1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Мерлинке јас и ти гарант се знаеме :D Како и да е... Законот не отиде на Уставен, од проста причина што никој не го даде... Се утепавме од викање новинари пред факултет кога сакавме да направиме протест, дојдоа двајца без тројца од студентите и испадна шарада бидејќи како јагниња преплашени седат неинформирани во некој свој космос на себичен идеализам и трпат заушки од изфрустрирани професори..СЕКОЈА ЧЕСТ НА ПОЕДИНЦИ!
    Искрено... ВО врска со просекот, се бара просек на додипломски И постдипломски..одделно, не заендо...Тоа значи 8 на едните и 8 на другите... За нас што више завршивме, доџи јуче фазонче ни направија, малце ни го сместија у рикверц, ама кога студентската маса е така игнорантна, особено ПРАВНИЦИ ЕЕЕЕЈ...тогаш си го заслуживме...
     
  2. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Значи дезинформација било тоа,добро е..А инаку за академијата,сметам дека донекаде е оправдано да постојат услови затоа што одма после можеш да станеш судија,а голема предност е тоа и дека сигурно ги вработувале некаде.Плус мислам дека и бројот беше ограничен така да мора да поставуваат услови макар и некои стварно безврска
    да се надоврзам на претходниот пост,значи донесување закони и што се применуваат ретроактивно :@ е стварно незнам шо држава ќе беше
     
  3. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    не треба просек за правосуден, ти требаат 3 + 2 години студии, и 2 години да стажираш кај адвокат или 3 години да работиш на правни работи,
    плус една година за правосуден рачунај колку ќе те фати :puke:
    а за судија се знае што треба, кабли во РСС и ништо повеќе ;)
     
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Сето тоа е ПЕКИ..Ако ти ги кажат чекорите ПРЕД да заиграш валцер, а не да те испогазат у процесот. И сето тоа е супер што ти ќе станеш ОДМА судија ( ама одма, на околу 30 и нешто и тоа тие што имале вишок кеш за да си ги плаќаат испитите или имаат кабли - пази кои јаки судии), ќе станеш ако си у СК - у Кичево пример..или у Пехчево..И тогаш шо праиме?
    Си има системи како тоа треба да функционира а не сеа и цела истражна постапка на Обвинителот ја префрлија...Знаеш што е судскиов систем.Општ хаос.
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Абе услови... Никој не ни ги враќа годините нас и нервите што сме ги потрошиле, па да преполагаме за просек... Зошто ова го немаше пред да се упишеме? Барем ке знаеш каква е работата и ако не оствариш просек - на твоја вина е, вака се знае дека наша не е... Никој просек не ни бараше за време на додипломски, сега што ми вреди што на мастер имам просек 9? Ич не е битно. Не важи само за мене ова, ЕКТС на додипломски ни овозможи лесно да добиеме 6, а за 10 малу морген. А и за 6 сме завршувале со стресови и триста чуда, не заради учењето наше, туку за ствари од типот - изгубена ти е матрицата и нема доказ дека полагаше, материјалот на испитот абер си нема од дадениот во програма и ред други трагични дешавки. |(
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Нема поголема глупост од академијата за судии и јавни обвинители. Па уште и ретроактивно да важи законот?!? Како е можно јас да се запишам на факултет под едни услови, а сега да ги менуват. Зошто кога студентите од мојата генерација кои се запишаа со партиципација од 600 евра во договорот им стоеше дека таа партиципација ќе ја плаќаат во текот на целото студирањето независно од тоа колку просек имаат. Наредната година, за оние кои се запишаа го сменија условите и можеше да се ослободат од партиципација со просек 9.00. Некои студенти од мојата генерација кои имаа просек 9.00 протестираа и бараа и на нив да им се укине партиципацијата, но добија одговор дека тие биле запишани под други услови и дека ништо не можело да важи ретроактивно. Пази богати, а овој закон за Академија на судии и јавни обвинители може да важи ретроактивно?!? Па и просек бараат?!?
    И да ја тргнеме ретроактивноста на страна, на таа Академија примаат само 9 правници годишно, кој попрво да влезе таму? Логично, само оние кои имаат дебели врски!
    Незнам дали ја гледавте седницата на Собрание кога го гласаа законот. Професорот Бучковски јавно стана и кажа дека со овој закон ќе се направи голема неправда на сите студенти кој веќе дипломирале или се во тек на студирање и предложи овој закон да важи за идните генерации што допрва ќе се запишат, што е логично. Но предлогот не беше прифатен од страна на владеачкото мнозинство.
     
    На temjanushka, JuLleE и Dafnee им се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Корект! А во генерација во цела држава, било на приватни, било на државни факултети, се запишуваат минимум 3000 правници. Да се направи природна селекција, па дури и пола да останат на додипломските, не би сакале сите да продолжат на постдипломски, земајќи предвид дека секако работа е тешко да се најде. Нека останат 500 да се запишат на постдипломски (инаку само 500 се само на Јустинијан Први примени на постдипломски во моја генерација, да не зборувам за на другите)... и шчо напраивме? :worried:
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    ^^Не сфатив што сакаше да кажеш :)
    Дали ја оправдуваш академијата зошто таму ќе се врши селекција или што?
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ноу веј. Селекција се направи во текот на годиниве, а нормално дека за таму ке се исселектираат каблираните правници, и МОЖЕБИ по некој ептен среќлија :?:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    во право сте за тоа дека условите треба да ги бараат за генерациите после донесување на законот,меѓутоа од моја страна нормално е дека ќе има услови кога ете само 9 годишно примале на академијата,тоа сакав да кажам со првиот пост.А незнам што нација сме кога само еве вака по форуми си коментираме,си ги знаеме правата кои ни следуваат а не си ги браниме!!Правниот факултет и така е тежок па уште и државата да те зафркава :x многу лошо дојде со овие нови закони,учиш,се трудиш а нема никаква гаранција дека тоа ќе ти се исплати некогаш
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894

    Хмммм... права за никого нема во државичкава наша, штом прописи паѓаат на Уставен и упорно се применуваат, зошто да се буниме и ние, кога никој не би не сослушал?
     
  12. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Сакам да прашам , ја сум втор семестар на правен факултет и сега првите 6 недели иаме само 2 колоквиуми за полагање од вкупно 5 предмети , дали ке ни дадат слободна недела или нема да ни дадат засо се само 2 ?
     
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Феминки ве молам, ако има некоја што е втор семестар(1ва год.) да ми пише лп, ми требаат некои информации за книгите(авторите)... Фала ви :)
     
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ако има некоја што била на правен нека каже како преживеала Римско ? ! :D Леле колку е тешкооо :( :sweat: некој совет инаку Гоце Наумоски ми предава некој совет насока прашања какви дава ? ! Полагаме уште малку јас читам читам и никако не можам да запомнам тоа поимите ме решија :(
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Абе не е тешко толку римско,за разлика до граганско што навидум изгледа лесничко и интересно...Римско потруди се на колоквиуми да го исчистиш,и немаш гајле,а поимите потруди се или со асоцијации или напамет некако(нема мн избор :D ) Може вака страв те фака дека никад нема да го свариш материјалот римско,ама нема везе,само бара повеке читање и сконцентрираност ;)
    Граганско би ти посочила да го спремаш интензивно,иако ти е за во јуни,ама со родна и нејзините граганско и стварно нема заебанции и играчки :D :puke:
    Информатика,граганско и англиски-не ги полагаш сеа,не паничи,тие ти се директно на испит во јуни,и информатика е коректен и познат поголемиот дел од материјалот,нема тешкотии воопшто(да не прочитаат овие од ЕКТС,па да погинете после во јуни :D ) затоа ке речам ок е информатика :D и англиски,и устав..граганско е најтежок па следи римско хухуху :)
     
    На Macedonianbro му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Римско прв колоквиум отидов на тепка. И положив со 29 од 35, со тоа што имавме можност да полагаме со практикум пред себе. Имав јас и прашањата главно ми беа од таму. Не знаев кој поим што значи, но по логика успеав да определам. Ми влијаеше во голем дел цела младост помината во гледање латиноамерикански серии. |(
    И не се потресувајте многу, не е којзнае колку тешко ако ептен не се опуштиш. ;) Пробајте на колоквиуми да полагате и ке си го олесните цело студирање.
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Фала девојки ќе видиме што ке бидне :) :*
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    знае ли некој за испитнава сесија во јуни,кога ке биде,по новиве распореди? само преместуваат нешто со датите,а во студенски не крева никој веке 2-3 дена :D
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас римско го средив на колоквиуми, ама нас не ни дадоа практикуми да користиме. Имав многу прашања од практикумот, цели цитати на латински и да препознаеш за што е одредбата. Посебно за вториот колоквиум се скапав учејќи го тој делот за облигации, душава ми знае колку се расправав со тие договори, пакти и разни други облигациони односи.
    Димче веќе не е демонстратор, така што немате гајле, барем што се однесува до есејот. Јас кај него го правев првиот есеј и ми даде само 13 поени, а поправниот го правев кај Есин и она ми даде 20ка! Башка ни рече самите да си одбереме тема. Димче беше многу строг за оценување на есеите, имаше некои негови чудни критериуми и ретко даваше убави поени. Ама затоа за предавање му немаше рамен! Ептен е квалитетен, јас кај него немав пропуштено ниту едно предавање и се си учев од час :)
    Инаку јас кога полагав, имаше разлика меѓу прашањата на Гоце и Бучкоски. На Гоце прашањата ги правеше Димче и беа дадени до детали и стварно беа тешки. Кај Бучкоски се бараше само општо и беа полесни. А сега како ќе биде со прашањата - не знам.
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Извинете вака да се убацам,ама сретнав во некоја тема на форумов за Симон Визентал пишуваше нешто барам сегде нема. Да ме упатите нешто да не знаете од тука пошто ми треба за Вовед во право а вие сте правници :) п.с. дали е ова доволно? http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx ... stID=63380 ;/