1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовна комбинација Овен и Вага

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од xxAngelxx, 23 јануари 2012.

  1. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Што би кажале на оваа комбинација? Дали навистина се надополнуваат еден со друг, или постои голема разлика помегу нив? Споделете некое искуство...
     
  2. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    Јас и дечко ми сме овен и вага. Мислам дека поубава комбинација од оваа неможе да има.Следнава статија детално го објаснува односот и можам од искуство да потврдам дека се е точно.

    Вага и овен се спротивни знаци во зодијакот, а сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат. Љубовта помеѓу нив се раѓа уште од самиот почеток, како резултат на нивното огромно уживање во заеднички поминатите мигови. Вагата сака баланс во сè, додека овенот не знае што значи зборот воздржаност. Вагата ја привлекува храброста, решителноста и иницијативноста на овенот, како и неговата подготвеност да презема ризици. Овните се цврсти личности, кои имаат свое мислење за секоја тема, но понекогаш избрзуваат во своите постапки. Вагите пак, се високо интелигентни и аналитични личности кои сакаат да соработуваат и да ги решаваат работите по мирен пат.
    Присуството на вагата во животот на овенот може многу добро да му влијае, доколку тој научи да ја слуша. Шармантната вага внесува хармонија во врската и таа може да го научи овенот да се однесува со стил. Овенот за возврат може да ја научи неодлучната вага да донесува одлуки базирани на интуиција и да ги претвори идеите во реалност.
    Овенот е секогаш добро друштво, од кое не може да ви досади. Вагата е софистицирана личност, која секогаш се труди да биде одмерена во односите со своите пријатели, додека овенот има побунтовен дух кој вагата може да го контролира со својот хумор.
    Во кревет, вагата и овенот се страсни љубовници, кои обострано уживаат во нивниот сексуален апетит. Нивните очи може да почнат да „шараат“ по други луѓе, но само доколку им стане здодевно. За да не се случи тоа, овенот и вагата треба да се потрудат да го одржуваат нивниот однос жив и непредвидлив. Вагата сака да стапи во брак кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа, но овенот не е сигурен дали сака да биде засекогаш врзан со една личност. Ако вагата сака да го задржи овенот во своите прегратки, ќе мора да го натера да поверува дека идејата за брак била негова.
    И двата знака имаат тенденција да започнуваат работи кои никогаш нема да ги довршат, без разлика дали станува збор за работа или за љубов. Навидум, во нивната врска лидер е овенот поради неговата моќна енергија и способност за убедување, но вагата е интелектуалниот лидер. И двата знака сакаат да ги држат конците во врската, па за да го добие овенот тоа што го сака може да се послужи со закани, а вагата со манипулација. Компромисот е основна алатка која може да го сочува здравиот дух на оваа врска. Среќа што дипломатската вага умее да ги балансира работите, за разлика од овенот кој мисли дека попустливоста значи потчинување. Поради тоа, вагата ќе мора да се труди да ги исполнува желбите на овенот, за да ја задржи хармонијата во врската. Од оваа љубовна комбинација обата знака можат да научат многу, бидејќи секој од нив го надополнува она што другиот го нема.
    Извор од кој се црпени информациите: http://www.kafepauza.mk/astrologija/vag ... mbinacija/
     
    На Speechless, mari77, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Врската вага-овен, особено кога личностите се типични претставници на хороскопските знаци, може да биде мноогу бурна. Многу страст, расправии... и многу добар секс :D
     
  4. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    А што со дечко овен девојка риба?
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Сексот е добар, другото зависи од карактерот, вагите многу вараат и се многу непредвидливи и такви никакви, сум имала една долга и една пократка врска со типична вага, јас сума овен типичен овен. и со првиот бев затрескана, ама со вториот се она што ми пречеше како карактеристики типични кај вага, кај вториот ме извадија од такт. велат дека вагите завршуват ко протитутки без ништо оти се мн манипулативни и расипани, 90% од вагите што ги познавам спаѓаат во мојата категорија на лоши луѓе.
     
  6. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11

    Како така?? :wasntme: Вагите се чувствителни и нежни личности. :P :P
     
  7. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Babyblond воопшто не се согласувам со тебе, не би рекла дека вараат баш напротив се многу верни и во врската сакаат сигурност. За расипани и манупулативни никако!

    littlebadgirl- така е! ;)
     
    На vaga95 и LittleBadGirl666 им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Јас си кажав од лично искуство, па вие како сакате мислете.
     
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Јас се согласувам со тебе вагите се многу лоши. Јас имав врска со еден што беше вага полошо не можеше да биди |(
     
  10. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    велат дека вагите завршуват ко протитутки без ништо оти се мн манипулативни и расипани, 90% од вагите што ги познавам спаѓаат во мојата категорија на лоши луѓе.[/quote]

    поточно од ова нема на форумов
     
  11. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    LittleBadGirl666 се сложувам со тебе :)