Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    Би сакала да се запишам на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје,дали знаете со колку МИНИМУМ бодови од можни 100 да се влезе во државна квота,а со колку во приватна?? и ако знаете нежто повеќе за тој факултет.....
     
    На LaL93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Нема минимум поени, примаат 600 студенти од кои мислам дека 300 примаат во државна квота, а останатите во приватна, не знам точно можеби нешто се сменило. Кога ќе излезе конкурсот, ако веќе не е излезен пишува таму се. Значи се зависи од вкупните поени кои ги имаш. Јас имав 92 и влегов во државна, дури и они кои имаа по 84-85 влегоа.

    Во однос на факултетот... има ЕКТС систем, а тоа значи:
    70 поени од испит (или по 35 од два колоквиуми)
    20 поени од есеј
    10 поени од активност
    Предметот ти е положен со 61 поен, а испитот со 36 поени, значи ако само ги положиш испитите можеби нема да го положиш предметите (ако немаш поени од есеј и активност). Нема поени за редовност, само треба да имаш присуство од 51% од предавањата за да можеш да имаш право да полагаш. Присуството се регистрира со електронски индекс односно картичка која ја куцаш при крајот на секое предавање.

    Материјалот за учење е релативна работа, некои предмети имаат по 500 страни за испит, некои по 700. Распоредот со предавања во однос на другите факултети е прилично добро среден, секоја група има по 1 ден + слободен во неделата освен викендот. Имаш право 3 пати да го полагаш испитот, а ако не го положиш го презапишуваш и го слушаш од почеток.

    Ако нешто друго те интересира - прашај. ;)
     
  3. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    фала многу за ова :) само сакав да знам за уписот пошто оцените ми се катастрофа...не очекувам да влезам во државна квота,а ми е страв дека нема да влезам ни во приватна :(
     
  4. PetraPanka

    PetraPanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    2
    DALI IMA NEKOJ OD DEVOJKITE STO GO KORISTAT FORUMOT STUDENT NA PRAVEN ????
     
  5. an-e

    an-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Sum zainteresirana za pravniot fakultet i toa mnogu,megjutoa strav mi e zborat imalo mn za ucenje,bubanje i so ti znam.Strav mi e da ne zaglavam.Aj nekoja ako ima nekoe iskustvo so ovoj fakultet neka mi pise... :) :)
     
  6. PetraPanka

    PetraPanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    2
    imase bubanje ama za stara programa , sega e mnogu polesno so ekts (vo sporedba so prethodno) so sreka neka ti e
     
  7. an-e

    an-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Fala ti mnogu....a ti imas studirano pravo???
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    10.747
    Пол:
    Женски
    Јас би те советувала да не се запишуваш на овој факултет затоа што организацијата е катастрофа.
     
    На Selcoutth8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. an-e

    an-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Ne znam seuste razmisluvam,ama nekako najmnogu sakam toa pa ke vidime...U sekoj slucaj fala na sovetot :)
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Уф, јас колку сакам да се врати старата програма. Со ова ЕКТС системов се учи само на памет. Џабе ја знаеш суштината, кога ти дава збунувачки одговори. Сите кога ќе слушнат на кој принцип е, викаат дека со понудени одговори било полесно... абе тебе професорот нема да ти даде 5 понудени одговори што тотално се разликуваат, туку ќе ти даде толку слични што ќе не знаеш кое да го заокружиш. И тоа собирање на поени е жива глупост. Си го положил испитот, ама предметот не. 6ка почнува од 61, а на сите факултети од 51. Поени за присуство јок, а на сите факултети даваат по 10 за присуство. Со две раце ќе потпишам да се врати старата програма, ако оди се електронски, немате поим кои малверзации се прават.

    Инаку во врска со учењето, треба континуирано учење. Ако не си навикната на пример на 2-3 саати минимум дневно учење, ќе ти биде малку потешко. Поените за активност се многу потребни, така што треба за секое предавање да бидеш спремна. И тоа поените за активност не се добиваат со семинарски, такви работи ретко даваат, а и да ти дадат од тоа добиваш 2-3 поени.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    52.903
    Jas sum na praven,i se soglasuvam so prethodniot komentar,treba ucenje na pamet bidejki jabe ako znaes se koga nema da znaes dali tamu bilo so"ili" ili "i".I takvi prasanja ima.Za organizacija se nula toa da,ama za predavanja i za rezultati se dosta sredeni.Treba kontinuirano da se uce i da si spreman za sekoe predavanje.Site mislat deka e lesno spored noviot sistem ama se lazat.Jas ne so racete i so dvete noze ke se potpisam da se vrati stariot sistem. :D Ako nekoj ima zelba da se zapise na praven neka odi,pa na sekoj fax ke mu najdes po nekoja mana.Ako se saka se se moze.Sea malku ke se izmacis,a ti trebaat i zivci :D
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Леле тоа „или“ „и“ прашањата од такт ме вадат. Понудени 5 цели дефиниции во кои само сврзникот се разликува. За резултати е најдобро среден факултет, во 12 полагаш, до 6 саат веќе имаш резултати. За веб сајтот збор да нема, секогаш се истакнуваат соопштенија, резултати од есеи или испити, термини за земање оценки. Сега нешто наслушнав дека преку Главинче (студентскиов правобранител) ќе се организира петиција за положување на предметот со 51 поен, па се надеваме дека ќе успееме да се избориме. Тие 10 поени за присуство мање више, ама ако ни ја симнат скалата на 51 на коњ ќе бидеме! :rofl:
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    10.747
    Пол:
    Женски
    Јас многу се каам што се запишав на овој факултет. Најмногу се изнервирав кога ми го изгубија индексот. Дури после 3 месеци ми го најдоа. Незнам како може еден факултет да си дозволи да се случи такво нешто.
     
    На Lacrymosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Јас! Ако треба нешто може да ви помогнам, ама јас сум по стара програма. По ЕКТЦ е многу полесно, и незнам зашто уопште се жалите. Имате на некои испити прашања со сврзници,да, ама 90 % од испитите учите од прашања, колоквиуми,преполагања.Усно нема на ниеден предмет. Разликата помеѓу учење на материјал на лекции и како целина, и на заокружување воопшто не е исто.Не сакам ни да споредувам,зошто според мене нема споредба.Мислам дека за знаење новиве генерации ќе бидат многу осакатени.
     
  15. PetraPanka

    PetraPanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    2
    se soglasuvam
     
  16. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11

    Здраво девојки :)

    Леле OrdinaryGirl малку ме успокои и мене...:D
    Ептен ми е страв за поените, сакам да влезам во државна квота :)
    Ама чим ти викаш дека влегле и со 85/86 поени во државна квота тогаш не се секирам веќе :)

    Фала за информациите за факултетот :)
    Вака изгледа дека ок е со факултетот, а и чекањето на резултатите не е долго, веднаш се наоѓаат на интернет :)
    Со среќа на сите :) ;)
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.955
    златна мавровка.....имате испитни прашања таму за некои, а може и за повеќето предмети на правен :lol: :lol: :lol:
    + имате поправни колоквиуми, ако зафркнете нешто можете да ја исправите грешката :rofl:
    само се прашувам ако како идни адвокати и судии утнете нешто и човекот го осудат со смртна казна.....дали ќе имате можност за поправен т.е. да ја исправите грешката откако ќе се изврши пресудата? :^)
     
    На soul.sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Има време додека некој стане адвокат , а да не збориме за судија. Стаж 2 години, полагање на правосуден испит, па адвокатски испит, така да не не се секирај, нема да има утка хехе,мада правдата е слепа за жал, се случуваат и такви случаи како и во секоја друга професија.
     
  19. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    89
    Па нели по новата програма се стажира една година и после тоа се полага правосуден испит и толку?
     
  20. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Има ли некој на правен прва година тука ?
    Јас сега сум прва и вака интересно ми изгледа...може пошто не почнале колоквиуми :D
    Од постарите некој да ни даде некој совет ако може 8)