1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од паника, јас студирав по старата програма, одевме само на испити, па не се жалам. Колоквиумите си имаат свои предности, ама имаат и мани, така да ако си фати темпо на учење, ќе си направи распоред кога и како ќе ги полага испитите и нема да има проблем.

    Е сега за професорите, јас кога студирав Добринка Тасковска беше страв и трепет на факултетот. Сите што се паднаа кај неа или кај Мицајков, се преместуваа во групата на Бајалџиев, и после испитот кај него го полагаа, во мое време можеше да се преместуваш на предавања или вежби. Сестра ми кога полагаше вовед се падна кај Бајалџиев и добро помина, ама кажуваше дека најлесно поминала групата кај Тасковска, демек жената давала поени од активност, есеј итн. Значи индивидуално е :)

    Кандикијан бара многу, не е лош човекот, ама си бара знаење. Сепак мислам дека тука многу голема улога игра Стојков(асистентот на Кандикијан), а Стојков е душа човек. Е сега материјата е досадна и тешка, барем мене ми беше, зошто никогаш не ме привлекувале економски предмети, ама не е нешто несовладливо.

    За Билјана Поповска незнам што да кажам, зошто ние немавме контакт со неа, се одеше преку Мишо Докмановиќ. Мислам дека сега по новата програма Историја на право се минува лесно, барем по она што сестра ми ми има кажувано и лесни прашања давале.

    Социологија на право е досадна материја, и мислам дека Јасна е подобра опција од тој другиот слабиот Владо ли се викаше незнам.
     
  2. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Јас сум сеа прва и многу ме фака страв со новава програма,а и не ми е јасно сеа бодови од есеи и активности нема да има?
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.018
    Еве јас сум по нова програма.
    Економика, доколку научи ќе помине. Сепак не е лесен предметот, а плус и економски предмет е и зависи дали и лежат овие предмети. Мене ми беше потежок, ама добро го научив и за Применета Економика маки немав. И секако најбитен е асс. Стојков, ама нема маки со него, еден од подобрите и покоректните ассистенти е.
    Историја на правото по новата програма е еден од полесните предмети, Мишо малку го тепа занес, ама не е лош како Илија по Вовед во правото. Не дај боже да се паднеш кај Мицајков.
    Душата ми ја извади, трипати го полагав и трипати паѓав за 2 поена. Не дава поени на есеј ниту пак за активност. Предметот до ден денес ми е при свежо сеќавање, како го научив. Добринка порано била страв и трепет, ама групите кои беа кај неа и Вовед и Филозофија минаа најлесно. Дури полесно и од кај Балајџиев.
    Кај социологија на правото секако дека подобра опција е Јасна. Јас имам пријатно искуство со неа.
    И овој начин на оценување е за поздравување. Браво. Нешто паметно и од кај нас да излезе.
     
  4. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Фала ви ептен БоаВиста и Јуллее, и реков да прочита на сестра ми малку да се подсмири бидејќи дома плачки и кукања по цел ден слушам.
    Неа и се овие асистенти:
    -Милена Апостоловска- социологија
    -Александар Спасов - вовед во правото
    -Иванка (Ина) - историја на правото
    -Катерина Шапкова - економика
    Ја разбирам бидејќи е голема разликата меѓу средно и факултет таму за цела година што учеле овде е материјалот за 6 недели, ама мора да се учи факултет е ова не зезанција хехх.
    Она е преплашена од Историја имале 4 книги, па ауу, како на испит ќе оди дали се ќе запамти и такви работи.
    И ајде уште едно прашање од неа да се утеши хаха Дали на правен може да успеееш да Препишеш нешто или не?
    Најверојатно во Јануари ќе имаат испити со по 5-6 прашања дел од темите да раскажат освен кај тасковска која имала тестови со прашања од повеќе нивоа.
    Фала ви девојки
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Од овие асистенти што погоре си ги напишала ги знам само Спасов по вовед, малце занесен е човекот, ама не е лош. Е сега за препишување, штознам, ако има дарба и ако знае да се снајде можда и ќе може да препише. Ја само еднаш се обидов да препишувам Трговско право во трета година, немав книга фатено и спремав ливчиња, сите сремаа по трговско де, никој не го учеше, ама јок, ништо не успеав да препишам и си паднав. Зависи многу кој асистенти ќе те чуваат дури полагаш и дали си снаодлив :)
    А за историја да не се секира, ако не друго барем лесна е материјата, лесно се памти, за разлика од останатите три, историја ќе му дојде како приказна да читаш :) Поголемо внимание нека посвети на Вовед во право, обемно е, доста теоретски и комплициран е првиот дел(држава), а вториот дел Право е полесен. За економика незнам што да ти кажам, јас кога полагав се полагаше цел испит и имаше повеќе прашања, логички беа прашањата, и имавме да цртаме графикони, да пополнуваме табели, а мене тие работи ич не ми одеа и мака си видов дури ја укапирав економиката. Обично економика ја сметаат за потежок испит зошто 90% од правниците бегаат од математика и такви некои си глупости, не дека во економиката имаш нешто многу математика, ама поврзано е и така. Социологија на право не е многу обемно, ама е филозофски напишано и тешко. Јас добро поминав, мене асистентка ми беше Александра и беше ептен фина :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сите ги знам :)
    Милена е малку така прчла, со носот во воздух, и тешко дека можеш со неа на крај да излезеш. Спремна е штиклата да ја извади и да мава со неа, ако некој да препишува или да дошепкува.Предметот како предмет не е тежок, иако се спомнуваат многу имиња. Нека го фати со континуитет, зошто верувај, после низ сите книги има работи од социологијата на правото. Значи битен предемет е.
    Спасов мене не ми беше асс. ама ме чуваше на неколку есеи. Звучи малку застрашувачки кога ќе ви кажува какви мерки превзимал, ама мислам дека доста препишуваа кај него, од ливчиња. Тоа за него знам, а за предметот можам да кажам дека мојата генерација лесно помина што се должеше на располоеноста на Тасковска. А како што е наоштрена сега, не знам баш.....
    Ина вака е срцкаста, фина е со студентите, сјајно ја заменува Б.Поповска(која патем нема да се појави на факултет) и на крај нас ни додаваше бодови за активност. Значи може кај неа да се додаде нешто плус, во корист на студентот. Материјалот стварно е така потежок, затоа што на испит има најситни детали, некои на кои не си им обрнал внимание. Повеќе време ќе треба да го спрема, зошто има многу за памтење.
    Шапкова исто е срце. Многу е фина, си бара учење, ама знае да излезе во пресрет на студентот. Бидејќи економика е заебан предмет, кај Шапкова може да оди кога сака и се ќе и објасни и ќе и помогне.
     
  7. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    БоаВиста и Старфиш навистина сте прекрасни ви благодарам од срце, ете ја сестра ми фатила да учи историја и сега ја карав се што мисли она дека е битно го прапишува на листови но според мене така мн губи време али нејзино си е, ве прочита и она, и ви е благодарна девојки
    Поздрав
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Кога бев прва, Вовед ми предаваше Бајалџиев и ние многу потешко поминавме за разлика од тие што беа кај Добринка, затоа што они книга немаа. Работеа од некои материјали што беа далеку полесни од книгата на Бајалџиев и од прашањата што тој ги даваше на испит. Оваа година за прва не знам дали она има направено книга, ама еве мене сега ми предава Филозофија на право и не ми изгледа воопшто за строга. Предавањата и се многу опуштени и брзо поминуваат. Не знам дали е до предметот, ама како и да е - јас кај неа предавање не пропуштам :)

    Кандикјан е подобар за разлика од Гроздановски, дури и Шапкова иако е кај двајцата асистентка, различно се однесува кон студентите во зависност од тоа кој им е професор. Кај тие на Гроздановски е построга, за разлика од тие кај Кандикјан. Ама сепак, и двајцата бараат да знаеш и им се логички прашањата, нема учење на памет под ниеден основ.

    Билјана кај нас се појави на неколку предавања, ама повеќе работата ја раководеше Мишо и Бојан демонстраторот. Мишо е строг, не пишува туку така поени за активност и бара многу знаење и работа. Дава можности за поени, во смисла на пишување академски труд, ама бара да вложиш многу, да истражуваш, да бараш материјали, и тие 5 поени не ги пишува туку така.

    А во однос на социологија, Владо веќе одамна не е предавач, си замина и сега работи приватно. И двајцата со Јасна се добро потковани со знаење, ама некако Владо повеќе беше заинтересиран да ни објасни и со поголема страст предаваше, целиот се внесуваше. :D Ако нешто не ни е јасно од материјалот, ако треба сто пати ќе го објасни само за да го сфатиме. Јасна повеќе си оди по шема - земи тема, предавај, еве ти поени.

    Од првиот семестар нема некои потешки предмети, едино ако економика не и оди па нема да може да ги разбере лекциите, особено за макроекономија.
     
  9. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Девојки си имам мака...прва година сум на правен и еве сега за една недела имаме колоквиуми...но Вовед во право кај Ристова-Астеруд и Социологија на право кај Бачовска никако неможам да сватам..значи толку е обемен материјалот и тупаџиски просто да се чудиш.Сакав да прашам дали ќе го бараат само основното(зашто сега ќе имаме само 15 прашања-компјутерски),јас стварно незнам како да учам како изгубена сум, а и тие лекции што претходно сум ги научила сум ги заборавила...што да правам да се задржам ли само на најбитното од лекциите и најосновното или да учам се'(ако успеам некогаш да научам :lol: )?? :^) А и плус тоа на крај имаме испит...главата ќе незнам кај ми е :worried:

    А и колку се веродостојни тие прашањата од материјалот што ги има по копирнициве ???
     
  10. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    И јас сум прва сеа на Правен премногу ми е страв за колоквиумите сеа целата сум во паника, кај нас Бачовска рече кој сака да полози со 6ка да ги научи само презентациите,јас сеа го учам предметот и тапа е многу е досаден нз шо ке се прави.А тие прашањата нз јас ги купив ке ги читнам што да прам друго :)
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Џабе ви се прашањата од копирниците.
    Тие се наменети за системот по кој студираат постарите генерации вклучувајќи ме и мене.
    Инаку предметот е досаден-факт. Ама содржи основи без кои не можете да учите понатака.


    Ќе оди некој на забавата следниот петок? :wasntme:
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Немојте многу да одите на варинјанта мозгања и логички поврзувања (конретно за социологија),јас вака правев и знам вадев на страна социолози,па до нив нивните дела,и само се уплеткував и заглавував.
    Едноставно седнете му здраво на материјалот таков како што е и тоа е тоа.
    А за прашањата и јас мислам дека нема да ви паднат,ама исчитајте ги,чисто колку да се проверите до кај сте,и да имате урнек како се движат типот на прашања.

    А Старфишке,јас ако би одела,тоа би било само некоја бомба за да подметнам бидејки сите ке ми се на купче,и чисто да пратам од надворешен дел(од кај економски или на паркинг позади) :geek: :D
    Се шалам,јас сигурно неодам :wasntme:
     
  13. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Фала ви девојки...ќе седнам да учам па сега колку научам толку ќе му биде.И кај нас спомна нешто Бачовска за презентациите ко демек тие биле прашањата,најглавното,немало други прашања..во стил презентациите да си ги претвориме во прашања.
    А и јас мислев така за прашањата по копирниците дека се за тие што се по старата програма, веројатно за нас ќе стават други зашто сме прва генерација по новава програма.
    Инаку нема да одам на забавата, не верувам дека ќе биде нешто посебно.
     
  14. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Девојки,кажете ми тие што имаат Вовед во право кај Каролина Астеруд,од која книга се учи ?
     
  15. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    ^
    Од книгата на Бајалџиев, а јас сакам да прашам дали и вас ви рекоа да ги учите само основните работи, нас по сите предмети ни рекоа така, бидејќи после ќе сме оделе на испит, еве и читам постарите кажуваат дека нема нас да ни се паднат прашања како од копирниците ... незнам како да учам, страв ми е да не има и нешто друго :sweat:
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас новиов систем не го разбирам баш и не знам зошто толку ја усложнија работата.
    Од она што јас се сеќавам, прашањата кај Бајалџиев особено за првиот колоквиум не беа ни малку лесни. Мене тој ме испрашуваше за еден поен на целиот материјал! Ме седна кај него во канцеларија и кога почна да ме врти низ книгата, не знаев главата кај ми е. Ама за среќа бев ептен добро поткована и не му утнав ни едно прашање.
    Сега замина во пензија, ама новава генерација учи од иста книга. И не знам зошто секогаш така викаат „учете го само најосновното“ кога на крај на испит ќе ти лупнат некое прашање што Бог знае од каде го ископале! Од некоја си фуснота забутана со фонт 5,5 па или најди ја |(
     
    На Marie.m му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    И друго сакам да прашам ... Викаат компјутерски се тестовите, се прават на компјутер се логираш со твојата шифра - тоа ок, ама ми рекоа дека со самото логирање системот сам ти бира прашања и кај сите се различни прашањата и испомешани. Така беше и порано или ова ново е, и дали воопшто така ќе биде? Колегите таков муабет вртат... можно е на пр. да ти се паднат повеќе прашања од една тема а од другите помалце или ич да нема :^) Ај ве молам некој ако знае да ми каже, ако ништо друго барем ние од првата генерација вака што студира да знаеме на што сме :worried:
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас на тој принцип полагав многу испити. Всушност, не се сеќавам кога последен пат сум боела кругчиња :^) Инаку да, се логираш со твој број на индекс и шифра и нема групи и веќе формулирани тестови. Е сега, како ќе ти се падне среќата. Може да ти се паднат многу лесни прашања од материја која ја знаеш. Може па да ти се паднат прашања од тема која не ти е баш научена. По стварно право едно исто прашање на мојот испит го имаше по 3-4 пати...
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прашањата на компјутерот се рандом. Си ги меша како сака, па не е чудо да се падне дупло прашање.
    Се случува да се паднат прашања само од две теми. Или пак прашања од целиот материјал.

    Јас сакав да прашам, дали се знае кога точно се полага?
    Нели во петок е прославата, а мене три пати ми го преместија колоквиумот, па сега има некое соопштение за тој ден. Ептен сум во збунка, не знам кога полагам.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Јас го погледнав изменетиот распоред и за моите полагања нема ништо сменето. Петок - вторник - четврток - петок.