Љубовен триаголник

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Jassumjas, 21 ноември 2010.

  1. Jassumjas

    Jassumjas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Значи вака, јас сум машко :o
    не дека го читам форумов, туку една другарка нон-стоп ми праќа линкови на фејсбук од странава, моментално имам еден проблем и барам женско мислење...се надевам не се лутите! ;)

    Не дека сум некој тупав или нешто слично, но се работи за (можеби ќе звучи детски), но малки посериозна работа (барем за мене) :rofl:

    Малце бекграунд, :) имав врска 2 години за која мислев дека е совршена и за која стварно се трудев, ама се распадна :( и отидов 6 месеци далеку во странство да застанам на нозе...се вратив неодамна и мислам дека нешто се заискри со една колешка од факултет со која до пред некое време немавме никаков контакт.

    Сега се запознавме, мислам дека супер комуницираме, ама се плашам дека сум во триаголник...имено, неа ја запознав преку другар, којшто во меѓувреме, додека јас не бев тука, се зближил со неа. Мислам дека нема ништо меѓу нив, ама сега е малку смешно, оти секаде сме тројцата, а он ништо не кажува дека нешто се интересира за неа...

    Девојчето е многу фино и убаво и мислам дека почнав да се вљубувам, а по друга страна не сакам да брзам, за да не зае*ам нешто :) :inlove:

    Има два проблема, првиот, другар ми и вториот што за два месеца треба повторно за половина година да одам во странство...не сакам да ја изгубам, оти многу ми се допаѓа, а не сакам ни да останеме само на другарска база...мислам дека таа се интересирала за мене и порано (дали? да не си јас замислувам само?), дека јас имам немакедонско презиме и пред некој ден ми кажа дека секогаш ја занимало од каде потекнува моето презиме...а од една нејзина другарка слушнав дека уште во прва година (пред 2 год.) ме забележала во групата (100 души)...

    се надевам дека приказнава не е предолга и дека некоја ќе помогне со некој совет...како женските размислуваат во овој случај?...фала и поздрав! 8)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Молам за помош/совет!:)

    ... еее стварно си во тесно ...

    Зашто така сите тројца излегувате ?

    Си разговарал ли воопшто со другарот? тој знае ли дека ти се допаѓа девојката ?

    Би можел да пробаш нешто меѓутоа пак треба да одиш во странство ... не би ти препорачала врска да почнете 6 месеци не се мал пеиод таа да те чека ... ајде да се долго заедно ке разберев ама вака ...

    Јас мислам дека и неа и се допаѓаш инаку не би се интересирала за тебе ... ни за презимето .. и не би ни излегувала со тебе.

    Разговарај со другарот па пробај си ја среќата.

    Но ако ја свиѓа и он тоа е малку ... малку потешко но сигурно ке се најде некое решение.


    . :)
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Молам за помош/совет!:)

    Прво - прашај го другарти дали му се допаѓа девојката, па ке видиш како ке реагира. Ако негира, тогаш кажи му дека тебе ти се допаѓа. Ако ви се свиѓа на двајцата , нека избере она :)
    A второ, ао за брзо време се враќаш во странство пак, незнам како би градел врска - преку телефон? Преку скајп? На пример јас не би сакала нешто со некој кој е тука само 2 месеци, па после да си патам по него и да чекам со месеци да го видам.
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    63.568
    Пол:
    Женски
    Молам за помош/совет!:)

    Ако отидеш ти пак, а таа продолжи да биде блиска со другарот, ќе биде со него. Најубаво остај сега, не превземај ништо, Мислам покажи и дека ти се допаѓа, но не прајте ништо, ќе ви биде тешко и на двајцата. Кога ќе се вратиш ако биде слободна пробај.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jassumjas

    Jassumjas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Молам за помош/совет!:)

    абе тоа што јас ќе одам, морам, оти се работи за мојата кариера...јас ќе се потрудам и средам таа барем еднаш на месец да дојде и да ме види (во случај да биде нешто)...туку ме мачи тоа што Марама го кажа, дека ако ништо не направам, таа ќе се зближи со другар ми, којшто го прашав, ама се прави будала и не вели ништо дека му се допаѓа...а јас му кажав дека јас се интересирам за неа...
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.889
    Молам за помош/совет!:)

    Не го прашувај другар ти. Туку ти кажи му дека ти се допаѓа девојчето, кога веќе тој ништо прв не превзема. Малку е не фер, ама снајди се па живеј. :)
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Јас не знам зошто би требал да го праша другар му и зошто би било не фер ако не го праша . Па не се маж и жена тие . Знаеш како оди и ако ја свиѓате двајцата , јебига , кој ја освои ја освои . Тргни во акција . Мада малку е глупо тоа што си идеш за некој месец . А многу ќе седиш во странство ? И јас не би сакала да почнам со некој нешто и после да патам ..
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.646
    Ко прво извести си го другарот на време пред ти да бидеш тој "од страна" ,а ко второ извести го девојчето :) Ти сакаш ништо да не превземаш и све од небо да ти падне..епа мало сутра така :wasntme: Вака на ништо не си ..толку се мучиш за со другарот што ќе биде а незнаеш ни дали девојчето има чуства за тебе..Отвори се малку и на двајцата :!:
    ;)
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Рече дека се два проблеми!
    Првиот проблем е другар ти! Штом тој досега не презел ништо околу девојката, штом не започнал врска со неа, штом односот и после толку време им останал другарски...тоа значи (по моја логика) дека тој воопшто и нема да направи нешто со девојката! Значи патот ти е чист! Не го прашувај многу другар ти дали му се допаѓа и што планира со неа, туку покажи му дека тебе ти се допаѓа и дека сакаш нешто повеќе отколку другарски однос со неа!
    Вториот проблем е твоето замиување во странство! Да не се залажуваме, ние девојките сме малце скептични за опстанокот на такви врски! Едно е да сте биле во врска подолго,па ти сега да треба да заминеш во страство,а друго е да ја започнете врската пред ти да заминеш во странство!
    Сепак зависи од девојката и од нејзините ставови во врска со таквите врски... но како и да е ќе ти треба време (Кое за жал го немаш многу) за да ја убедиш дека ќе се потрудиш да ви успее врската!
    Ај со среќа...и да не заборавиш да не известиш како се одвиваат случувањата...љубопитни сме :$
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.889
    Ах, за странство ќе ја пратам другарка ми Keyt да ви кажува, таа има вереник и така функционираат. Беа во врска 3 месеци кога тој замина во Америка тој таму беше 6 месеци, си дојде на месец ипол и сега пак е таму. Поопширно, таа ќе ви раскаже :)
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Јас мислам нема што ти некому да даваш извештај кој ти се свиѓа...што ти се намерите...Собери храброст ако ти треба и повикај ја на кафе(значи закажи си средба)...После знаеш веќе што треба да правиш.Само биди отворен и искрен со неа.Нема што да чекаш ни пак на другарот да му се правдаш.Убаво ти кажа Оффи...снајди се па живеј!
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928


    Се согласувам со Џули, викни ја да излезете некаде и кажи и дека ти се свиѓа.. Па потоа работите ќе си го земат природниот тек. А на другар ти нема што да му се правдаш, кога тој не презел ништо и воопшто не ти се доверува дека му се допаѓа, а ти викаш дека почнуваш да се заљубуваш во неа. Па затоа собери храброст и дејствувај, зашто инаку ќе си останеш само со прашањето. А и ако и се допаѓаш и ти неа, тогаш и да заминеш странство ќе те чека... ;) Со среќа и јави што ќе направиш :)
     
  13. Marzipanita

    Marzipanita Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site!
    Dolgo vreme sum fan na femina forumot i stalno ve chitkam tuka-tamu koga sakam da se relaksiram, ali profilot sega go napraviv, samo za da vi go kazham mojot problem, zatoa sekoj komentar kje bide stvarno od ogromno znachenje za mene..
    Vaka znachi studentka sum vo stranstvo, ne sum vo Makedonija, vtora godina sum i imam dechko koj go zapoznav tuka. Zaedno sme skoro 9 meseci. Se zapoznavme na fakultet i stvarno super ni ide, mnogu si go sakam i sve toa.. On pocna da raboti kako mlad istrazuvac-student vo laboratorija na nashiot fakultet i negovi kolegi se ustvari nashite profesori i asistenti. Ovaa godina eden postar profesor dobi otkaz od rabotno mesto i na negova zamena e eden od kolegite na mojot decko. Toj e mlad profesor, nekade 10-11 godini postar od nas, ali ima dokorirano uste na 27 godini.. Na pochetok mi se dopagjashe onaka, kakov pristap ima do studentite, kako predava, negoviot predmet mi e ushte od pochetokot na godinava omilen itn itn.. Ali sega pochna da me privlekuva na mnogu drug nachin.. Mislam deka sum vljubena do ushi vo nego, po celi denovi samo za nego razmisluvam, edvaj chekam da idam na predavanje.. Duri izleze i deka mi e sosed.. Bukvalno koga go gledam imam takva ogromna zhelba da go gushnam, duri i smotano mi e... Tolkava mi e zhelbata, shto mnogu realistichno chuvstvuvam praznina vo sebe deka ne ja dobivam taa pregratka, ko do sega da sum zaspivala sekoja vecher vo negovi race.. Sega ide i pointeresniot del..:
    Nekolku pati po zavrshuvanjeto na predavanjata otidov da mu postavam blic-prashanja nesho povrzano so predmetot i so ispiti.. I chovekot bukvalno taka se vcrvi vo liceto ne mozham da vi opisham, duri cheloto mu beshe crveno! Imashe shiroka nasmevka, od uvo do uvo koga me gledashe kako mu se priblizhuvam.. Na ispit duri mi pomogna i so edno prashanje koe ne go razbrav, i koga vide deka go odgovoriv tochno povtorno se nasmea od uvo do uvo i mi reche "Da toa e tochniot odgovor", izgledashe srekjen kako malecko dete!
    Posle toa, sluchajno ne sretna so dechko mi, nie dvajca jadevme i odevme nakaj fakultetot, a toj od nikade i nishto samo skokna i ni reche "Na zdravje!"..
    I jas vekje sum izgubena, ne znam na kade da se svrtam... Mojot decko znae deka ovoj profesorot mi e simpatija, ama ne znae deka i sum ludo vljubena vo nego!
    Eve vekje 2 meseci mi se sluchuva ova, mislev kje mi pomine ama ne mi pominuva nikako.. Dnevnikot mi e celiot ispishan samo za nego...
    Ne znam dali mu se dopagjam ili ne? Zhenet ne e sigurno, no mozhno e (a mozhno i ne) da ima devojka.. Sram mi e da mu kazham, bidejkji e moj profesor.... A tolku sakam da mu kazham..! Toj mentalno me privlekuva, ne fizichki i ovde e celiot problem.. Ve molam za sovet, i fala vi shto izdrzhavte do kraj haha ! Pozdravche <3