Уште една личност во историјата, која како личност била специфична, нешто по што останала запамтена, запишана во историјата.Народна хериона на Франција, за неа се смета дека на 13 години ги имала првите Божји визии, како и на Св. Катарина и уште неколку светци.Помогнала во истерувањето на Англичаните од Франција итн., и уште неколку нејзини подвизи историјата на Франција.Била осудена за ерес и запалена на клада.Јованка била прогласена за светица од страна на католичката црква. Дали имате прочитано некоја книга за неа, какви се вашите впечатоци за истата? Кое е вашето мислење за Јованка како личност?
Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc[1] ) (6 јануари 1412 - 30 мај 1431) е народна хероина на Франција и Светец на Католичката Црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување. Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан. Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката Црква на почетокот од 20 век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера. Еве што најдов за неа
Книгата ја немам прочитано, но тоа што го знам од историјата, Браво за Јованка и храброста што ја имала за една жена во тоа време.
Баш би сакала да ја прочитам книгата,ме интересира за нејзе како личност и за тоа што го правела.Гледав филм за неа и навистина едно браво за Јованка...