Овде тагнете кој мислите дека треба да го смени аватарот и поставете ја сликата. Се надевам нема да сум спомнат тука.
@ciudad_juarez пошо рече да не те спомнуваме Се шалам, на сите им се океј аватарите бе, нема потреба од ваква тема според мене
Има една тема за најдобар и оваа нека биди за најлош. Не е за никој да се навреди, туку за да си кажиме.
Супер темичка Мене не ми се допаѓа сликата на @Јаневски... Ја гледам, загледувам, зголемувам и немам појма што е!? (ме асоцира на карцином на плуќа) Менувааааааааааај под итно
Се е тоа фрактална геометрија. Кора од 65 годишен орев сликана од блиску, потоа направена во црно-бела па обоена сино-виоелетово. И пошто оригиналот го изгубив, ова е само мал thumbnail од некој форум што сум го ставил како аватар нај, нај, на почеток, па потоа тој thumbnail го изгубив и ова е thumbnail на thumbnail-от... Кај да е ќе ми се потроши, ама досега немав намера да ја сменам, одсега, ќе видам... Најверојатно не. Инаку не е рак, и не е панк череп, иако личи. Некој ми спомна лустер или вазна еднаш, тоа не знам како успеал да го долови, јас не го гледам. Исто како со облацине, гледаш што мислиш да видиш. Можеби не до толку и не намерно, ама во тоа е поентата.
Фрактална геометрија, thumbnail...ме врза во чвор, од каде бе јас стара знам што е тоа...их Орев или кикиритка, мењај одма душо...не ти одговара сликата со твојот прекрасен карактер
А дали може сликата од моменталниот аватар да се става од членот, плус тагот, оти тука автари ко гаќи се мењаат.
Името на групата всушност е од кратенка која ја има на секоја машина за шиење. Што значеше поточно кратенката не се сеќавам но знам дека Antichrist Devil's Child не значи. Иначе што се однесува до твојата оценка, ова е мојот одговор: Тоа е моја религија. Ми вреЏаш религија. Се извинувам за мислењево надвор од темата.
Кратенкава е за - Alternate Current / Direct Current electricity а во 70тите беше симбол и за бисексуалност.