1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авенија на љубовта (Алфа)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 20 јули 2014.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Бразилскиот феномен "Авенија на љубовта"
    од утре во 19:30 часот на Алфа телевизија



    Од утре (понеделник) на програмата на Алфа телевизија започнува најпродаваната бразилска серија на сите времиња, "Авенија на љубовта". Се работи за серија која инстантно стана светски феномен, прикажувајќи се во над 130 земји ширум светот. Огромен рејтинг достигна не само во Бразил каде улиците беа празни за време на нејзиното прикажување, туку и во земји како Аргентина, Португалија и Унгарија, како и земји од Африка и Далечниот исток. Во главните улоги ќе ги гледаме добропознатите Лукас и Мел од "Клон". Приказната за одмаздничката Нина и нејзината злобна маќеа Кармиња ексклузивно за Македонија ни ја носи Алфа телевизија.


    [​IMG]


    Содржина:

    Ова е приказна за малечката Рита која живее со својот татко Женесио и злобната маќеа Кармиња која го малтретира девојчето. Рита и нејзиниот татко дознаваат дека Кармиња сака да ги ограби заедно со нејзиниот љубовник Макс, но тогаш се случува голема трагедија. Женесио е прегазен на улица од фудбалерот Туфао. Пред да умре, тој му го кажува на Туфао името на сопругата и умира. Туфао чувствува грижа на совест поради тоа и решава да ја пронајде и да и помогне на вдовицата Кармиња не знаејќи за злобата на Кармиња. Во меѓувреме, паметната Кармиња открива дека фудбалерот е виновен за смртта на својот сопруг и гледа шанса во животот за да се снајде подобро. Кармиња и Макс смислуваат опасен план кој ќе ги смени и нивните животи и животот на малото сираче Рита. Кармиња решаав да глуми наивна и тажна вдовица со што ќе го натера Туфао да се ожени со неа, и така да замине од сиромашниот кварт и да се пресели во огромна вила, плод на фудбалската кариера на новиот сопруг Туфао.

    Но Кармиња и Макс решаваат да се ослободат и од девојчето Таа беше само дете, а тие беа доволно сурови за да и одземат се'. Затоа ја носат малата Рита на едно ѓубриште кое од сега ќе биде нејзиниот нов дом. На ѓубриштето во бедата и очајот, Рита го запознава малото сираче Батата со кого доживува една невина детска љубов. Но судбината сакала да ги раздели, па така Рита е посвоена од аргентинско семејство кое и го дава името Нина, а Батата е посвоен од Кармиња и Туфао и го добива името Жоржињо. Но и Макс успева да се снајде така што се жени со сестрата на Туфао и се преселува во вилата. Кармиња раѓа едно девојче кое е плод на врската со Макс, но ги лаже Туфао и неговото семејство дека детето е на Туфао. Кармиња крие и уште една голема тајна. Батата, односно сега Жоржињо е всушност нејзин син од кого се откажала како бебе.


    Поминуваат години и се менува животот на сите. Нина се враќа во Бразил со единствена цел, да и се одмазди на злобната маќеа и со тоа да ја одмазди смртта на татка си. Гневот и омразата кон маќеата се претвораат во несопрлива желба за одмазда, па така таа нема да бира начин да ги натера Кармиња и Макс да платат за тоа што го сторија. Се вработува во богатото семејство како слугинка, но Кармиња не може да ја препознае. Нина ја започнува својата игра на одмазда, но тука се вљубува во Жоржињо, не знаејќи дека тој е всушност Батата од ѓубриштето.

    [​IMG]

    Многу сплетки, љубов, омраза, скриени тајни и притаени страсти, фудбал, бразилска самба и забава не очекува во новата бразилска теленовела, која ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок во 19:30 часот на програмата на Алфа телевизија.
     
    На Someonespecial, simonna.a и Kaylie им се допаѓа ова.
  2. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    Да не знаете кога даваат реприза? :)
     
  3. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    почнав да ја гледам на алфа, но синхронизацијата е катастрофа, сега ја гледам на натабану, серијата е преубава, нашиве дефинитивно ја уништија :x
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Пишете им на ФБ или на меиловите
    vesti@alfa.mk
    marketing@alfa.mk

    И јас сакав да ја гледам, ама синхронизирана не, турска ја направиле вака.
     
  5. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    бетер од индиска е вака, турските пак донекаде добро ги синхронизираат :@

    фала што ми кажа, одма им пишувам
     
  6. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    во 14:50 ! :)
     
  7. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Значи серијава си е супер, али овие од алфа не се салам синхронизирана ејј ! со кој памет ?
    сакаат да ја потурчат и да ја упропастат или пак некој пензионер да си помисли дека е турска и да ја гледа ццц :clap:
     
  8. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Пишувајте им, може ќе сменат кога ќе бидат колку од нас бараме да ја даваат со титл.
     
  9. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Им пишавме !
     
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Серијава ја пратам..да да прекрасна...на фејс му ја најдов страната таму на бразилски јазик...и да не очекував баш дека ќе ја сихронизираат.Па кога ја најавуваа на толку и толку јазици сихронизрана ова она..добро де,мора и ние?Луѓенца нека си збораат актериве нормално,нема потреба од сихронизација.Јазик малку ќе научевме ако не за друго...А како се вика глумицата шо ја глуми Рита,то ест Нина?
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски

    Melissa Maia de Sousa се вика девојчето. Може да ја сретнеш и како Mel Maia :)
     
  12. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Интересна е серијава, ја загледав, обично ја гледам репризата околу 3 што почнува :)
    + го обожавам Бразил :inlove:
     
  13. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    Башш интересна серија редовно ја гледам :inlove:
     
  14. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Да ви кажам најискрено, иако филмот има интересна приказна, јас ја гледам само заради Жоржињо.
    Леле сон ми е. СОН!
    [​IMG]

    [​IMG]
     
  15. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Секој ден се повеќе се "заразувам" со серијава.
    Секоја вечер, без да изгледам 2-3 епизоди на натабану, не легнувам :|
     
  16. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Хехехе, исто и јас како тебе! :$ леле кое мажиште еее ауууф :$ :inlove:
    само едно нешто ме нервира - оваа тифусаров, као муж е.. незнам откај ја ископаа она за него :^) можеле некоја лепотица (за да му прилега) а не овој мушкарацов |(
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    И мене ич не ми се допаѓа главнава глумица, како Џералдина Чаплин ми е, башка колку беше мила како мала, сега се е нервозна, непресметлива... и најнакрај таа е 4-5 години помлада од Жоржињо, а како да е 4-5 години постара... Баш можеле таа вереницата што му ја глуми да ја стават за главна...
     
    На luci22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Жоржињо...
    немам шта још виче речи..
    :inlove:
     
  19. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
  20. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае што се случува ја прекинаа бразилската серија на алфа, мислам Авенија на љубовта нешто така дека се викаше. Да не смениле термин?
    Мислам стварно нема смисла.. ма да навикнавме веќе така прават со се што не е турска серија, како што ја прекинаа грчката серија на канал 5. :fubar:
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.