1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора помеѓу децата

Дискусија во 'Дете' започната од Vennera.aa, 13 октомври 2019.

  1. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Ајде да продискутираме на оваа тема, љубомора помеѓу децата, се однесува конкретно на љубомората помеѓу браќата и сестрите и најчесто е позастапена кај поголемото дете кога доаѓа новиот член братчето или сестричето но не е исклучена љубомората и кај помалото дете нели подоцна како ќе расте и осознава. Ако има ваква тема нека се премести мислењето во неа, јас барав но не наидов на слична.
    Инспирација за оваа тема ми е син ми кој и после 10 месеци откако се роди малата е љубоморен и веќе почнува да ме загрижува неговиот однос кон неа зошто станува агресивен, кон мене покажува револт и веќе за ништо не ме послушува, мм е по цел ден на работа ми се чини цел терет го носам сама и се осеќам на момент како да е тинејџер, а не дете од само 3 години. На почеток си велев период е ќе помине и гледав што можам повеќе да му олеснам, не ја доев пред него, во сите активности преоблекување, бањање, играње го вклучавав максимално, времето додека спие се трудев да го поминам квалитетно со него и се со надеж дека ќе ја прифати и ќе ја надмине љубомората која веќе е поголема од него и неможе да се носи со неа. Раздразлив е често плаче тантрумите му се секојдневие, се инаети и секој обид да му се приближам како да се оддалечува повеќе. Најпрво се повлече во себе беше тивок, незаинтересиран, игнорантен. Потоа еден период се опушти и беше ок до шестиот месец кога бебе почна да лази, да привлекува се повеќе внимание на себе и да му навлегува во ''неговата'' територија. Мене ми е секој нареден ден се потежок само секунда да свртам глава малата плаче или ја штипнал, удрил, сопнал, турнал. Зборував и зборувам како на ѕидот да му објаснувам вели добро мама не правам веќе така до следната минута. Се затекнувам во последно како ќе му викнам или удрам по газ и не нема никаков ефект напротив уште повеќе се инаети продолжува во очи ме гледа и ја потчукнува, гази, турка, ме провоцира. Не оди ни со добро ни со лошо, толку лошо се чуствувам, безнадежно, беспомошно неможам да допрам до него. Единствено кога спие малата е спокоен и се претвора во друго дете ќе дојде ќе се гушне, ќе пројави интерес за игра, активност. Тоа време го користам ненападно му зборувам дека го сакам, дека секогаш може вака да си играме, дека треба да си ја сака дада, да си ја чува, гали и се се сложува до моментот кога ќе стане од спиење и одам да ја земам од соба, влегувам со неа во раце и ме дочекува со друг лик.
    Какви се вашите искуства, како вашите деца ја прифатија новонастанатата ситуација и новиот член во семејството, како се справувавте и справувате со љубомората и љубоморните испади, дали траеше само период или продолжи таквиот однос и понатаму?
    (Секој совет и искуство е добредојдено)
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 2016305

    2016305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    i nie sme vo slicna situacija golemata vo januari ke polni 4 godini bebevo mi e 6 meseci na pocetokot bese mirna i dobra kon nego posvetena sega so tek na vreme pocnuva da go napaga udira zakacka. Mrni sme koga odi vo gradika ostanatoto vreme e haos. na strek su sto moze da se sluci.Se nadevam deka ke se sredi i ke se nadmine brgu periodov
     
    На Vennera.aa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Тој мисли дека ти повеќе внимание посветуваш на малата отколку него и сега тој во главата си формира филм како претходно било совршено и го имал целото твое внимание, а сега му е скратено.
    Пробај да балансираш, награди го ако те послуша нешто со врска со малата. Не го карај или плескај мисли дека не го сакаш доволно ко порано. Тешко му е се гледа, ама мислам ако бидете еднакви ќе биде подобро.
     
    На Vennera.aa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Го карам или се случува да го удрам во екстремни случаи, малата лази тој оди ја фаќа за рака и ја превртува на паркет или таа се исправа ја трга за рака за да падне, ситни закачки секогаш му ги објаснувам смирено го земам и во рака но тој се отурнува и оди повторно кај неа со намера да удри се обидувам да го сопрам почнува да вришти и се прпелка по подот упорно борејќи се во тој момент само да ја дофати, ова се повторува цело време само што ќе се смири после долгоооо плачење и се ''договараме'' нема веќе така првата прилика повторно ја напаѓа, веќе не го бројам тоа на секое што и ја зема секоја играчка од рака. Недај боже да ми се испушти некој мил збор кон неа или да ме види да ја гушнам или бакнам. Нејзино време е само кога тој спие и поради тоа ми е исто многу криво, се чувствувам ужасно бидејќи цело време како да е втор план. Гушкање групно не доаѓа во предвид веднаш плаче урла
     
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Лелелел што ти требаше темава....Дури иритантно ми станува кога ќе видам како крвнички го штипе.Искрено несакам ни да раскажувам што прави и како се бориме со се ова.Само кога сме излезени од дома заборава да го турка и штипе.И веќе препукнав од самообвинување и жалење де едното дете де другото.И фази и све налет 40 кг станав.И кај нас е се исто може за малкуууу поарно...
     
    На candy.cane и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  6. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Ххахаха јас по од нервоза се дувам изгледа, да се насмееме на маката.. Јас на моменти размислувам и да побарам мислење од стручно лице, педагог, психолог но ме одвраќа помислата како тоа ќе влијае на него. Се поболев веќе неможам да спијам од себе обвинување и одново и одново премотување на секоја ситуација каде ли грешам..
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Темава не е активна. Па може ке размениме некои нови искуства и совети.
    До оглед на ситуацијава некако не ми се оди по психолози,доколку познавате некој што работи онлајн може контакт во лп да ми пратите.

    Скоро 2 недели како нов член имаме дома. "Поголемиот" ми е 18 месеци. Навистина не очекував ваква промена. Од мирно и среќно дете стана "ѓаволесто".
    Кога ке кемка или кога морам да го земам во раце он ја стега вилицата како да се грчи,се мава по глава,оди шета љуто и ако го прашам нешто а бебето ми е во раце тој не ми регира. А кога бебе си спие тој е друго дете.
    Го вклучувам во активности носи/фрли но интересна ми е само пелената да ја фрли.
    И кога ке начека момент обавезно го мава. И тоа непредвидливо,најопасно.
    Спиев во друга соба но стануваше и ме бараше,сега спиеме заедно,но малово го буди па кога ке се разбуди мора во раце кај мене да е да спие.
    Почна сите да не мава. Едноставно детето ми се смена. И сакам да го опуштам но не ми успева.
    На моменти и лутина ме држи го казнувам и викам.
    Но до сега ни награда ни казна ми помогна...
     
    На enaena и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Happyinlove од Ивана нема подобра во Македонија повели:
    https://www.facebook.com/psihologhadzivanova/

    Работи онлајн само види со термини како е најчесто е пребукирана. Работи и со деца.

    Пиши и.

    Јас не знам како да ти помогнам освен вака. Држи се.
     
    На cresa-jagoda и Happyinlove им се допаѓа ова.
  9. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Јас бев во иста ситуација, моите се разлика год и 9 месеца. Значи првите два три месеца од кога се роди бебето, големава животот ни го направи пекол, не можевме до пред зграда да се симнеме. Буквално беше драма за се, мислев дека плачеше ама баш цело време. Кај ли не се обратив, сирупи за смирување и давав. Јас би ти препорачала да почекаш некој месец, ќе го прифати. Еве моите сега се први другари.
    Инаку за Ивана што ти ја препорачаа, јас не се согласувам и не е баш толку добра од лично искуство.
     
    На enaena и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Vanj4e ме интересира како малата се снајде со две? Имаше ли љубомора?

    Инаку личното и генералното мислење се два различни поима. Секогаш можеш да смениш услуга од која не си задоволен. Бидејќи на крајот на краиштата ти плаќаш.
     
    На gjoker4e, Happyinlove и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.252
    Допаѓања:
    124.698
    Поголемата имаше 2 год.и 2 месеци кога беба се роди.
    Таа едно дете кое вреди не за 10 за 20 деца.
    Инаетливо,темпераментно,
    плачливо,до немај каде.
    Многу тешка и напорна до немај каде.До ден денес само мама и со татко и седи.Сите моменти кога бевме приморани да ја оставиме ради беба денови и денови потоа низ нос ни ги вади.
    Нешто посебно ни јас не ја подготвував за беба,мислеќи дека е мала.
    Сама изба да се вика Бисера.
    Кога ја донесовме беба дома незнаеше што се случува.
    Кога ја виде најпрвин се израдува,ај мами беба мало,па веднаш почна да плачи неутешно,мислам од жал за мене,ме немаше видено 5 дена.
    Ајде потоа веднаш и даде цуце и чајче:D
    Најголема грешка што си го одделила за спиење.
    На почеток спиевме сите 4 сега јас и бебите.
    Се будат една со друга,ама нема шанса поголемава да спие со друг освен мама.Тоа тепање и хиатерично вриштење се додека не дојди кај мене.Се научи и да шепоти само да биде со нас;(
    Кога ќе се разбудешњ ноќе и ќе видеше дека беба цица,липаше,па ќе ја земев ќе ја стиснев во мене и ќе се смиреше.Или ќе ја дежев за раче.
    Еден ден мм беше дома после сама со двете до ден денес.Не сакаше ни баба да види ни дедо.
    Ни да ја пеичуваат ни да ја прошетаат,само со мама и даде.
    На 3тиот ден посака да цица и таа8)
    Како плачеше како ме молеше,се отепав од плачење;(посакав ад да дадам.Па со убедување дека млекцето е само за бебе ок,инаку е бљаке,лути како кромид се откажа.
    Кога за прв пат ја седнав беба во нејзината количка беше хорор.Значи до вчера таа се возела,значи нормално е:wasntme:
    Ден за ден се навикна,па таа ја возеше.Зборување дека е сега таа голема дада,таа ќе ја вози,ќе ја чува...
    Сега е беба 8 месеци,се е подобро.
    Се сакаат многу,како ја гушка,обожаваат брканица,се кикотат..на сите им ја покажува како е нејзина дада и колку е убава.
    Од прв ден сето внимание беше кон пофолемата со беба во раце која ни спиеше,само плачеше по нас ако не не гледаше.
    Ден денес плачи ако ја нема поголемава.
    Многу трпение,зборување...јас се пореметив изкрено ама еден ден ќе вроди со плод.
    @Happyinlove
     
    На minne992, hristinan12, lackygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Хепи, вака. Смени го пристапот. Сега е најтешкото, ама бодри се дека е фаза што не трае цела вечност, иако ќе ти се чини така. Не само бебето во раце, туку двајцата во раце. Да, знам колку факинг тешко звучи само да се каже, а не пак да се изведе тоа. Кога го земаш малото, кажи му и нему, дојди кај мама. Или фати го за раче. Оти тука настанува чувство на отфрленост и затоа те игнорира. Седнете оти иначе е тешко. Гушкај ги и двајцата. Кажи му да го смирите бебето заедно за да можете после да си играте заедно.

    Да немаш грижа на совест. Најискрено ти кажувам дека ќе имаш неброено многу ситуации кога ќе го имаш бебето во раце, а ќе му требаш на големиот. Нека не те плаши тоа, ништо нема да се случи ако бебето почека на кратко во креветче, освен ако има кој да превземе. Пошто ќе има и неодложни ситуации во кои ќе му требаш на поголемото. А и обратно. Во такви ситуации ќе гледаш што е поитно, а во останати, т.е сега во оваа фаза ќе ги имаш и двајцата. Нема да е вечно, не се плаши.

    Регресија ти има детето и се враќа во фаза кога бил бебе оти мисли дека бебето добива повеќе внимание и ќе направи се за да привлече внимание и тој. Се чувствува запоставено. Јас и ти знаеме дека тоа не е така, ама тој е сигурен дека е. Спиење во друга соба ти со малото, не ти е од корист, туку ти одмага. Чувство на отфрленост има и тука.

    Нема да помогнат награди, уште помалку казни или викање. Ќе помогне многу внимание. Знам дека така ти доаѓа и знам колку е тешко за контролирање. Ама ај пробај, кога доаѓаш во таква ситуација и нема кој друг да превземе со децата, остави ги на кратко, минута, две на безбедно. Оди у друга соба со бебифон и изнавикај се или плачи. Скроз сум озбилна со ова и го имам направено. Нека те води фактот дека детето не е криво, туку само не може да се справи со бурата од емоции и не знае што се случува.

    Кога се будат двете, прво ќе го земеш големото. Ќе го изгушкаш и избацуваш. Легни го на една рака него. После кажи му, ај да го земеме бебето за да го заспиеме, за да не те буди веќе. Треба да го научиме да спие како тебе, не да плаче и да те буди. Бебето на друга рака гушнато. По некоја минута, големото го префрлаш кај татко му, со тоа што му објаснуваш дека ќе го заспиеш бебето за да може он да спие и расте па после ќе се гушкате без плачки. Ако не сака да оди е во ред и остави го кај тебе. Ова ако доиш. Ако е на шише, ти го земаш големиот, мт бебето. Повеќе внимание на поголемото. Нема веднаш да престане со вакво однесување, но со вакви и слични ритуали во кои ќе му покажуваш дека се е исто како претходно, со тек на време ќе има промени.

    За да го прилагодиш на бебето, активности заедно со него. Значи тој ќе одбива игри, активности и сл. ама ќе бидеш упорна. Ќе почнуваш прво сама, ќе ти се придружи по некое време.

    Рецимо ги легнуваш двајцата на кревет и си играте обравчиња. Не постои таква игра, јас така ја викам. Ги бацуваш двајцата наизменично, а на поголемото му кажуваш дека обравчињата многу му се послатки, па ќе пропуштиш некое бацување кај малото и повеќе кај него.

    Друго, играјте си доктори, бебето нека биде пациент. Нормално со контрола и нежни допири кога ќе прегледува рецимо диши недиши. Спремете со поголемото некоја песничка или танц и бебе во публика да гледа. Кога го легнуваш, барај помош од него да го покрие. Играјте си кујна, он готви, му дава демек на бебето да јаде. (Нормално приближно до устичка, не во уста) Со вакви активности ќе оствариш соодветен контакт меѓу нив и ќе го прилагодиш на бебето. За се и секогаш фали го. Секогаш истакнувај ги позитивните страни на тоа да се биде "голем". Или доле на под, сложувалки. Бебе со вас, на подлога или релаксатор, сеедно. За да го навикне и да види дека не му е препрека за ништо.

    Недозволиво е да го мава и тоа мораш да му го ставиш до знаење. Со зборување и објаснување, а најдобро преку примери од приказни или практично, слободно купи му едно бебе и да се грижи за него како ти за малото. А братчето/сестричката (не знам шо имате) да го покрива, да му мести демек креветче, да му одбере облека и сл.
    Исто така, во такви ситуации кога мава или сака да мава, е сосема во ред да ја повишиш малку интонацијата на гласот, односно да бидеш сериозна. Не дозволувај да види дека губиш контрола. Симни се на негова висина и зборувај му зашто не смее.

    Во се ова треба да учествува и мт. Користи ја секоја прилика за одмор и помош. Нема зашто да чекаш и можеш слободно да се консултираш со детски психолог. Не мора да значи дека ќе го посетува. Ќе добиеш насоки кои ќе ви бидат од корист.

    Иначе, систем на привилегии и одземање на истите, функционира одлично кај моите деца.

    Леле се изнапишував, изгледа е пак викенд. :rofl:
     
    На Jana06, mamaJana, Oneo и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::l::l::l:
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Само казна никако не практикувај, кај што се осеќа дека сега бебето повеќе го сакаш, со казна уште понеубаво ќе му е.
    Исто така би ти предложила не да го вклучуваш во заеднички ситуации со бебето туку да го оставите бебето на некого и да правите активности само вие двајца. Само ти и големиот, излезете сами. И кажувај му дека го сакаш, многу.
    Со среќа
     
    На cresa-jagoda, Bjanka82 и Happyinlove им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    32.624
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано , Dankeschön :)
    Туку што да му збориме на детето додека сме трудни?:wasntme:Како да го подготвиме?
    Моето е 4 год и многу се радува на бебето и едвај чека да се роди.Ама сигурна сум дека ќе јави голема љубомора.Таа е љубоморна на татко и ако ме гушне, одма плаче и сака и таа да се гушка|(Сигурна сум дека бебето нема лесно да го прифати.Па затоа ми треба совет како што да и зборувам.Ти си искусна имаш 3:)
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, minne992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Одлично напишано, во глобала применувам се, има некои работи за кои поголемото е мало, а и малото е мало ама поентата е таа. Многу повеќе се гушкаме, бацуваме, се нарекуваме душо моја,злато, срце уште кога бев бремена и почна со играчките така да се однесува уште пред пораѓајот. Имаме и бебе играчка уште одамна. Не помислува да го повреди бебето ама другите не смеат да го земат бебето, а да не си играат со него, ни минута не чека колку да одам во вц на пример да го земе друг бебето. Ако го држам јас може, нормално му е. Кога цицаме, а нема кој да го занимава досаѓа да си играме, е тука има проблем. И спиењето, пробавме 3цата, не иде, бебе се буди пречесто за цицање, и големото се буди често во ноќта и ако им требам истовремено не можам да го убедам големото да почека, ни држење за рака ништо не помага. И кога бев бремена плачеше ако сум свртена со грб кога ќе се разбуди. Спие со татко му, тешко беше ама се навикнаа. Сега имаме предизвик како да шетаме 3цата...невозможна мисија...количка за близнаци да си купам...
     
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Bitteschön. Gerne. :D
    Ава, ќе ја кажеш реалноста што следува и што да очекува од неа.
    На нејзино ниво, доволно разбирливо.

    Каде ќе спие, дека ќе плаче, дека ќе цица, дека е тоа единствено нешто што може да јаде. Дека ноќе ќе се буди. Со објаснување зошто е тоа така. Потенцирање дека она на пример смее да јаде сладолед, а бебето не. Да почне постепено да ги разбира предностите на тоа да се биде поголема сестричка. Слики се од голема помош уште пред раѓање, а и потоа. Да види дека тоа што ќе следува било исто и за неа.

    Да објасниш дека нема да може веднаш да си игра со бебето. Дека бебето многу го сака тоа, ама треба малку време за да порасне и за да може. Затоа се почнува со едноставни ритуали како лежење до бебето, раскажување приказни или читање книга. Објасни дека ќе бидеш во болница и дека многу ќе ти фали, ќе мислиш на неа ќе и се јавуваш. Дека и со неа си се седела во болница. Поткрепи со докази (слики) :D. И дека бебето едвај ќе чека да ја види и да ја запознае. За посети што да и кажеш, зависи дали со корона е дозволено. Ако не е, треба да биде спремна на тоа.

    Можете заедно да купувате алишта за бебето или да го редите неговото плакарче. Спремете го кревтчето заедно. Торбата за бебето итн. Кажувај дека ја сакаш и дека бебето нема да го смени тоа.

    Договорете се што може она да прави додека бебето цица. И да си зборите и раскажувате за тоа. Колку ќе ви биде убаво, интересно. Многу е тешко за дете да не се чувствува изоставено, кога малото цица. Работи што во тој период може да ги прави: да сокрие предмет, ти да погодуваш каде е сокриен. Значи не да го бараш, оваа игра е само вербална. Најди ми боја. Кога ќе ја погоди треба да го допре предметот на кој си мислела. Јас гледам, е игра во која наизменично кажувате предмети кои ги гледате околу себе. И други, ќе смислиш нешто. Ако не прифаќа, ќе ја гушнеш на другата страна и ќе читаш книга или ќе и раскажуваш приказна. Сепак, најголемиот проблем за цицање настанува кога доаѓа период кога бебето не може да цица ако има дистракција. Ќерка ми дотогаш се научи само да лежи на мене и да биде тивка. Некогаш се заигруваше и сама, оти веќе ја прифаќаше ситуацијата.

    Многу е важно позитивно партипицирање на поголемото, уште пред да дојде бебето. А кога ќе дојде се почнува со едноставни работи за физичко позитивно учество за и околу него. Се вклучуваат и т.н нежни допири тогаш кога ќе оцените дека е време за тоа. Да го погали, да го намачка крема... И тука одма леле види колку ти се радува, колку многу те сака и сл. муабети.

    По раѓањето, обавезно да учествува во помош за бебето, за подавање пелена, спремање алишта и сл. Ќе почне да се појавува чувство на одговорност кое ќе се гради во позитивна насока.

    Рутината е препорачливо да и остане иста. Иако е тешко ова да се организира по раѓањето али се менаџира некако. Ако на пример заспива со приказна тоа треба да продолжи. Може и со бебето заедно. Време еден на еден. И со таткото и со мајката е од особено значење. Секоја промена која ја планирате во врска со поголемото, на пример префрлање во друга соба, се прави неколку месеци пред раѓање.

    Активностите се примери. Ќе ги прилагодиш соодветно на возраста и ќе избереш такви за кои знаеш дека ќе биде заинтересирана и во кои ќе биде кооперативна. Макар и не веднаш. Можен е период на регресија и негативни чувства кон бебето. Оти животот им се менува комплетно по принова, па многу е важен пристапот на родителите. Ако не можете да се справите, не се чувствувајте лошо да побарате помош од соодветни лица. Најдете и начин за експресија на негативните чувства. Убаво е тоа да биде цртање.
    Да, исто беше и кај мене. Затоа погоре пишав така. Јас не и кажував стално да се префрли кај татко и. Оценував по тоа како се чувствува. По некој период, сама бараше. А скоро потоа, кога ќе се разбудеше и гледаше дека бебето цица, веќе не реагираше и си продолжуваше да спие.
    Абе јас си купив. :) За право ја добив користена од другарка на комшиката. Кратко ја користев. После купив количка за нејзиното бебе, она си ја возеше куклата. Па некогаш сакаше да ја бутка вистинската и дозволував. Јас ги имав рацете странично на количката, а она пред мене стоеше и рачињата на рачката. Уствари буткав јас, а она мислеше она бутка. :D Потешко е за движење ама и заинтересираноста за ова и беше кратка. Пробај со количка за куклата, а за цицање како погоре.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, Bjanka82 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    32.624
    Пол:
    Женски
    Уфф уште повеќе страв ме фати:sweat: Нешто од наведеното имам применето:) Ќе зборам и понатаму и се надевам на позитивни резултати:)
    Фала за типс и како да ја анимирам додека цица бебето,ќе тражам и на интернет игри:hug:
     
    На gjoker4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Ме вративте 3 години наназад.
    Пет дена разделени со ќерката,дојдоа по нас во болница беше збунета. Дома прв ден само ме гледаше од далеку ни мама ни да ми се доближи,од тој посебно се поврза со татко и. Хормони,емоции до плафон,солзите сами течеа.
    Втор ден полека почнавме да си играме и да ми се обраќа со мамо,да се доближува до бебето. Секој ден беше подобар се зближувавме, но тато си беше само за неа,тато не смееше да го држи бебето.
    Разликата меѓу нив беше 20 месеци,тепање,удирање немаше од нејзина страна. Но се смени стана инаетлива, непослушни,се лутеше за глупости,во градинка тешко се навикна, може и тантруми беа,знаме сите како се тригодишните деца. Но после некое време ќере се смири па синко го фати таа фаза. Дури сега можам да кажам дека се далеку подобри, зборуваме,се договараме,играме,има момент се закачнат,ама брзо минува. Се е фаза се поминува само треба дебели нерви,и ако имате шанси за помош користете.
    Е сега тој период од 2-3 години е најнапред,ама мора да издржиме.:hug:заборавив да напоменам додека бебе цица јас пеев,на земја си игравме бебе во лулашка,ја уклучував скоро во се,заедно спиевме,не ги двоев,количка летна и купивме пред бебе да си роди па се навикна во неа да се вози а бебе во нејзината.
     
    На cresa-jagoda, minne992, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    3 недели како имаме бебе во куќа и ќерката што е 4 год скоро супер го прифати бебето ама ептен се приврза со татко и. Знам дека се и хормоните ама мене тоа ми е болно. Само вика тато го сакам најмногу, не ме оставај тато. Они двајца спијат заедно, јас сум до бебево, генерално и време поминуваат повеќе него ли со мене, ама јас се убивам од плачење. Како родено дете да ме отфрли.
     
    На gjoker4e, hello-kitty.90, enaena и 2 други им се допаѓа ова.