucuva ova..imam dve drugarki koi se omazija sega vo skoro vreme, a drugite site se vo dolgi vrski od 3-4 godini...ponekogas si razmisluvam dali e nesto problemot do mene, no jas ne bi sakala da imam nekoj bez vrska....sakam da bide nekoj sto stvarno mi znaci...no so toj nekako sekogas mi se razminuvaat patistata