1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов на патиштата (Las Vias Del Amor)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Majuv4ence13, 21 август 2012.

  1. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли на оваа серија?

    Љубов на патиштата е мексиканска теленовела која што е снимена во 2003 година.Кај нас се емитуваше на А1 Телевизија

    Содржина

    Перла е сиромашна девојка која што живее во мало градче,но мора да замине од таму затоа што е принудена да се омажи за старец.Перла е видовита и може да ја предвиди иднината.Таа се заљубува во Габриел,но тој има девојка Соња,а Перла мора да биде со старецот кој што и се заканува дека ако не се земе со него дека ќе го убие татко и.Тој има син Енрике и уште еден брат Себастијан Мендоза кој што е многу богат и моќен човек.Енрике се заљубува во Перла и на венчавка во шампањот им става на двајцата седатив во пијалокот за спиење и двајцата истата вечер заспиваат,а Енрике влегува и го убива сопствениот татко за да ја земе Перла.По смртта на старецот Себастијан Мендоза(неговиот брат) ја обвинува Перла дека таа го убила и сака да ја убие,но таа го зема татко и и бегаат заедно во друг град.Таа таму оди кај Габриел,и сакаат да бидат заедно но неговата девојка Соња тоа никогаш нема да го дозволи.Таа е упорна и сака да ги раздели нив.Прави секакви сплетки и злобни стапици но не и успеваат,па затоа решава да го запали лицето на Перла,Перла и Габриел одат заедно во дискотека и Перла оди со другарка и до купатило да ја среди шминката а Соња со киселина сака да и го запали лицето,но Перла се брани и Соња сама го запалува своето лице.Себастијан Мендоза конечно ја наоѓа Перла и решава да ја убие затоа што мисли дека таа е убиецот на неговиот брат и ја дави во неговиот базен,незнаејки дека Перла е невина и дека таа е неговата ќерка која што толку ја барал.Таа преживува и дознава дека сите години ја лажеле и дека оној човек кој што со години го викала тато не и е татко туку Себастијан Мендоза,човекот кој што сакаше да ја убие.Таа не го прифаќа за свој татко a а тој оди во затвор.По некое време него му стигнува касета од неговиот внук Енрике и на касетата му кажува дека тој самиот го убил својот татко а не Перла.
     

    Прикачени фајлови:

  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Las Vias Del Amor (Љубов на патиштата)

    Сакаш да кажеш Патишта на љубовта.
    Се сеќавам, 'мало учениче' бев кога ја даваа. Поприлично беше гледана. Ништо посебно, онака за тепање време. Јас не ја пратев нешто многу. Од што сите ја гледаа бев во тек.
     
  3. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Las Vias Del Amor (Љубов на патиштата)

    Јас кога играше серијава имав околу 4-5 годинки и и досадував на мајка ми да ми прави плетенчиња како на Перла главната глумица и секој ден излегував пред зграда со такви малечки плетенчиња..Бев влезена во филмот дека сум Перла :rofl: :rofl:
     
  4. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Las Vias Del Amor (Љубов на патиштата)

    Ова како ми враќа спомени....
    Мислам дека кај нас ја даваа во 2004 :?: Перла како Перла не ми беше интересна за гледање ме нервираше ликот. А тој Габриел ептен антипатична личност ми беше. Интересни ликови за гледање беа:
    Енрике - шизофреничарот кој што е вљубен во Перла
    Себастијан Мендоза - многу кул лик и јас гледав за да ја пратам љубовната врска меѓу него и Летисија мислам дека се викаше (актерката која што игра во Триумф на љубовта - Бернарда) ама таа ќерка и Исаура си направи филм во глава дека е заљубена во Себастијан (или се правеше, не ми текнува) за да се омажи за него и да побегне од сиромашниот живот а тој секогаш ја гледал како ќерка на жената што ја сакал.
    Летисија - скромна жена која што се бави со продажба на козметика и се обидува на своите деца да им обезбеди се преку чесна работа. Синот и беше добар човек ама ќерката (Исаура) ептен ме нервираше.
    Само не ми текнува како се сретнаа Летисија и Себастијан мислам дека она го мразеше а овој мислам дека преку ќерка и некако успеа да дојде до неа.
    Андреа - девојка му на Габриел со која заедно спасуваа деца од улица (ги хранеа и им обезбедуваа засолниште) иако после она малку се расипа ама пак беше милион пати подобра од Перла
    Соња - И она беше супер (какви само очи имаше) и со лузната на лицето пак беше најубава од сите
    Адолфо - Помалиот брат на Габриел кој не знам како не ми текнува сега бил разделен од семејството и пораснал без нив потоа кога пораснал станал згоден дечко и сопственик на дискотека во која Перла работи таму како Диџеј и тој се заљубива во неа (аман веќе |( ) ама добар лик беше и тој

    Ова сеа што го напишав е тоа на што се сеќавам кога сум ја гледала серијата. Мислам дека ја даваа негде околу 6 или 6:30 попладне на А1 телевизија. Си ја гледав ради други ликови а не за Перла
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Las Vias Del Amor (Љубов на патиштата)

    Во право си Соња беше преубава....А во серијата песните ги пееше Перла т.е Aracely Arambula,многу ми е убава и слатка и убаво пее..Имав и цд од неа и уште го чувам иако е расипано. :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=Eu6uslI7v4M



    http://www.youtube.com/watch?v=u4e4Vh7egy4



    Еве неколку сликички ;)
     

    Прикачени фајлови:

  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Las Vias Del Amor (Љубов на патиштата)

    Се сеќавам на серијава. Ја даваа на А1. Не ми беше многу интересна. Не ми се допадна тоа што има многу епизоди.
     
  7. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Ужасна серија