Џорџ Флојд, човекот што почина од полициска интервенција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од irrelevant, 3 јуни 2020.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    7.654
    Не е битно како ја крстив темата, битно е што се случило.
    Би рекле што не засега нас тоа, ама да не засега. Живееме во свет полн со чудовишта. Расизам, изигравање бог, насилства, неправди, омаловажувања и малтретирања спрема послабите и немоќните...
    Нешто што не смее да се случува, нешто што не треба да го гледаат нашите деца, ние..

    Без разлика што е Америка, мене ова ме трогна. Човекот буквално моли, не може да дише, а полицаецов му стои на врат. Го легнал како животно и му застанал на врат. Полицаец. Човек што треба да те заштити и да биде пример за сите.

    Кој и да има малце емпатија во себе никако нема да остане рамнодушен на видеото во кое човек губи живот за глупости. Видеото не го постирам, вознемирувачко е.

    Политика на страна, разговараме за човек. Не за црнец, не за мексиканец ни за индијанец, за човек. Во кој свет живееме?

    https://news.sky.com/story/who-was-george-floyd-the-gentle-giant-who-loved-his-hugs-11997206
     
    Последна измена: 3 јуни 2020