Имам еден голем проблем за кој што многу се двоумам.Идам со дечко ми 9 месеци меѓутоа многу е љубоморен а и јас сум многу љубоморна.Се сакаме многу али и двајцата сме премногу љубоморни и нз дали иде ваква врска.Од друга страна,бивши мој муватор кој е преубав нон стоп ме бара се бедира за мене ама јас не го сакам .. Ве молам за помош дали да го остаам сегашниот и да почнамм нов почеток или да останам вака ???
Ако идете како што кажа 9 месеци тоа е доволно време за да се стекне доверба помеѓу вас....Но сепак во секој пар има љубомора. Ако го сакаш навистина многу тогаш седнете и разговарајте на таа тема... Кажи му дека ти пречи неговата љубомора а пробај и ти да не бидеш љубоморна кон него... Се надевам дека ке најдете решение...Позд
Сакаш нов почеток со некого што не го сакаш? АМА ТОЈ Е ПРЕУБАВ,па цело маало ќе ти завиди?И зошто би го оставила овој што си моментално со него,да се убие од љубомора? Ништо не ми е јасно од твојот пост,ама како и да е chill out girl Љубомората на никого арно не му донела.Кога постои мала доза на љубомора,дури и пријатно се чувствуваме,на некој начин доказ дека нешто му значиш,ама болна љубомора=РАДИЈАЦИЈА!!! И сега сама го знаеш одговорот...нее ти реба љубомора. Некогаш во животот човекот треба да го пуштиш за дса видиш до каде ќе оди,ако е до тебе секогаш ќе е твој,ако се одалечи-никогаш не бил твој,а таков не ти го треба!
АКО го сакаш дечко ти со кого одиш 9 месеца тогаш за се има решение. Едноставно прекини да му даваш повод, ако му смета присуството на други машки тогаш избегнувај ги, ако ти се јавува многу често прави го истото. Ако сакаш да го задржиш ќе му објасниш дека тоа го турка од тебе и дека големи се шансите да се предадеш и да дигнеш раце.Ако е до толку сериозно речи му не сакам веќе да бидам со тебе поради твоите љубоморни неосновени испади, ако навистина му значиш мислам дека ќе се заплаши и повеќе ќе внимава во иднина.
факт е дека сите сме повеќе или помалку љубоморни. љубомората е дел од човековиот карактер само прашање е колку ние ја покажуваме и дозволуваме да се примети истата. За 9 месеци врска која и не е баш малку треба да си поставите некој начин на комуникација, ако е љубоморен треба да увидиш дали има причина за тоа, како и да се преиспиташ ти колку му веруваш и која е причината да му бидеш љубоморна. Љубомората е нешто што налјесно се решава со искрен и доверлив разговор. а друго прашање е љубовта дали го сакаш или не. Значи од една страна ти не му даваш повод да ти верува зошто како што кажа комуницираш со некој бивши. Е тука само ти можеш да одлучиш дали го сакаш сегашниот или не, само не се теши и не се лажи себе си дека ќе му раскинеш затоа што е љубоморен и да ти биде изговор за да бидеш со другиот. Не љубомората и љубовта се две спротивности а ти избираш што сакаш
Ако љубомората е со причина разговарајте и најдете решение. Љубомората е болест, може да ви ја уништи љубовта. Ако го сакаш обиди се да го решите овој проблем. Зошто го спомна тој бифш муватор што бил убав и те барал, а потенцираше дека не го сакаш?
Мислам кој сака љубоморен дечко? За врска само љубов не ти е доволна. Само од љубов не се живее. Ако сакаш успешна врска, пред се треба да се има доверба и разбирање, а кај вас љубомората тоа не ви го дозволува. Понатаму ќе имаш многу нервози, немој не си прави така. А и 9 месеци не ти се баш и многу долг период. Мислам поштеди се од љубоморни испади.
Љубомората е дозволена, но во одредени граници. Па нели секогаш ни е убаво да знаеме дека некој де грижи за нас.. Доколку воопшто не му е гајле каде си, со кого кога... нели би се почуствувала како да тој воопшто не се грижи за тебе? Но сепак, доколку љубомората ги поминува границите и е прекумерена, со испади и такви случки и и покрај твоите укажувања на тоа, не се промени.. тогаш мислам дека е подобро самата да се поштедиш од тоа. Во секој случај, мислам дека прво треба да го процениш проценото на љубомора, односно до каде оди таа, па потоа да донесеш одлука која ќе биде најдобра за тебе и твојата среќа и иднина.
Па мислам дека како што кажа cvetce93 треба ти прво да ја процениш неговата љубомора односно процентот колку е голема и дали ти врши некаков притисок за некои работи и сл. и дали ти му даваш повод за да биде љубоморен ... инаку и јас имав еден таков и го откачив верувај ми подобро нов почеток одколку врска со љубоморен тип .. само ќе се измачуваш ти самата но сепак ти си знаеш за тебе се работи .твој живот ..
Премногу љубомора не е добро. и не е ни здраво... можеби треба и двајцата да оладите па да видите што ќе правите во иднина...