Годинава е при крај, па не е лошо да имате традиционална тема за љубовното годишни резиме. 2010 е беше добра или лоша година во однос на вашиот љубовен живот? Нова врска? Раскинување? Голема љубов. Продолжување на долга врска... Што ја обележа оваа 2010 кај вас? Оценка за љубовта годинава? Што очекувате во иднина? Во 2011 сакате подобро или да продолжи баш како оваа 2010?
Убава тема. Моето љубовно резиме: 2010 ја дочекав во мојата љубов,но раскинавме во февруари. Истиот месец се фатив со мојот најдобар другар, со кој бев во врска три месеци. Врската заврши катастофа. Подобри бевме како другари, во тоа време мислев леле колку го сакам, но сум се лажела, го сакав мојот бивши т.е. сегашен дечко. По раскинувањето на таа кратка врска продолжив да се гледам со сегашниов дечко, а официјално се смиривме пред три месеци. Не ми земерувајте за датумите, немам орентација за време. Сега сум среќна со мојата љубов, со која поминавме се и уште поминуваме низ тешки маки за да бидеме заедно, но љубовта е посилна од се.
Љубовно резиме за 2010: Ја пречекав на поинаков начин, на плоштад, ладно, уплакано, со идиот од дечко. Со триста маки почна, иако си ветивме дека во н.година вртиме нов лист. Во февруари раскинавме. Пак со триста маки, долго време, не можам да се осудам да почнам врска, се само некои авантури, кои траат предолго за авантура. Колку и да се трудев да се заљубам, на првото нешто што ќе ми засметаше, јас одма ставав крај. Се заљубив, но џабе, истото не го добив за возврат....но, уште не знам што ќе биде. Но, знам дека сум уплашена, од тоа што ме чека, се плашам да не се повтори истото. Можам брзо да се заљубам, но и се ладам брзо...Не знам се сменив, не се свиѓам оваква.
Љубовно резиме за 2010 : Ќе ја паметам по најголемиот пресврт во мојот живот раскинав долгогодишна врска , тагував , плачев се до пред некое време кога се појави тој -мојата нова љубов баш во мометнот кога најмалку очекував.Би требало да е најлоша година во поглед на љубовта но јас ќе кажам најдобра за ова што сега го доживувам вредеше сето патење сета болка и секоја солза што ја исплакав.Не рекле за џабе " да го стигниш врвот прво треба да го допреш дното". Јас го допрев дното но сега се ближам кон врвот.Посакувам и се надевам дека новата година ќе ми биде исполнета со исто толку па и со повеќе љубов и ќе ми биде посреќна од 2010!
Љубовно резиме за 2010: Годината започна полека и бавно. Како предигра Јас точно знаев со кого си имам работа и не сакав да напнувам. Не го силев ниту него, ниту себе и не сакав да се втурнам во врска, таква типично балканска, сериозна и официјална, во која учествуваат сите комшии, роднини и пријатели, кога всушност главните улоги ги имаме САМО ЈАС И ТОЈ. Нормално, не можеше да одолее на мојот шарм и харизма и полека, со мимики, крикови, погледи и гестикулации си признавме колку си значиме. Годината 2010 е најубавата во мојот живот и во Љубовта. Јас сум едно среќно вљубено суштество, не жалам за мојот труд и трпение, затоа што вредеше. Вреди тој и многу повеќе.
2010 година на љубовен план беше најдобра,иако ја дочекав вљубена во еден идиот што не заслужува ниту трошка внимание...Во јануари се запознав со сегашниот дечко,секој ден,месец,беше се поубав...Се надевам дека ќе биде слично и во 2011!
Љубовно резиме за 2010 на една сопруга Се сакавме од многу одамна, продолживме да се сакаме и во 2010 година , и секоја наредна година со него ми е поубава и повозбудлива, се чувствуваме како вљубени птички на 15 години . Се надевам дека ке биде така и во 2011,2012,2013,2014,2015 се до крајот на нашиот живот
моето љубовно резиме за 2010. Годината почна надвор од градот... Со него. бурно и страшно. Тедимече во сменета клима. Синусите и прскаа од болка. Пиеше хормони. Тој а јас од а до ш. Кавги колку сакаш за безвезе. Не дај Боже да ми преречеше нешто. Секако ужасно почна. Кризата ја поминавме. Пак се беше убаво. Дојде фамозниот први мај. Надвор од градот. Тедимече пак под дејство на хормони. Страшни болки. Пак кавги. Милион пати му реков да не одиме. Тој сакаше. Јас желбата му ја исполнив ама си го однесе за се. Несвесно навистина. Ама и страшно појако од мене.После секој збор јас плачев а тој вриеше. Помина и таа криза. Дојде одмор. Убаво беше. бевме 25 дена. Малку имавме рчки. Се заради други луѓе. Некако тој стана од мене разочаран. Се претворив во створење кое тој не го препознаваше.Ни физички ни психички. Пак појако беше од мене. Ставивме крај. Патеа двајца. Страшно многу луѓе околу нас беа разочарани. Од двајцата. Два бика.Два инаети.Две тврди глави. Едниот зрел.А јас дете. Дете наивно и блесаво,на кое и влијаат туѓи мислења и повеќе од потребното. Плашејќи се тргнавме заедно по ист пат пак. Невозможен е мојот живот без него ни неговиот без мене. Сега е добро.Среќна сум.Се трудам и се труди. Среќен е.Му го гледам тоа во очите. Сакам пак да ме гледа со старите очи а не со овие уплашени. Полека го постигнувам тоа. Во мојот однос кон него никој не смее да се вмеша. Во нашата врска. Наша си е. Освен една форумџика. Господ ме натера да и се отворам и од неа да научам многу работи.Голема благодарност до неа.Веќе си знае која е. Една љубов не е составена само од титкање,секојдневно гледање,детско однесување. Научив многу.Се сменив многу.Не се сменив туку пораснав.Можеби е тешко.Но со многу труд се ке биде добро. Сума сумарум оваа година беше предобра за мене. во секоја смисла. И покрај тупавите глупави моменти љубовта победува. Луѓето грешат и простуваат. За наредната година сакам само се да биде добро. Да не ни се сменат чувствата.Се да биде подобро и да немаме кавги. Тука јас играм голема улога. Да продолжиме да си веруваме.И секогаш да си знаеме дека тој е правиот за мене. А јас за него. После се.Јас и тој. Двајца а како едно.Се сакаме и одиме заедно по патот. Можеби уплашени ама ... ни еден настап не е совршен без малку трема. Извинете за долгиов пост. Ама ете ја резимирав мојата година на долго и широко.
Годината си ја започнав со моето сакано на прекрасно место. На почетокот на годината ги запознав неговите, а малку подоцна и тој моите родители. Се љубиме секој ден неизмерно. Далечината не' разделуваше, јас таму, тој тука ... Почнав се' почесто да си преспивам кај него. Летото на одмор-прекрасно. Тогаш и почнавме да се обидуваме да го направиме првиот плод на нашата неизмерна љубов. Почнаа преговорите за веридба иако сите мислеа дека сме верени а по само некој месец стигна и радосната вест за позитивниот тест Набрзо си ја направивме и веридбата Ете денес и си ја закажавме официјално свадбата. Она што е најбитно - ниту еднаш се немаме скарано ниту го имаме повишено тонот еден на друг. Секое утро се будам со љубов посилна од се и од сите, љубов која е неизмерна, нема доволно зборови во човечкиот јазик за да ја опишам големината на нашата љубов !!! Посакувам сите да си ја пронајдат совршената половина и да се борат да ја зачуват до себе !
Пааа, прилично бурна, интересна и напната љубовна година. Во новата година си влегов сингл, без никакви проблеми, никој не ни сакав и се си беше топ. Се дур не го запознав него. Набрзо во фебруари си се заљубив, во март веќе бидна работата и пак набрзо во мај си се заврши се. Онака само беше мување, без обврски али ипак ми падна тешко. А и он беше еден необјаснив кретен и дете невидено.. Среќа се помина. Нека ме моли сега, и јас него го молев и не ми е ни гајле. Летоска за жал не се деси ништо, никој не засакав повторно и така си поминав, без никаква летна авантуричка. Си почна новата школска година, и потоа си дојде ОН негде на почетокот на ноември. Е тогаш тотално на све и секој заборавив. Некако како преку ноќ да го засакав, а и тоа уште полошо за мене. Баш како што велат. Забранетото е најслатко. Не смееме ништо да направиме.. А јас толку копнеам да направам некој чекор.. Ајде, се надевам ќе помине и во Новата Година, нема да бидам толку баксуз во љубовта, се ќе биде подобро и ќе си најдам некој нов.. и АСАЛЕН за разлика!
Љубовно резиме за 2010: годината ја започнав сингл.... првата нејзина половина беше СУША! Доста стресен период за мене, ако ме разбирате. Од половината па натака лутам од еден до друг, се‘ некои мали авантурички од еден бакнеж составени. Барем успеав да го отпишам идиотот кој не можев со години да го избришам од животот. Amen to THAT!
Па љубовново резиме ми е баш краткичко. Имав една врска,која убаво почна,беше супер,ама заврши. После имав уште една пократка врска. Неколку безвезални излегувања. И тоа е тоа. Се надевам на повеќе среќа во љубовта оваа година...
Моето лубовно резиме запоцна со мојата најдолга лјубов до сега, па врската се прекина дојде нова лјубов, траесе 4 месеци и 14 дена, па заврШи(имаШе и предлози од неговиот другар дека е залјубен па да си ја пробаме среката заедно) па се смиривме со првата лјубов-испадна узас-повторно другар со лубовна изјава следуваШе мала пауза , па потоа неШто до сега сосема поинакво, со едно момце-се мувавме до сега еднаШ , ама типцево се залјубило во мене, па ке видиме Што ке се слуци за до крајот на годинава. Мегју време излегуванја, друзенја, запознаванје со други типцинја, за сега ниШто конкретно
Моето љубовно резиме за 2010: 2010 ја дочекав со мојот нов дечко. Значи, тазе заљубена, уште малку како несвесна и со поматен ум. И како што одминуваа месеците, се повеќе и повеќе се заљубував... и тоа во некој , во кој не сум очекувала. Ни на крај на памет не би ми паднало дека јас и тој може да бидеме таков спој. Идеален... Барем на љубовен план годинава ми цветаа рози. И планирам да ја завршам , како што ја почнав. Љубов, и само љубов.
Моето љубовно резиме -иако сум во брак 6 години, а имам 25 години на љубовно поле сум сосема исполнета,од детали, ситници до големи изненадувања. Јас на сите форумки им пожелувам нареднава година да бидат опкружени со повеќе љубов, внимание, почит. Секој со својата среќа кога тогаш ќе ви се насмевне, само не се разочарувајте бидете оптимисти и надевајте се на подобро утре. Јас така успевам и функционирам во животот и би ви ја препорачала книгата ,,Моќта на посвеста,, да ја прочитате. Од се срце ви посакувам сите да бидете опкружени со љубов и внимание бидејќи тоа го заслужувате тоа го сочинува животот.
Љубовното резиме за годинава сите ми го знаете Љубовта наша најголема ја крунисавме со веридба и заедничко живеење, па понатаму ќе има и една свадбичка(иако на форумов веќе се реализираше )
Јас оваа година немам љубовна приказна Само флертови, симпатии и некои краткотрајни занеси СЕ што може да се резимира е откачување од една долгогодишна симпатија и една нова симпатија со која имаше секакви перипетии.....(ова од посериозните симпатии) Моментално статус кво....тапа бе брат ај наредна ќе биде подобра...се надевам
Неколку дена пред 2010 го запознав него. Блескав од радост со секој нов час поминати заедно. Како мало дете тогаш само се смеев, заборавав да јадам од пеперутките кои ме нападнаа. Вечерта на Нова Година тој се испијанчи - машка работа. Почна да ми кажува каков живот има, ми се отвори премногу, дури и се чудев па само 15 дена се знаевме. Плачевме заедно, првпат во животот прифатив да му помогнам на некој, да му го направам животот поубав на некој. За прв пат не бев себична и да мислам само на себе. Љубов, инает, нерешителност, несигурност - од моја страна. А тој љубов, трпение, смиреност. Заедно скоро секој ден. Многу француски бакнежи, танцувања, смеење, солзи, се... Си помагавме заедно и сеуште си помагаме. Растам крај него. Се молам да е вистина тоа што го имаме и никој да не ни расипе се што градиме.
Ах резиме, па и љубовно 2010 ми запоцна со нова љубов, но на крај моите се замешаа и прекинавме средина на лето запознав еден али ништо, само се бацивме еднаш и толку....нешто се уфилма кутриот, кариери итн............. и баш сега пред крајот на 2010 запознав еден и он убаво се покажа..........смотковци...ке речеш повозрасен, попаметен, стабилен....ништо само глупости............ и ќе си ја дочекам Новата со другарки во странство.....они не ме изневериле до сега и не ме разочарале ))
Моето љубовно резиме за 2010 изгледа отприлика вака: Новата Година ја дочекав со моето злато(тогаш бевме заедно 3 месеци), сеуште бевме "свежи" и се ни беше интересно и забавно. Зимата 2010 беше волшебна за нас, нешто најубаво, најмагично . 1ви Мај исто така го минавме со неговото друштво во нивниот град, возбудливо, ептен забавно и неповторливо во секој случај . Како се ближеше летото, се повеќе се плашев за нас и нашата врска бидејќи се зближивме премногу, а сега требаше да се разделиме физички на неколку месеци.. Се гледавме многу поретко, на 2недели и некако ни помина и летото со одење на гости еден кај друг, прошетки и прекрасни мигови. Со душа чекав да почне студентската година за пак да сме заедно секој ден. Ми недостигаше и сакав да го имам само за мене . Еве при крај е годинава, а јас ќе ја паметам како најдобра до сега во мојот живот што се однесува до љубовта. Се надевам дека 2011 ќе ни биде уште подобра, повесела, посреќна и секако полна со мноооогу љубов