1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јужна и Средна Америка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Pirana2, 20 октомври 2014.

  1. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Ја отварам оваа тема како продолжение на она што го пишував во темите за Азија и Африка, да споделиме впечатоци, импресии и некакви информации за оние кои планираат да го посетат овој континент или едноставно сакаат да прочитаат нешто повеќе за Латинска и Средна Америка.

    Пред да почнам за секоја земја поединечно, сакам како вовед малку површински да дадам една слика за политичката, социјалната и економската состојба во јужноамериканските држави кои првенствено се занимаваат со извоз на нафта, минерали, метали и туризам се разбира. Како што во Европа постои Европска Унија, така во Јужна Америка постои Јужен Пазар или уште се нарекува Меркосур, а негови членки се Аргентина, Уругвај, Венецуела и Бразил додека партнери на Меркосур се речиси сите останати јужноамерикански држави со исклучок на Француска Гвајана која е дел од територијата на Франција.
    Кога сме кај политиката, секаде владее социјализмот или квази-социјалистичката влада, почнувајќи од Боливија, Венецуела и Еквадор каде владата е социјалистичка, речиси диктаторска како што е случај со Венецуела, а во земјите како Аргентина, Бразил, Перу итн. владите се квази социјалистички. Системот на владеење е ист како во САД, претседател на држава е претседател и на влада односно премиер нема и без разлика кој ќе победи на наредните парламентарни избори, претседателот на државата ја формира владата и раководи со неа. Единствен начин да се изгласа недоверба на владата е да се изгласа импичмент, т.е. отповикување на претседателот на државата.
    Општо земено, најдемократска држава е Чиле па Уругвај кој за волја на вистината, отсекогаш бил близок со Велика Британија и омразен од страна на Аргентина и Бразил, нешто слично како ние Македонците што не се сакаме со Грците ама пак секоја година на дебело им одиме на одмор, така и Аргентинците, не се сакаат со Уругвајците но секоја година одат во Пунта дел Есте во Малдонадо која е една од најголемите туристички атракции во Уругвај и воопшто на целото источно крајбрежје на континентот или одат во Монтевидео - главниот град на Уругвај.
    Тука некаде е и Колумбија која е корумпирана до грло, но тука сеуште не се дојдени на власт социјалистички бирократи и автократи како во Боливија, Еквадор и Венецуела или оние квази социјалисти како Аргентина, Бразил, Перу итн...
    Држави кои најмногу наликуваат на Европа по архитектура и кујна се Аргентина, Уругвај, Перу и Чиле, а особено Аргентина се истакнува како држава со европска култура и кујна бидејќи најголемиот дел од населението се со претежно италијанско, француско, германско и шпанско потекло. Буенос Аирес дури и го нарекуваат јужноамерикански Париз, не само поради архитектурата туку и поради ексклузивните соработки од повеќе области помеѓу Париз и Буенос Аирес, но за жал, политичката, економската и социјалната состојба во Аргентина е далеку како онаа во Франција.
    Аргентина, Парагвај и Бразил, освен заедничкиот континент на кој се сместени, имаат уште една заедничка карактеристика а тоа е фактот дека се лидери по производство на генетски модифицирана соја и други генетски модифицирани производи.

    Перу сеуште се опоравува од последиците на владеењето на нивниот преродбеник, нешто слично на нашиот преродбеник што го имаме во Македонија на власт само што не е јапонец. Фуџимори во Перу беше на власт 10години и им остави такви долгови и триста и кусур други маки во наследство што мислам дека народот никогаш нема да го заборави, а една од карактеристиките на неговото владеење беше користењето на перуанските разузнавачки служби за уцена и вршење притисок врз медиумите и практика на цензура.

    Венецуела веќе ги вкусува плодовите на социјалистичката диктатура која ја воведе Хуго Чавез, а ја продолжува неговиот наследник Николас Мадуро, недостаток на најосновни средства за хигиена и храна, задушување на слободата на медиумите и цензура, присилно задушување на протести со употреба на војска - ова е секојдневие во Венецуела изминативе 5 години. Криминалот и убиствата секој ден рушат нови рекорди, а главниот град Каракас кој е и најголем град во Венецуела, важи за втор или трет најНЕбезбеден град во целиот свет, место каде убиствата се секојдневие. Во 2013год социјалистите или подобро кажано - чавистите, победија на локалните избори но истовремено изгубија некои од најважните градови и општини меѓу кои е и главниот град Каракас, па следуваа нови анти-владини протести во 2014 поради убиства на студенти за време на мирни протести организирани од страна на студентите и дојде до нови интервенции и нови убиства од страна на венецуелската војска, а новоизбраниот градоначалник на Каракас го затворија под обвинение дека подготвувал државен удар... ова повеќе од доволно говори како чавистите се помируваат со изборен пораз на локални избори, нешто слично како преродбениците во Македонија што не се помируваат со победата на Жерновски во Центар.
    Жителите кои живеат на границата помеѓу Венецуела и Колумбија успеваат да врзат крај со крај шверцувајќи нафта која во Венецуела ја има во изобилие бидејќи е држава со најголеми резерви на нафта во светот. Сликата е следна, со полни резервоари гориво се преминува во Колумбија каде го продаваат горивото за да купат по некое најосновно средство за хигиена или храна.

    Ситуацијата е многу слична во Еквадор каде на власт е социјалистичката влада на Рафаел Кореа и во Боливија каде на власт е социјалистичката влада на Ево Моралес, е сега разликата е што овие држави, особено Еквадор, сеуште го задржуваат својот капиталистички предзнак, односно сеуште не почнале со масовна национализација на приватниот имот и приватните фирми како во Венецуела.

    Колумбија... оваа држава си има мака со нивните радикални социјалистички парамилитарни движења како ФАРК кои киднапираат цивили без разлика од која држава и националност се - за откуп, и одвреме навреме ќе извршат по некој терористички напад и соработуваат со некои нарко-картели. Нарко картелите исто така се огромен проблем за Колумбија, особено поради фактот дека Колумбија е еден од водечките производители на кока во светот... тука има и извори на нафта, а истовремено е и еден од најголемите извозници на дијаманти во светот, но сиромаштијата и корумпираните политичари си го прават своето и заради тоа голем дел од младите тргнуваат по патот на организираниот криминал. Добар дел од производителите на кока се сиромашни фармери кои не можат да врзат крај со крај па садат кока и ја продаваат на нарко картелите за смешни суми.
    Колумбијската војска редовно патролира покрај овие полиња но бидејќи има премногу фармери кои одгледуваат кока до степен што нема место за сите нив низ затворите, војската им дава избор - или да ја предадат коката на војската, или војската ќе им ги запали земјоделските полиња. Логично, фармерите секогаш ја предаваат стоката за да останат со земјиште, па откако војската ќе замине повторно се сади кока и така се во круг.

    Аргентина и покрај тоа што е втора најголема економија во цела Јужна Америка, сеуште се опоравува од банкротот во 2002год и повеќе од очигледно е дека погрешни луѓе се на власт во јужноамериканската Франција, чиј главен град Буенос Аирес го нарекуваат Париз. Аргентинците го презираат Карлос Менем (вториот демократски избран претседател после падот на третата воена хунта) бидејќи амнестирал воени офицери и им овозможил на профитерите и олигарсите кои на дебело профитирале за време на третата воена хунта - да продолжат да профитираат како ништо да не се случило. Многу просто и едноставно, Карлос Менем ти е аргентинското олицетворение на македонскиот Б.Ц., како што во Македонија од едната страна ги имаме БЦ и компанија како предавници, од другата страна се преродбениците како патриоти, е така и Аргентинците си имаат свои преродбеници а тоа е Перонистичката партија која во минатото била основана после првата воена хунта од страна на Хуан Доминго Перон и неговата сопруга Ева Перон, позната како Евита... е овие двајца, исто како преродбениците во денешна Македонија, терале квази социјалистичка политика, особено преку хуманитарната организација на мадам Евита која им помагала на сиромашните, а тоа што се открило малку подоцна било дека парите доаѓале од изнудени донации од аргентинските фирми кои биле ставени на милост или немилост - или ќе донираат за фондацијата или ќе се соочат со високи казни од инспекции и секако дека со тек на време ќе бидат затворени.
    За разлика од минатото, денешните перонисти се предводени од Кристина Фернандез де Киршнер која е вдовица на претходниот претседател на Аргентина - Нестор Кришнер кој беше на власт од 2003 до 2007 а неговата сопруга беше заменик претседател и во 2007 победи на изборите против нејзиниот сопруг (не по врат, по шија, важно имаше некакви избори). Кристина, како што медиумите милуваат да ја нарекуваат, се прослави со нови задолжувања на Аргентина, нетранспарентно трошење пари и со наводна соработка со организираниот криминал низ Аргентина и пошироко. Уште една од карактеристиките на владеењето на Кристина е воведувањето на нов закон за медиуми со кој се отвара вратата за цензура, многу слично како неодамна усвоениот закон за медиуми во Македонија, каква коинциденција!
    Кога и да пристигнат долгови за плаќање, Кристина веднаш возвраќа со лажен национализам кон Велика Британија заканувајќи се дека Фолкландските Острови и припаѓаат на Аргентина и дека Аргентина ќе ја врати контролата над нив, милум или силум. Ова е одличен пример за лажниот патриотизам на Кристина Фернандез де Кришнер и на Перонистичката Партија кои секогаш имаат дежурни виновници за проблемите, односно дежурни предавници, многу слично како и преродбениците кај нас во Македонија.
    Црниот пазар на странски валути цвета во Аргентина бидејќи Аргентинците имаат ограничен пристап до американскиот долар, и повторно, благодарение на забраните воведени од страна на Перонистичката влада на чело со мадам Кристина.

    Парагвај 2012година беше изгласан импичмент на тогашниот демократски претседател Фернандо Луго, кој исто така водеше социјалистички политики слични на чавистите во Венецуела, а денес на власт е партијата на парагвајските домородци која важи за доста конзервативна десничарска партија.

    Бразил, иако е најголема економија во цела Јужна Америка, криминал и сиромаштија има во изобилие, како што беше општо познато и потврдено со протестите за време на Светското Првенство во фудбал 2014година (годинава). Во Бразил на власт е Дилма Русеф од левичарска, социјалистичка и работничка партија, позната на светот како прва жена претседател на Бразил и тоа со бугарско етничко потекло (јасно, циганска работа и бугарска превара во крв). Ако протестите за време на светското во фудбал 2014 не послужија доволно за целиот свет да види во каква мизерија живеат Бразилците, тогаш убедена сум дека Летните Олимписки Игри 2016година во Рио де Жанеиро ќе бидат забележани од еден поинаков агол, да му покажат на светот подетална слика за животот во Бразил на еден обичен, бразилски граѓанин.

    Јужна Америка е континент со најмал број на држави, сум ги посетила речиси сите, малку работно и малку повеќе приватно и имав многу прилики да видам со свои очи за какви места станува збор од секоја гледна точка и туристичка секако, каде овој континент има што да понуди и ќе ставам поголем акцент на туризмот во наредните текстови... следува нешто повеќе од мене за Андите, езерото Титикака, статуата на Исус и Маракана во Рио де Жанеиро, водопадите Игуасу, едно незаборавно танго во Буенос Аирес, крвавите солзи и криминалот низ Колумбија, мајмуните и нивните банани во Еквадор и ред други работи низ Јужна, а и Средна Америка со островите во Карипското море и револуцијата во Куба, најдобрите пури во целиот свет и тој бел рум од кој иако не знаеш ниту еден чекор, така магично добиваш храброст да се приклучиш на партија румба, салса, мамбо и ча-ча-ча!
     
    На Espadrila, Daydream, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Воведот страшно потсетува на нешто што го прочитав на еден друг форум од еден друг член, иста претстава за овие држави, речиси копи-пејст. Подобро да ги почекаме туристичките импресии.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Ако тој друг форум е странски, а името на членот е Anastasija Su-27, тогаш не станува збор за друг член туку читаш една иста личност на 2 различни форуми. Прати ми приватна порака на македонски и почекај го одговорот.
     
  4. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Кон крајот на 15ти век, кога Кристофер Колумбо го открил најголемиот и еден од најубавите острови на Карибите, напишал во дневникот дека овој остров е најубавото нешто што човечкото око може да го види. За само неколку години се населуваат Шпанците и локалното население станува роб на плантажите за тутун и шеќерна трска и тоа нивно владеење со островот трае близу 400години, а потоа се појавува веќе добро познатата Америка со нејзината надворешна политика и во име на “независноста, демократијата и слободата секако“ и го окупира островот, ја создаваат воената база во Гвантанамо, а малку подоцна доаѓа до целосна економска блокада на Островот на слободата од страна на САД и финансирање на кубанската опозиција за да дојде на власт диктаторот Батиста и заедно со него најдивиот, средновековен терор.
    Тука се појавува човекот командант, камелеон, гениј, сталинист од тропските предели и психопат. Историска личност, мисионер, приврзаник на марксизмот... политичар кој влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност врз која имало најмногу обиди за атентат (најголем дел од ЦИА, отровни апчиња, токсична пура) и го држи рекордот за најдолг одржан говор пред ОН, човек за кој ден денес не престана да се зборува - жив ли е, вистина ли спиел со 35,000 жени и дали тој, Фидел Кастро и ден денес е владетелот на Куба од сенка и ги држи конците преку неговиот брат Раул.
    Освен децата на револуцијата, остров познат и по Ернест Хемингвеј и место каде е напишана The old man and the sea, а селцето опишано во книгата е пристаништето Којмар и главниот лик е локален рибар кој го познавал писателот лично.

    Куба
    По распадот на Советскиот Сојуз и Американското ембарго, кубанската економија навлегува во криза каква не имало од револуцијата во `60тите и единствената светла точка во тој периот (1992год) е што бројот на туристите значително се зголемува и денес, туризмот каде се употребуваат нематеријалните богатства (сонце, море, плажа) е една од главните (ако не и главна) економска гранка која со нејзините приходи учествува во најголем дел од буџетот. Освен сонце, море и плажа, мене Куба секогаш ќе ми биде синоним за секс туризам и секогаш ќе ме потсетува на ноќниот живот, на луѓето таму сексот им е во крвта и само со тоа се занимаваат по неколку пати на ден, а тоа најверојатно доаѓа од времето на шпанската колонизација кога нивото на живот во Куба било катастрофа па единствена радост на кубанците секогаш била и ќе остане сексот. Во Куба има слободна лубов да ја наречам, не е полигамија туку... тоа е еден бурен, страстен и јак секс со внесени силни емоции, енергично како огномет на вмро митинг, исто како и кубанската музика. Овие така наречени работници низ Куба се викаат “хинетери“ и најчесто се млади студентки и студенти и заради нискиот стандард на живот, спремни се на СЕ за една рака ориз што се вика, да им платиш пијачки или вечера, за 10-20долари ќе биде твој и цела вечер ти стои на располагање... мислам на музиката де, и изучување на танците. Само треба многу да се биде внимателен ако соберете некој за провод бидејќи има контрола и стопираат коли ако видат странец и локалец, странецот т.е. туристот нема да има последици ама дечкото многу лошо ќе помине ако биде фатен, постојат соби за една вечер и се викаат “каса партикулар“ каде не знам какви се условите и колку е хигиенски зошто не сум била да ризикувам, едноставно нема потреба од такво нешто кога веќе си имам сместување и никој нема да ми забрани 5мин откако ќе влезам во собата, после мене да пристигне некој друг... и волкот сит, и овците на број.
    Во врска со плаќањето, официјална валута во Куба е пезос, но може да плаќате и со евра и со долари на некои места каде дозволуваат и ќе ви земат 10% повеќе.
    Куба шокира, заедно со Северна Кореја е една од последните комунистички држави со планска економија и пред револуцијата имаше добро развиена пазарна економија која и ден денес се карактеризира со многу големи, драстични разлики помеѓу најбедните и најбогатите слоеви на населението иако статистиката и е многу подобра од останатите латиноамерикански земји, стапката на невработеност е под 2% што е многу добро и пак се вративме на слабиот стандард и една просечна месечна плата од 20долари, јес да и цените за локалците се пониски (образование и здравство бесплатно) но сепак овие 20-30долари не се доволни за удобен живот.

    Варадеро
    Е рајот за богатите туристи во Куба и се наоѓа на 2 саати возење од Хавана, бел песок, километарска плажа, луксузни хотели, голф игралишта, казина и ноќни клубови, на локалците им е забранет пристап освен ако не треба да го посетат местото службено, со еден збор, целиот полуостров е една ограничена зона за оние со дебел џеб.
    Освен феноменалната вода која се прелива во сите нијанси на сино и зелено и е толку кристално чиста што не ти треба маска за нуркање и песокот како брашно, во Варадеро има што да се види...
    Занаетчискиот пазар каде се наоѓа од се по нешто (сувенири), пештерата Амброзио за која се вели дека била засолниште на робовите кои успеале да избегаат за време на шпанското ропство и на ѕидовите има интересни црно црвени вдлабнатини кои претставуваат многу слични кругови како на еден остров на кој му го заборавив името и таму биле најдени цртежи од некаков календар па локалниот водич објаснува дека всушност и овие цртежи во Амброзио имаат некаква поврзаност со тие... во секој случај, убаво да се види и посети.
    Делфинариумот, место каде секој ден има по неколку претстави со делфини и можност да пливате со делфините ако купите карта за фери до следниот остров, а тоа значи 150 евра.
    Црквата која се наоѓа во источниот дел близу централниот парк и е изградена за време кога Куба била под Шпанија, а до неа се наоѓаат спомениците на дел од загинатите херои во револуцијата. Музејот на општината Варадеро каде се изложени мебели од различни периоди врзани со историјата на Куба (водич задолжителен, најчесто нудат од хотелите) и она што на мене ми го привлече вниманието е двоглавата ајкула и неверојатниот поглед од терасата на горниот спрат. Централниот парк кој го спомнав погоре, се вика Јосон Парк и не е нешто посебно, има езера со интересни мостови, гуски, дрва, патека за шетање...
    Еко резерват со дива флора и фауна и има само 3 туристички патеки за движење каде се гледаат неколку пештери и големи кактуси од страни, а за плажа, според мене најдобра е Лас Калаверас која уште е позната и како плажа на девиците и насекаде има колиби за масажи, само тука е 10 пати поскапо од цените што ги спомнав погоре.
    Во близина се наоѓаат 2 гратчиња, Матансас и Карденас и се организира еднодневна тура од хотелите за нивна посета и таму се наоѓа еден од најголемите трговски центри низ Куба - Плаза Америка, цените не се многу високи, горе доле Европски стандард кој можат да си го дозволат само туристите.

    Хавана
    Главниот град, административен и културен центар кој е вклучен во списокот на Унеско како светско историско наследство и место каде животот буквално се одвива на улица, кубанците се гушкаат, играат, пеат... неверојатно позитивни личности и покрај сите проблеми со сиромаштијата. Градот е полн со контрасти, на едната страна прекрасни згради и куќи на кои сите им се диват, а од другата страна ги имаме малите куќарки од 20тина квадрати во кои живеат семејства од по 5,6,7 членови, мојот прв впечаток од ова густо населено место беше како да сум се разбудила во дивата реалност на некоја латиноамериканска сапуница, ветрот си играше со мојата коса и гледајќи ги џиновските палми, во секој момент очекував да ја видам Доринда или Чавела од латино класиката Касандра... колку повнатре навлегував во градот, толку почудно и непознато беше за мене, насекаде се слуша латинска музика, полуголи луѓе се шетаат низ улиците со нивните совршено, совршени тела како резултат на физичката работа и тој прекрасен чоколаден тен... архитектурата на објектите потсетува на некој одамна заборавен град од колонијалната епоха, но сето тоа изгледаше толку вистинско што мислиш дека во овој град - времето застанало, а и ти со него.
    Работи кои треба да се посетат, најстарата зграда во Хавана, Кастило де ла Реал што значи Замок на Кралската Армија кој бил изграден 1550тите и сеуште се користи истата дрвена врата за влез, внатре има оружје и галерија за керамика, изложби на некои слики од локалните уметници и одредени денови во неделата има музичка претстава на која задолжително треба да се присуствува (низ градот има флаери со програма и влез некои 5евра). Бившата зграда на Парламентот е еден вид на туристичка атракција која е копија на Американскиот конгрес во Вашингтон само неколку метри пониска, Катедралата и барокната црква каде до 1900год се наоѓале останките на Кристофер Колумбо, а потоа биле пренесени во Севиља, Музејот на кубанската револуција, големиот театар на Хавана кој е дом на Националниот кубански балет, споменикот на националниот херој Хозе Марти на центарот и неговиот музеј во близина, музејот на Ернест Хемингвеј, музеј на танците, музеј на румот, на пурите, на оружјата, парфемите... Хавана е град со над 50 музеи и секој еден вреди и заслужува да биде посетен и препорачливо е да се изнајми водич кој ќе ви раскажува за начинот на кој се прават пурите и како стигнале од Куба до Европа, дека тутунот во Куба го викаат “коиба“ и дека оние пури кои ги прават на внатрешниот дел од бедрата на една девица, важат за пури со најдобар квалитет.

    Во врска со ноќниот живот низ Хавана, освен латинските танци има и арапски во местото Плаза де ла Катедрал, далеку е од арапскиот свет но сепак го има на репертоар и девојчињата навистина се трудат да изиграат што подобро. Пури се наоѓаат секаде и на секакви цени, а по дефиниција ќе ти лупнат висока цена кога ќе приметат дека си турист и треба да се ценкаш, на пример почнуваат со 200евра и на крај ќе стигнете до реална цена од 30-40евра. За квалитетот да не почнам да пишувам, толку се меки и убави, ја имаат потребната влажност и страшна арома и вкус, веднаш се приметува разликата од секое друго место низ светот. Румот “Хавана Клуб“ е на цена од 10тина евра (ова зборувам за продавници, а не дискотеки и ноќни клубови), а цените низ клубовите, рестораните и дискотеките се европски. Мохитото е страшно добро, и го прават многу просто и брзо, не го лицкаат како низ другите места и мерка нема, не знам што ставаат ама се ставаат од око... а после 2,3 мохита... гори море - топе се планине, се гледа дека не пиеш баш “обично“ мохито.
    Местото “Тропикана“ е едно од најпознатите низ цел свет, најскапо во однос на останатите места за ноќен живот ама си вреди и барем една вечер треба да се посети, еден од поскапите ноќни клубови (стриптиз бар) е и “Салон Роко“, неверојатно луксузно и со многу добра услуга, а девојките што се шетаат внатре се тип-топ од глава до пети, машки стриптиз има само 2 пати неделно. Се е толку елегантно и на едно високо ниво, што можам да кажам дека “Салон Роко“ е елитната проституција на Куба, не ти досаѓаат и не создаваат таков впечаток на класични проститутки како низ другите места, најчесто има шема на работа т.е. луѓе кои обиколуваат низ масите и гледаат кој/која е сам/сама и културно ти пристапуваат со прашање дали сакаш маж, жена или и двете. Може и повеќе, ако сакаш. Во ова нешто се вложени страшно многу пари, а тоа значи дека државата толерира некаков тип на приватен бизнис, освен ако тоа не е и државен бизнис нели...

    Имам позитивни импресии во целина, само една замерка, не знам дали е до економската криза и нивниот финансиски колапс ама Хавана ми остави впечаток на гнасен и прљав град за разлика од Варадеро и на почетокот бев разочарана од тоа што го видов... купишта ѓубре насекаде (локалците се изјаснуваат дека комуналната служба не функционира), се е некако, штознам, запуштено и отпаднато, несредено и не личи на класична метропола, а јас уште како дете сум растена со тие авантуристички приказни за Куба, Кастро, Ернесто Че Гевара, Кубански рум, пури, Кариби, пирати и слично, очекував нешто повеќе и се разочарав од тој аспект, безразлика што во физички поглед Куба е навистина рајска лепота од остров, според мене, зарибале многу гадно со тој нивни инат, а главниот град на Куба, Хавана, може да пружи многу, многу повеќе.
     
    На mims-89, Giovanna и An-na им се допаѓа ова.
  5. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Можеби не е така туристички овој пост, но секако Латинска Америка е доста интересен континент.

    Латинските индо-европски народи( Шпанците, Португалците, Италијаните, Французите и други) биле далеку понапредни во тој период од англо-саксонско-келтски народи, па и од самите Скандинавци.

    Зборувам за период кога Северна и Јужна Америка биле колонизирани. Латинските народи биле далеку повитални, борбени, секаде ја ширеле својата култура, но направиле една огромна грешка, а тоа е што не ги повеле со себе своите европски жени. Северна и Јужна Америка е континент на импозантни латински градби, катедрали, замоци, уметнички дела, градови и села коишто наликуваат на европски градби, но само уште еден доказ дека расното мешање е геноцид. Северна Америка која во тој период била далеку зад Јужна Америка опстанала и ја задржала својата култура и баш денес Северна Америка е гигант во светот поради својата расна чистина и култура којашто индо-европските т.е. германските и скандинавските народи ја задржале. Уште еден доказ дека ако САД продолжи со политика на расно мешање и мулти-култура каде ќе заврши, а тоа е никаде. Веќе се гледаат почетните метастази на тоа општество.




    Кога почнале Шпанците да се мешаат со домородното население т.е. Монголоидите коишто емигрирале на тој контитент векови наназад, почнала да опаѓа тој расен квалитет и начин на живот. Се произведувале монгрили без никаков идентитет, со низок раст, со послаба интелегенција, се прифатила култура која е типично неевропска и многу други работи. Белечка цивилизација сеуште опстојува во сите држави таму, но тие се претежно елита, богати, одвоени во посебни квартови.

    Најнеразвиени држави се токму државите со најголем процент на местизо, мулато и америадно население . Најразвиени држави се Аргентина, Уругвај, Бразил, Чиле т.е. држави со најголем процент на европско население. Аргентина и Уругвај се земји коишто и те како вреди да се посетат поради својата култура и архитектура, а и поради убавите жени, медитеранскиот стил на живот.

    Јужна Америка се одликува со голема сиромаштија, фавели, криминал, корупција, дрога, но од друга страна има преубава клима, местоположба, убави градови, плажи, жени.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.