1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов има, но кавгите ја рушат секоја надеж..

Дискусија во 'Канта' започната од b.u.n.n.y, 26 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Нова сум на форумов , па немојте да ми занемарите ако сум згрешила нешто правејќи ја групава :)

    Сега имам еден проблем .. Со дечко ми,тогаш муватор ‘се мувавме, два месеци почна од онака .. многу се зближивме и решивме да почнеме врска, и почнавме . Првиот месец забушаваше му бев последно место беше незаинтересиран, но јас се заљубив и на месец и една недела, точно на неговиот роденден му кажав те сакам.. сакав да направам нешто посебно за него. И се беше во ред убава врска ретки караници согласување но тој некако почна да претерува, бев пушач оставив ради него алкохол се немав напиено изгубив другарка поради тоа што нему не му се допаѓаше. правев се за тој да е среќен и да биде со мене. Но стигна да ми каува еднаш месечно со другарките, до 12 саат дома, нема дискотеки за тебе без мене, сваќам незгодно е чуството ама доверба треба да се има рабирање и малку слобода..У меѓу време малку повеќе кога ќе се занесевме ‘додека гледавме филм, машко како машко ајде бе ајде немора однос нешто друго .. и јас несакав и се лутеше секогаш и мислев дека сум му само за тоа,занимација.. После третиот месец јас бев на одмор и 10 дена не бевме заедно сватив дека премногу го сакам кога се вратив не се двоевме .. и стигна до мојот прв однос.. ја изгубив невиноста со него , се разочарав се однесуваше како јес конечно ! .. не ни праша дали сум добро.. помина тоа, грешеше и пред тоа но простував некој мали работи, но знаат да погодат и да болат. бевме и заедно на одмор не ме пушташе да сум со друштво и ми беше најубаво покрај тоа што се зголемуваа караниците .. тоа беше јули . Дојде август 5ти месец од нашата врска .. искочив со друштво без да знае тој бидејќи не сакаше да слушне за тоа , ме прашаа каде со ти, сменета си , мило ни е за тебе ама тонеш .. размислив. Го изгубив своето јас се правам како што му одговара а за себе? не гледам воопшто.. Почнав со разговори да смениме некој работи дека не ми одговара тој упорно по свое го молев го молев секако се обидов, неможев веќе и пукна .. не сакав да го изгубам направивме пауза , но после 3тиот ден не издржавме се слушнавме му реков посвети внимание на друштво јас на мое малку да се олабавиме па после ќе биде подобро. Така и беше. Се смиривме 2 дена беше добро , и пак по негово не сакам другари да имаш неможе да искачаш поише од еднаш бла бла бла.. караници караници секој ден плачење нервози до септември 6 месеци .. полудев.. И бев дома тој ден, зборевме на мобилен телефон , на фиксен ме побара другар му се израдував од детството ми е, и му реков на дечкото ќе ти се јавам да дозборам на фиксен , тој не сакам да слушам што ти ќе збориш, и му спуштив, ме изнервира. после почнав да му објаснувам, треба свое јас, свое ти некоја приватност не може само ние да постоиме, тој не ти криеш нешто ти ова ти она.. прерасна во болна љубомора .. и пукна врската раскинавме.. пак се гледавме ќе искочиме муабет да направиме ќе пукне во караница лом се правиме и цело време така се мачевме, и се договоривме да прекинеме да преќутиме ако треба само нормално да се видиме .. не успеа пак и пак се каравме на прифаќа кривица.. оладивме.. една недела не се видовме ( во меѓу време се слушавме ) и осетив дека го сакам уште ми е стало ама неможам , уморна сум од давање шанси и разочарувања знам дека пак ќе биде истото не очекувам дека ќе се смени знам дека нема.. му кажав дека е најдобро да се разделиме и сега деновиве треба да се видиме .. тој ми префрла ти не ме сакаш не даваш шанса ќе видиш дека ќе е подобро по твое ќе е .. да беше така немаше секое искачање и после раскинувањето да се караме ,тој не се труди , мисли дека се труди но не .. сега јас сум виновникот што немам храброст пак да почнам незнам што да правам .. неможам веќе да се мачам сама себе.. не прифаќа мој идеи имаме различни мислења компромис едвај се наоѓа .. знам би рекле пробај пак, ама секое пробување е само ново разочарување ..
     
  2. martinxx

    martinxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    iskren odgovor od masko ,,,mlada si ,,begaj od taa vrska ,samo problemi ke si imas ...kako so gledam toj nema sansa da se smeni ,,pozz
    [mod-kirilica:249sje8q][/mod-kirilica:249sje8q]
     
    На b.u.n.n.y му/ѝ се допаѓа ова.
  3. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Знам , осеќам дека нема .. Но тој упорно ми ја префрла кривицата и почнува да ми кажува работи како , на улица нема да те познавам како никогаш да не си постоела.. покрај се то сме имале заедно тоа би можел ли да го направи ..
    Се плашам да не прекинам за секогаш па сватам дека згрешив :/
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Си се пронајдов во текстов.Значи со дечко ми после првиот однос премногу се приврзавме.
    И двајцата бевме љубоморни,не само тој.но се обидував да ја скријам мојата љубомора.
    Така беше скоро година и пол.
    Се сакавме,но и се изолиравме од многу нешта.
    За да престанат кавгите јас не излегував со другирки,со некој кој ми бил другар во минатото и здраво престанав да правам.
    Сега се смени се.Не е повеќе тој љубоморниот.Почна повозрасно да размислува.
    Моите другарки просто го обожаваат.Ако ми се излегува со нив му кажувам и ништо не ми преправа,за разлика од порано.
     
    На b.u.n.n.y му/ѝ се допаѓа ова.
  5. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Барем се сменил, сте нашле решение :))) мојот упорно не се менува и не осеќа дека губи .. И да кога сме кај другарките, мојте па почнаа да не сакаат да се воопштво со него, за мене седат ама што е до нив не би.. имс е однесуваше како да ме поседува.. :worried:
     
  6. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    После толку дадени шанси кои завршуваат со ист крај, ти се мислиш дали ќе згрешиш??? ДА ќе згрешиш ако му дадеш повторна шанса. Оддалечи се од него, па фино би било и да не се поздравувате за почеток. Можеби првите неколку месеци ќе ти биде тешко, но верувај после некое време ќе се осетиш прекрасно, слободно, исполнето, ќе бидеш своја, она што оддамна не си била....
    Обнови ги пријателствата, излегувај, дружи се, почни повторно да го живееш животот кој те исполнува...
     
    На b.u.n.n.y му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ^слично и кај мене.порано имаше такви препирки,каде со кој,цел ден искочена(само не до толку како кај тебе),но во последниве месеци многу се намали тоа.дали дека сме позрели,дали дека многу почесто сме заедно или почнал да ми верува повеќе,не знам.сакам да кажам дека може да се смени,како не знам,нема тука рецепт,треба време или нешто друго,но голема е веројатноста и да не се смени.кога веќе си решила да се оттргнеш од него,додржи до тоа,можеби баш така ќе му дојде памет
     
  8. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Има разлика од карактер до карактер.
    И јас немав надеж и мислев дека никогаш нема да се смени.Но ете се случи.
    Тој сеуште нема доволно доверба во тебе,а потребно е време додека да ја стекни.
    Јас спомнав дека ги изгубив другарките поради него и не се каам.Не ми биле вистински другарки.
    Тој што имаше лошо мислење за нив во право беше.
    Ти пробај да го зближиш со твоите другарки.Јас така сторив со моите нови другарки.
    Јас бев со нив и неочекувано го викнав и него.Едвај го натерав да дојди.
    Тие имаа погрешен впечаток за него,а и тој за нив.Одкога подобро се запознаеја неговиот однос се смени.Виде дека се добри личности и ги засака,а и тие него.
    Дури мислам дека ова ми беше најдобриот потег за да настани убав пресврт во врската.
    Затоа немој да бидеш сигурна дека нема тој да се смени.
     
  9. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Bunny ти цел живот ли со него вака мислиш да поминеш,
    он после некое време ќе ти забрани многу нешта,
    ќе ти забрани и да дишеш дури, од лубомората што ја има,

    јас те советувам да прекинеш што побрзо, нема да се покајеш
    ќе најдеш подобар дечко, овој сигурно не те заслужува!!
    крај!!
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Нема да се смени. Таквите не се менуваат НИКОГАШ. Може уствари да се смени, да стане и физички насилен и да ти ја бапне една некој ден, а после со солзи и поклони да те убеди дека - маче тоа е од Љубов. Дека мноооогу те сакам, затоа. :^)
    Ваквото љубоморно посесивно однесување е болест.
    Кој е тој бре девојче да ти наредува тебе? И ти нему?
    Нема другарки, нема излегување, нема не знам ти што, дрн дрн јариња...
    Ма со кој памет дозволувате некој да ви го управува животот?
    Овој дел посебно ме извади од такт
    Ти сама си го бараш.
    Или си мазохистички настроена кон својот мозок и живот, па сакаш максимално да си ги измачуваш.

    Кога ќе сфатите дека ако сте во врска не значи дека светот ќе прекине да се врте?
    Денес имаш дечко, утре ќе те шутне и ќе немаш со кој здраво да си кажеш и кафе да се напиеш.
    Башка овој твојот цветка за мирисање... Мераци.
    Ако сакаш да си патиш, смири му се.
    Ако сакаш да си живееш, прекини контакт и КРАЈ.
    Имаш само 17 години, животот е пред тебе, ќе си го расипуваш за некој кретен... Бог да чува од такт ме вадат вакви постови... :@
     
    На Strumfeta93 и b.u.n.n.y им се допаѓа ова.
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ова најмногу ми се допадна не ти треба таков човек стави крај и тоа да биде навистина крај :)
     
    На sea-star и b.u.n.n.y им се допаѓа ова.
  12. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Имам една блиска другарка т.е. веќе и не ми е толку блиска поради дечко и.Љубоморен е!Болно љубоморен!Од друг град е и не и дава да излегува,мора да седи на мсн со него или на телефон,не и дава да се запише на факултет да студира! АЛООООО до каде дојде човештвово?! И ќе ми кажеш дека некој таков те сака?! Сака да те остави проста необразована! И зошто сето тоа забранување?Да не го изневери..Па ако сака да го изневери ќе искочи пред куќа ќе се излапа со било кој и крај! Ц ц ц..Како помала кога си сакала да одиш по дискотеки до касно твоите кога ќе те искарале си им се бунела? СИГУРНО! Епа кој е сега дечко ти,што е тој повеќе за ти да слушаш и да правиш се што ќе ти каже?Јас би те советувала за крај..Ако сепак во тебе постои трошка надеж позборувај прво со него кажи му се што ти лежи на душа кажи му дека и без да одиш во диско или со другарките на кафе ти можеш да го изневериш,но не сакаш.Не е убаво да ти ја ограничува слободата.И едно запамти никој не е должен да трпи некој друг! Се надевам ќе ја решиш ситуацијава ..бакнежи :*
     
  13. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3


    Е да бидам искрена во право си :)
    Секогаш си викав дека нема да дозволам по машко да сум таква ама очигледно се заљубив и малце повеќе не размислував , сега кога ќе размислам се каам за одредени работи ..
    Мислам дека е редно повторно да си бидам јас, старата јас :)
    Благодарам на сите :*
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.