1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агата Кристи (Agatha Christie)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Juicy, 19 април 2011.

  1. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    на српски ги има Дивов хлеб,Незавршени портрет,Бреме,Отсутан у пролече.Ова се чисто љубавни,воопшто нема убиство во нив
    [​IMG][​IMG][​IMG]


    [​IMG]
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Тоа беше љубов на прво читање со женава.
    Омилената книга моја ја има таа чест да името на Агата Кристи стои на нејзината корица.
    Кралица е на детективската приказна според мене, па уште и жена, херој севременски.
     
    На Dr.Zzz и Juicy им се допаѓа ова.
  3. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    фала.прочитав повеќе со убиства ,па сакав да прочитам некојљубовен :D
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Одличен стил на пишување ама по неколку прочитани книги веќе и ми стана одгатлива. Кога ми се чита крим пре би ја одбрала неа отколку било кој друг автор. :)
    Во пауза до следната лектира, ќе се зафатам со Леш у библиотеци. Се надевам овој обид за читање на српски ќе биде успешен. :D
     
  5. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Имам неколку книги од Агата Кристи,а доста имам и прочитано,едноставно кажано МАЈСТОРСКИ НАПИШАНО...до самиот крај романи исполнети со неизвесност и искрено никогаш не погодив кој е убиецот :^) :^) :^)
     
  6. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Сите книги од Агата Кристи ги имам прочитано....предобри се. Толку се добри, интересни и со добра приказна, да ти е мерак да ги читаш. Прва книга шо ја прочитав од Агата беше „Убиство во Ориент Експрес“, а најомилена ми е „And Then There Were None’’ која ја прочитав на англиски, зато шо со превод на македонски неможев да ја најдам :(.
     
  7. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    za site ljubiteli na agata da ve izvestam deka ima prevodi na dosta od knigite nejzini od izdavacka kuka gurga gi ima i niz trafiki i vo tedikko i cenata im e 200 denari.pozdrav feminki
     
  8. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Од Агата Кристи имам прочитано само една книга - Неочекуваниот гостин и ме воодушеви.Книгата ја прочитав во еден здив.Прекрасно напишана, интересна содржина.Се што се бара во една книга за да остави впечаток, а таа има и повеќе.Жал ми е што имам прочитано само една и се надевам дека во брзо време ќе се поправам.
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Оооо моја прва женска писателска љубов.

    Првата книга ја прочитав кога бев шесто одделение, Убиството на Роџер Акројд и тоа на српски. На секој две минути трчав кај мајка ми, Мамо а овој збор што значи? После тоа сакав да ги прочитам сите книги од неа но кај нас ги немаше на македонски. Во Другарче ги најдов на српски, и мислам секој втор ден идев по нова книга, и ден денес се сеќавам каде стоеа. :D

    Феноменална писателка, жена, се. Скоро гледав документарец за нејзиниот живот што направи да ја ценам уште повеќе. Дефинитивно едно од најзначајните лица во литературата.
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.057
    Допаѓања:
    20.760
    Пол:
    Женски
    И јас ја обожавам :)
    Прва книга ми беше Убиство во ориент експрес, а моментално ја читам Хотелот Бертрам, а ја имам земено и Куќата на злото ;)
    Многу се интересни книгиве, секоја и чест на Агата Кристи :)
     
  11. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Ги прочитав сите книги кои можев да ги најдам по другарки и дома уште пред 10 год за едно лето.
    Сега ме интересира сосема поинаков стил-поуметнички израз на авторот.
    Некако ми личат како книги за на плажа, за одмарање мозок.
    Најверојатно во одредена возраст те интересираат одредени работи а и ова екранизацијава на делата некако ми го уништува предизвикот за читање.
     
  12. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Од Агата Кристи имам прочитано само две книги за сега, прва ја прочитав „Убиство во Ориент Експрес“ а потоа „Неочекуваниот гостин“, ми се допаѓа стилот на пишување, затоа што сум љубител на криминалистичкото, на напнатото, на неочекуваното и неизвесноста, сакам книги кои едноставно те тераат да читаш и кои не ти дозволуваат да ги оставиш, за мене тоа е добра книга...скам да ги прочитам сите нејзини книги, а уште повеќе да ги имам дома затоа што тоа се книги кои ме релаксираат и би сакала да си најдат место во мојата домашна скромна навистина скромна библиотека која ја обожавам и со љубов ја дополнувам и која за сега брои околу 50 - 60 книги. :)
     
  13. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Дали ми верувате дека чекам 4 месеци да дојдам на ред да ја читам Опасна Желба од Агата Кристи !?!?!?! Ја прочитав Љубовница, и немам зборови за книгата, ама ајде , во нашава Библиотека нема доволно книги, треба да чекам цела година да дојдам на ред да ја читам ... и на крај ке одам у книжара и ке си ја купам ! |(
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Последна ја прочитав Кој ќе го фати бранот. Таман кога мислиш дека се си сфатил, си се зезнал :D
     
    На Bzaubzz.xy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Дали некоја од книгиве од Агата ја има онлајн за читање, ама на македонски? На српски знам дека има...
     
  16. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Нема ниедна онлине на македонски и јас имам многу пати барано ама џабе :(
     
  17. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    пред некоја година прва книга што ја прочитав од агата беше Убиството во ориент експрес, па оттогаш почнав да ги читам нејзините книги едни од омилените ми се убиство во месопотамија, убиството во синиот воз.. ги има многу :D
     
  18. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Премногу предвидлива за мене. Премногу едноставно. Премногу брзо го открива убиецот. Прелесни и се книгите. Можеби дека сум изначитала еден куп вакви книги криминалистички, па лесно ми е да откријам кој е.
    Нешто што највеќе ме смета во нејзините книги е што на сред приказна се појавува нова личност од никаде и оп на крајот испаѓа таа личност е убиецот. |(
     
  19. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Ја прочитав "Убиство во Ориент-Експрес" повеќе од 5 пати. И самата незнам колку само бев возбудена кога почнав да го читам третиот дел од романот :D Романот е феноменален. Планирам да земам уште некој роман од нејзе. Кој би го препорачале?
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Убиство во Mесопотамија, Cмрт во облаци (овој го читав на српски), 13 проблеми, Убиство на Hил ми се едни од поинтересните дела.

    Oдличен беше сајтот банепревоз.ком, но го укинаа ради неовластено ставање книги на интернет (најверојатно), таму имаше мал милион книги од неа, да знаев ќе ги симнев сите, штета.
    Aко имаш среќа можеш да прочачкаш по нет, да најдеш некоја, ако сакаш да ги читаш од интернет. Пола и повеќе книги од Aгата не се преведени на македонски, за жал.