Проблемов го пишувам поттикната од другарка. (Кој го имав и јас кога бев во врска ) Се жали дека секогаш кога дечко и излегува сам со другари, постојано се во ново (секој викенд ново) женско друштво, дечко и кога ќе се поднапие е преблизок со девојки (им се удвара, игра со нив, ги чести постојано), дома ги носи тој со колата, фб е преполн со нови слики.....итн.... Разговорот никако не им помогнува, секое излегување за него е иста шема. Дали сте имале вакви искуства и што би правеле вие? На темава нека се пишуваат и сите останати љубовни проблеми околу ноќните излегувања.
Хах! Не би трпела некој таков во никој случај! Да носи дома девојки во кола, да им се удвара, и сигурно- мува со нив! Па онда нека не влегува во врска кога сака такви ствари, се знае дека кога некој стапува во врска треба да стави крај на таков вид излегувања... Во ред е да се гледа и да излегува со другари, но ова што го раскажа ти е типично однесување на момак со статус сингл кој воопшто не ја почитува ниту пак мисли на својата девојка.
Не помага разговор? Ок. Тогаш кравја лепешка врз хаубата додека е паркиран во центар, нож во гумите и рицинусово масло во пијачката може ке го смират фраерот. Сериозно. Мајка ми го има направено тоа со рицинусовото масло и после типов го стегнал пролив на сред денс со цурици, па му течело по нозе. Грозно е, ама после не му текнало да излезе во дискотека.
Се согласувам со Ози. Дечкото не ја почитува другарка ти. Сфаќам да има женски во друштвото, дечко ми има другарки и излегуваат некогаш, ама со нив е израснат и ги гледа како сестри. А овој се знае една вечер со нив и ги части, ги таксира по дома, ИМ СЕ УДВАРА? Па јас незнам зошто другарка ти ситуацијава ја нарекува врска. Кога очигледно дечкото се смета за сингл.
Ами таа излегува некогаш со него? Или ја има за „она“ и таа си умислила во глава дека е во врска? Мене овде не ми се дефинира врска никако, тој си ја има ко златна рипка, а наваму натаму се чмае со други, па и слеп би видел дека типов не ја ферма ни два посто ! Е богами треба малце да се подзамисли другарка ти, машко друштво понекогаш им е потребно на дечковците, ама секоја вечер сам со ново женско друштво и таа сеуште си го нарекува дечко, е не бива!
Кога излегуваат заедно тој е `малку` поприбран. Иначе има во друштвото синг другари, па баш тие во друштвото им носат нови девојки. Најголемиот проблем е што околината (тој, другарите и некои девојки) го оправдува неговото однесување, наводно дека е нормално, дека додека не ја изневерува што сака нека прави навечер...итн... Јас и другите другарки не го подржуваме тоа, па затоа решив да го напишам проблемот овде (со знаење од другарката, секако).
Ти ако имаш 24, тогаш и другарка ти е приближно на таа возраст, и срамота е да поставувате вакви прашања големи сте, зар не сфаќа другарка ти дека тоа со "дечко и" не е врска, тоа е недефиниран однос. И извини ама за да му дозволи такво однесување она треба да е смотана зашто дечкото е повеќе од очигледно дека не ја почитува ниту ја сака. Нека не си го губи времето со такви, да не мисли дека е последно машко на планетава.
И сигурно ова „малку“ поприбран воопшто не ни постои, барем таков впечаток имам од она што го напиша досега..... Совет до другарка ти-под итно нека ја заврши врската. Нема што да се малтретира со некој таков човек, кој фактички воопшто не ни смета дека има девојка и дека треба да ја истретира како таква. Нека се отараси од него што е можно побрзо, додека (не дај Боже) не заглавила емотивно во оваа таканаречена врска. Со него очигледно нема разбирање, штом со муабет не се решава проблемот, и не пројавува никаква волја или интерес нешто да промени во врска со тоа-клоцата во г`з, и чао пријатно.
Тогаш кравја лепешка врз хаубата додека е паркиран во центар, нож во гумите и рицинусово масло во пијачката може ке го смират фраерот. ме насмеа верувај дека типот штом е ваков сега, нема никогаш да се смени-зенкар е зенкар и другарка ти нека се дистанцира од него, оти со ваков ниту врска, ниту нешто посериозно мозе да има
јас не би била со ваква особа нокогаш....значи секоја девојка заслужува да биде почитувана и сакана како што доликува од спротивниот пол....а овај дечко очигледно е дека нему е стало до тебе и нема никаква намера сериозна со тебе освен забава.....најдобро ке ти биде да го пуштиш него и да си најдеш некој кој те заслужува.....и не се секирај ако си сама повеќе време тој што треба да биди за тебе сам ке си дојди
Ваљда имаат отворена врска да секој прави што сака. Не значи дека ако испие некоја чаша алкохол сите девојки се негови . Детето е неиживеано
Затоа и проблемов го поставив овде. Верувајте не е секогаш лесно на другарка да и` кажиш да го откачи дечкото, дека не ја заслужува. Не знаеш како ќе те сфати, поготово ако е затрескана во него. Јас и другите другарки не ги оправдуваме неговите постапки и и` кажуваме дека премногу му дозволува. Сепак, еве и самата ќе ги чита вашите постови, за да види и друго мислење.
Абе затова не треба да се има работа со деца................................... това је ништо друго неиживеаност, ама кој да разбере. Кој што сака нека рече ама проблемот је што самата другаркати си го прави това........... интересни се бунтовни и опасни момци и да си докажува самата на себе дека само нејзе ја сака пошто нели постојано и се враќа....................... ако не и дојде памет што поскоро све полошо и полошо ке станува
A kolku vreme se vo vakva "vrska"? Od iskustvo kazuvam a i pogore imaat napisano. Zenkar si e zenkar. Vo mojot slucaj bivsiot bese nesto slicno kako ovoj i strasno me nervirase. Mu kazav deka mi preci i prestana da iskaca. Fala mu mnogu sto me ispostuva povke od godina ipol ama taa neiziveanost pak si izleze na videlina. Zatoa neka go otkaci dodeka ne i kasno ko na mene. Zatoa prasav kolku vreme se zaedno? [mod-kirilica:johueroy][/mod-kirilica:johueroy]
Во врска се година ипол, си идат по дома, тој е многу пријатен и воспитан дечко. Кога го запознавме и` рековме дека дечково многу вреди, среќна е кај го нашла. Навистина таков е. Ама денски! Но, ете си имал мрачна/скриена страна. Не е за смеење , ама дечково навечер се преобразува во друг човек. Пред се` кога ќе се поднапие станува навистина друг човек. (алкохолот така му делува? ) Многупати навечер сме го гледале и ни било незгодно и жал да и` пренесиме на другарката како се однесува (иако таа самата си знаеше). Затоа, што девојчево е премногу емотивно. Но, на крај секој ден почнавме да и` `трубиме` дека НЕ ја заслужува. Никој не и` гарантира дека отпосле забавите не оди со тие девојки да ја изневерува. Да се надоврзам на ова - на вечерно излегување, во диско, гледам каде дечкото ја изневерува тогашната ми најдобра колешка од на факултет. Таа секој ден зборуваше од убаво поубаво за него, беше затрескана во него. И не знаев дали да и` кажам. Како да и` кажам. Многу незгодна ситуација. За среќа по неколку дена самиот тој и` раскинал, ама јас никогаш отпосле не и кажав за неверството. Не сакав да страда. (Можеби згрешив, не знам.... )
Аууу јас ваков не би трпела. Фала богу што го немам тој проблем, уште тоа ми фали. Инаку мислам дека на другарка ти дечко и не ја сака доволно штом секој викенд излегува само со другари. Да не има нешто што не треба таа да знае па не излегува со неа, или досадно му е со неа за излегување. Чекај да погодам, тој е некое 20 годишно неиживеано теле така?
он не сака да искачам ја сама нигде,па затоа нема ни тој,или заедно или ни еден ни друг ,а он штом почнал да шета и да прави така нема назад
не мора да значи дека секој женкар е женкар...јас би стоела на тоа дека за секој женкар има девојка што ќе го смени,,,и мојов така правеше такси им беше на девојките хехех,кога ке сретневме некоја се гушкаа и така седеа гушнати..итн...тоа беше првите три месеци од врската додека не го знаев неговото друштво,кои се во друштвото а кои не...кога сфатив како стојат работите...му одржав една добра лекција,имаше расправии,со еден збор револуција хехех.па сфати што треба да прави а што не.дека не смее да ги носи дома,не смее да излегува со женско друштво(освен некоја акое на некој негов другар,па се вклучи во друштвото)и не смее да се гушка со девојките,како што правеше...
Како му одржа лекција објасни ми те молам Мојот само чека нешто да се закараме и одма ке му ја дувне со другарите и после јас сум била лута и љубоморна..... смачено ми е више секој ден се караме за тоа, место не го држи дома- он бил у тие години коа требало да шета а не да седи затворен дома... и што треба да правам јас? како полицаец се осекјам... дајте кажете што да правам, како да го вратам во нормала??