Девојки пребарував, но не најдов ваква тема. Ако е дупла избришете ја, се извинувам! Сметам дека може да се развие дискусија на темава, бидејќи секоја домаќинка различно ја приготвува смесата за ќофтиња, со најразлични фантови или стандардна подготовка. Постојат најразлични рецепти за пржени, печени, грчки ќофтиња и уште кој знае колку други. Па може да споделуваме рецепти. Всушност во моментов мене најмногу ме интересира како приготвувате сос за ќофте?
Јас ќофтето си го правам со мелено месо, додавам дробен кромид, зачини, вегета секако , може рузмарин, некои дури и мајчина душица ставаат. Презла мешам со месото, јајце со смесата исто и пржам. Така пржени ги јадам, е сега за сос не знам да правам, јас вакви си ги јадам. Убави ми се.
и јас со мелено месо крмид ставам малку брашно,сол вегета,јајце сода бикарбона бибер,и буковка малку....а некогаш и месам од тиквички рендани и компир со лукче исто брасшно,јајца ,,,
Кофтиња со сос од домати печени во фурна или пак кофтињата на стара баба со магданос во нив и црн пипер
Ќофтиња најубави ми праеше мојата покојна баба Зоре. Сите други не се како тие... Како ги праеше не знам...
Баш завчера правев. Моите ги правам со мелено месо,ситно сецкан кромид,магдонос,лукче,пармезан,лебни трошки и многу малце млеко,вегета,сол и бибер.Откако ќе ги обликувам ги пропрскувам со брашно и си ги пржам на маслиново.
ќофтињата мои сите ги сакаат мелено месо мешано (пола свинско пола телешко) кромид ситно сецкан, магданос ситно сецкан, вегета, презла, јајца, малку сол и повеце црн бибер, а по некогаш и црвен лут пипер. и од ова се прават ќофтиња, а понекогаш на свесава и додавам кашкавал и сецкан на мали коцки пушен свински врат, мх мх прекрасно е !!!
Мразам ќофтиња. Не ми се допаѓа ни мирисот, ни вкусот. Како мала еднаш ми бутнаа во уста, па си избегав директива на таван. Никогаш од тој ден не сум ставила ќофте во уста.
Најубави се оние што ги прави мајка ми,многу пати сум пробала да ги погодам ама таа пак поубави ги прави
Ќофтиња од тиквички. 1 тиквичка 3 лажици брашно 1 компир вагета сол црн бибер 1 јајце тиквата се ренда и се цеди се става во друг сад.Таму се ренда и компирот,се додаваат зачините и 1 јајце и 3 лажици брашно.Сето тоа се меша со лажица се формират ќофрињи се пржат.Пробајте убави се