1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агата Кристи (Agatha Christie)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Juicy, 19 април 2011.

  1. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Агата Кристи

    Агата Кристи (англиски: Agatha Christie; 15 септември 1890 - 12 јануари 1976), позната и како Агата Мери Клариса Милер (Agatha Mary Clarissa Miller) или според псевдонимот Мери Вестмакот (Mary Westmacott) била плодотворна британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата Кристи е родена во Торки во државата Девон како ќерка на Американецот Фредерик Алва Милер и неговата жена Клариса Милер. Нејзиниот татко починал додека таа била дете. Агата учела дома, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне на пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била испратена во едно училиште во Париз каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера.
    Во нејзините книги, таа ретко ја споменува музиката иако нејзините детективи Поаро и Мис Марпл покажувале интерес во опера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа започнала со пишувањето и издала неколку стории. Нејзин најпознат роман е „Убиство во Ориент Експрес“.


    Омилена писателка ми е , го обожавам нејзиниот начин на пишување и сакам криминалистички романи ..
    Што ќе кажете вие за неа ?..
     
    На hristina979, Extraordinary.girl, Saraa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    ја обожавам кусо речено.Многу ми се допагаат и нејзините љубовни романи
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Прва прочитана книга од неа ми беше токму Убиство во Ориент Експрес. А последно - Пајакова мрежа. Не знам зошто, ама повеќе ги сакам нејзините дела во кои главен лик е Поаро, а не некој обичен детектив :)
    Агата Кристи дефинитивно не е за читање на плажа, затоа што ќе испогорите на сонцето како мене :lol: Губите осет за време додека ги читате нејзините дела исполнети со висока доза на мисериозност. И си велите: Ајде уште оваа глава, ајде уште оваа глава... се додека не ја дочитате целата книга за еден ден :!:
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    најомилена моја писателка за која можам слободно да кажам дека секое нејзино дело е полно со неизвесност и со криминалистика,тоа и ми се допаѓа кај неа.
    Поаро е препознатлив во повеќе нејзини слики,а тоа како и завршуваат нејзините книги тоа само тие кои ја читале можат да сведочат.полна со адреналин,и неочекуван крај.
    браво за женава од каде толку инспирација за таков стил да пишува секогаш... :clap: :clap: :clap:
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Го сакам стилот на Агата Кристи, женава мислам дека ќе го буди интересот на широка читателска публика секогаш, неверојатен талент.
    Последно нејзино прочитано дело ми е „Несреќата на невините„ ја читав претходниот месец, извонредна книга, поттикнува на размислување и тоа не само во правец на тоа кој е убиецот туку и (не)спремноста на луѓето да ја прифатат секогаш вистината која не е во согласност со нивните желби и потреби и ги поткопува нивните убедувања. Сум прочитала неколку нејзини дела.
    Околу приватниот живот знам дека работејќи како медицинска сестра во војната научила доста за примената на отровите и тоа знаење го користела во своите дела понатака. Знам дека кога ја напуштил сопругот кој многу го сакала изгубила меморија извесен период и додека сите ја барале секаде, таа отишла во некој хотел и се пријавила со името на љубовницата од сопругот. Потоа се премажила и со вториот сопруг кој бил археолог доста патувале заедно и од тие патувања често црпела инспирација за многу свои дела.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Агата Кристи има интересен стил, меѓутоа мене веќе ми здосади. Имам многу дела прочитано од неа, најдобри ми се Леш у библиотеци и Десет малих црнаца. Не ми се интересни веќе, се заситив некако. Инаку Мис Марпл ми е подобар лик од Поаро :)
     
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    6.783
    Пол:
    Женски
    Агата Кристи ми е извонреден талент,многу ми се допаѓаат нејзините книги.Го обожавам заплетот,те тера да читаш уште и уште...
    Сега симнав книги од Агата Кристи во компјутеров,ќе ги исчитам деновиве.Последна прочитана книга од Агата Кристи ми е "Тело во библиотеката" и тоа ја прочитав,ми се чини,во еден здив,за еден ден.
    Толку ме привлече да читам повеќе и повеќе за да го дознаам расплетот на целата приказна.
    Инаку ја имам прочитано,според мене,најдобрата книга на Кристи,"Убиство во Ориент Експрес" и "Десет мали црнци".
     
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Убиства (или убиство) со огледала ја про4итав и таа е книга од неа, а ина4е филмови според нејзини книги имам гледано повеќе и стварно ми се допаѓа нејзиниот стил, сакам такви книги....
     
  9. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Не ми се допаѓа стилот на пишување. Сепак си има секој свој вкус.
     
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ја обожавам! прекрасна е навистина ...нејзиниот стил и начин на кој комуницира преку книгите е навистина УНИКАТ :)....ги имам прочитано скоро сите нејзини книги
     
  11. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Имам прочитано една книга од нејзе само Пајаковата Мрежа и анвистина ми се допадна што е заплеткана и тој што го изврши убиството и беше подршка во планот и никогаш не би помислила на тоа...
     
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ја обожавам! Имам прочитано повеќе меѓу кои највеќе ми се допаднаа-Убоство со огледала,Убиство во ориент експрес,Г-ѓа Макгинти је мртва,Пајакова мрежа,Леш у библиотеци и не се сеќавам ама мислам дека беше уште една на српски...незнам каде да ја најдам Убиство на Нилу,ми ја фалеа многу и незнам дали ја има на македонски преведена?Ако некој знае ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ!И дали 10 малих црнаца е убава?и таа ми ја препорачаа.
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Прва книга што прочитав од нејзе беше '' Убиство во Ориент Експрес '', и таа книга негдека 3 пати ја имам прочитано, откако дознав дека постои библиотека во денешницава, решив да и обратам повеќе внимание и читав многу дела од нејзе..Убиство во Месопотамија, Убиство на Нил, Убиство со огледала, Азбучни убиства, 13 проблеми, Пајаковата мрежа..толку мислам, може уште некоја и искрено стилот веќе го научив, на почетокот често го утнував убиецот, но со секоја наредна прочитана веќе ми стана досадна, но тоа е зашто нејзините дела ги читав едно по друго, и веројатно е поради тоа. Но важи за една од моите омилени :)
     
  14. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Интересен стил на пишување.
    Кога читам книга од Агата Кристи едноставно се исклучува и мислам страниците сами се вртат.
    Ликот на Поаро,самиот по себе е мистериозен,но смешен.Интригантен и непредвидлив.

    Мислам дека никогаш нема да ми бидат досадни овие книги,едноставно не навлеков на Агатчето.
    Да не се повторувам,Убиство во Ориент Експрес,Мистеријата на Синиот воз,Пајаковата мрежа,Убиството на Роџер Акројд и неколку други..
    Неколку веќе ми стојат на приоритетната листа..
     
  15. Nympho

    Nympho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Дефинитивно една од моите фејворит писатели/ки!
    Еве последно од неа ја прочитав And Then There Were None. Препрепрееедобра книга! Книгата има 310 страни, а јас на 300та страна уште не можев да претпоставам кој е убиецот :D
    според мене таа и е една од најдобрите, заедно со Curtain: Poirot's Last Case.
    Сите книги и се совршено осмислени :)
     
  16. avriill

    avriill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Прва нејзина книга што ја прочитав- и мене ми беше „Убиство во Ориент Експрес“..Иии..И мене најмногу ми се допаѓаат нејзините книги во кои Поаро е детектив. И редовно си го гледам на НашаТв секој петок во 20:00h. :) Стварно многу ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување:)
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам Агата Кристи и нејзиниот стил на пишување :)
    Агата Кристи е вистински гениј. Во секоја книга што ја имам читано ме има шетано и играно на милион начини без да бидам ни блиску до решение, и секогаш останувам со подзината уста кога ќе ми го стави решението пред очи, никогаш не се повторува, напротив користи различни трикови. Поаро и госпоѓа Марпл се едни од најдобро изградените ликови кои било кога ги имам сретнато во една книга.
    Прва книга која ја прочитав од неа беше Убиство во Ориент Експрес и ептен ми се допадна :) Ги имам прочитано и Уснуло уморство, Искринчави цијанид(овие две ги читав на српско хрватски), Таинствениот господин Квин, Убиство по азбучен ред и Убиство во Месопотамија. Сега на ред ми се Во хотелот Бертрам и Пајакова мрежа, ги купив, ама никако да им дојде ред да ги прочитам :)
     
  18. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Има убав стил на пишување, книгите и се супер.
     
  19. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Прва прочитана книга од неа ми беше „Убиство во Месопотамија“ и веднаш ме импресионираше, после ја земав и „Убиство во Ориент Експрес“ и се заразив со нејзините книги :D Омилени ми се тие кај што го има Поаро, ама најомилена ми е „Куќата на злото“ иако го нема него :!: Најинтересно ми е кога неможам да погодам кој е убиецот, и секогаш ќе ја прочитам прво последната страна а кога „регуларно“ ќе стасам до неа испаѓа дека пак не сум погодила :)
     
  20. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    може некој да ми препорача некој љубовен роман од неа?