Cо промоција на импресивниот најголем мурал во градот, креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, на 29 март ќе се отвори новиот трговски центар Џевахир мол Скопје во Општината Аеродром. Шопинг и бизнис-центарот во рамките на комплексот висококатници Џевахир ќе понуди активности и стоки по вкус на потрошувачите. „Скопје е еден од ретките градови во Европа кој ја има една од најголемите мурални фасади на една површина во Источна Европа. Џевахир мол Скопје е повеќе од трговски центар, ставајќи фокус на културата и уметноста, покрај традиционалните молови кои нудат шопинг, храна и пијалоци. Уметноста која ја претставува овој мурал на трговскиот центар Џевахир е израз на мешаната заедница на луѓе од различни култури коишто живеат во државата и во оваа локална заедница“, вели Есер Џевахир, член на одборот на Џевахир холдинг. Хипермаркетот Кит-Го, турскиот бренд за детски модни парчиња „Панчо“, кој за првпат влегува на пазарот во Македонија, Синсеј, ДеФакто и ДМ, Џевахир променадата како шеталиште со ресторани и кафе барови за секојдневни дружби и релаксација и Плејграунд игротека за најмладите посетители се дел од содржините кои ќе ги понуди новиот мол. www.slobodenpecat.mk/noviot-dzhevahir-mol-skopje-se-otvora-na-29-mart/ Дали со нетрпение го очекувате овој нов трговски центар?
Ептен. Аман до кога ќе никнат овие молови, не можат да успорат бе ненаситниве. Град на молови станавме, а основни работи не функционираат ко што треба. Страшно.
Не. Само уште едно место кое ќе го гуши градот. Нов Клинички не се изгради иако е потребен. Ама, машала никнаа куп непотребни молови...
Не, аман веќе од молови. Не земаат паркинзи, болници, градинки и паркови да градат; на секое ќоше мол. И секаде едни исти продавници.
аман од молови и едни те исти продавници. Еден се отвара друг останува празен со затворени продавници. Ништо ново, ништо интересно. Еден те ист концепт. Од сите најмногу ми се свиѓа Годи отворен концепт, само треба уште да се досреди, паркче со игротека им фали за малите
Одвај чекам заради Китго !!!! Не можам да спијам.!!! Маркети како Кауфланд, Шпар, Била, Керфур, ич не ги сакам, само за Китго сонувам и одвај чекам да отвори да купам внатре Свислион Нада Штарк Роса Полимарк Таково Дијамант Чачак итн итн
Како бе вака? На елитен човек ко тебе до КитГо ли му дојде? Срамота. Βερόπουλος ќе пропадне ради тебе.. Ич не си лојален, што им откажа љубов.
Не разбра ли? Викам како може елита одвај да чека да се отвори маркет ко КитГо?! А Веро го одјеба, не го ни спомна.
Не ми е јасно зошто ме нарекуваш елита ти и сите други во живо што ги знам, ако сакам да пробам поразлични производи од тие што ги споменав, Веро е Српски панаѓур што да го спомнам нема ништо во него поразлично, тој треба се вика Србопулос... И на живо ми викаат демек мн сум претерувал и сум бирал бидејќи барам поразлично од тоа истото со децении
Ете значи и други го забележале тоа. Чим забележале значи има нешто, не е напразно. Фала Богу кај сакаш ќе си купуваш и шо сакаш, кој ти брани? Онака си коментирам само. Колку си хејтер на Срби човече.
Не сум, само сакам нови производи да пробам ама никој не ме разбира... Иначе купувам еден Српски леб кој е нај квалитетен на тукашниот пазар заедно со еден Германски Jaус и ти треба да го купиш ако не си го купила до сега
? КитГо веќе постои на други локации? Иначе Синсеј ако сакаат и во двор да им отстапам место да отворат бутик... Почести и од коцакрнициве станаа.
Муралот ми се допаѓа. Ќе видиме каков ќе биде внатре... Не ми се допаѓаат згради со фасади како оние на Тинекс што се темни некои црни, браон и тмурни и однадвор, а ко што немаат ни едно прозорче и одвнатре се такви. Само да донесат некој брендови што се квалитетни а ги нема во другите молови.
Од влез на Скопје до излез на Скопје све молови се. Да имаше барем нешто различно туку едно исто. Се повеќе молови се попразни се.
Не е проблем што отвараат молови, нека има. Добри се за тепање време кога нема што друго да се прави. Само без врска е тоа што истите продавници и истата роба се повторува насекаде. Секој од нив да нуди по нешто ново би било супер.