1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агата Кристи (Agatha Christie)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Juicy, 19 април 2011.

  1. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Имаш од Агата Кристи на http://www.scribd.com
     
  2. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Непредвидлива до последната страница. Ја обожувам!
     
    На Angel.Heart му/ѝ се допаѓа ова.
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Имам прочитано повеќе книги од Агата Кристи. Во последно време не читам многу книги од неа, некако ми се здосадија криминалистички романи. Дефинитивно најомилени ми се Убиство во Ориент Експрес, Вашар злочина и Дивов хлеб. Последната си мислев дека е криминалистичка, ама испадна дека е еден преубав роман за животот, многу ми се допадна. :) Сега планирам повторно да почнам да читам наслови од Агата Кристи, начинот на пишување е одличен.
     
  4. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Агата е чудо ! ПРЕДОБРИ КНИГИ :)
     
  5. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Еден од моите омилени автори :)
    Секој роман знае да Ви го одвлече вниманието и да Ве држи во неизвесност до последната страница.
    Секоја и чест на Агата! :clap:
    Нејзини книги што ми оставиле впечаток се: Мистеријата на синиот воз, Отворени карти, Трета девојка, Куќата на злото и уште многу многу други да не ги набројувам сите :D
     
  6. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Шејм он ме, дури сега ја гледам темава за мојата омилена авторка.
    Ја обожавам, просто ја обожавам. Можеби нема ептен висок стил на пишување, но затоа за мистерија, сплетки и неизвесност е најдобар мајстор.
    Дефинитивно најдобрите криминолошки романи ги има напишано. Памтам прва книга нејзина ми беше "Убиство во Ориент Експрес" и книгава ја прочитав во еден здив. Како што кажам одлични заплети имаат сите енјзини книги. Имам прочитано огромен дел од нејзините дела, поточно сите оние кои што ги имаше во библиотеката. Исто така и дома имам колекција од 7 нејзини книги.
    Во омилените би ги вбројала претходно споменатата "Убиство во Ориент Експерс" после "Смрт на Нил" , "Убиство во Месопотамија" , "Пајаковата Мрежа" , "Куќата на Злото" , "Азбучните Убиства" .
    Спред мене дефинитивно кралица на криминолошките романи :bow: !
     
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Ми се допаѓа нејзиноот стил на пишување. Не ти дозволува да се одделиш од книгата се додека не ја прочиташ и неможеш ни да претпоставиш каков ќе биде крајот се до последната страница. Кралица на криминалистичките романи!
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Некако не е мој стил, пробав да ја читам Убиство во Месопотамија но некако не ми се допадна стилот, дејствието, незнам едноставно не успеа да ме заинтригира крајот и ја оставив
     
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Со оглед на фактот дека обожавам криминалистика,Агата Кристи е мојот омилен автор.Те тера да размислуваш,да бидеш адвокат,судија,сведок..да направиш свој случај и да ги анализираш ликовите кои се претставени.
    Уживам да решавам загатки и љубопитно да ја читам секоја наредна страна.Толку вешто и умно знае да започне приказна,да ја заплетка,за на крај толку едноставно да ни ги "сервира" фактите на кои најмалку сме обрнале внимание во текот на читањето.Браво :clap:
    Никогаш доста од нејзините мистерии.Секоја книга си носи своја убавина,што прави да не ја оставиш се додека не ја завршиш.
    Ми се случувало да јадам и да читам(ова делува како вицот со книгите :lol: ),но навистина го правам тоа кога ги читам нејзините дела.
    Најомилената Убиство во Ориент експeрс.
    Уф колку се измачив барајќи го убицет во секој лик.Неизвесност на највисоко ниво.Неможев ни да претпоставам дека таков расплет ќе има книгата.Ете баш поради тие расплети,кои се толку добро скоцкани,го обожавам овој автор.
    Ви ја препорачувам на сите горенаведената книга,и сигурна сум дека без разлика на бројот на страните,за 2 часа ќе ја прочитате.Неможе да се остане рамнодушен на таквите приказни. :bow:
     
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Ауф да!Убиство во Ориент експрес!Возбудлива книга од прва до последна страница!Да ми речат читај ја пак,пак ќе ја читам!Агата Кристи,човече ма....симнувам ти капа... :x феномен од човек!Тој твој Поаро,ма чудо од лик...Камо сите инспектори да го имаат неговиот мозок..Едноставно Агата душо :bow:
     
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Бидејќи сум тежок фанатик за крими-романи, и се што е поврзано со овој збор, Агата можам да ја издвојам како најнајомилена писателка.
    Буквално сите книги што и ги имам прочитано, ме оставиле со подотворена уста. Никогаш немам замерка за нејзиниот стил на пишување, кој не сум го сретнала кај ниеден друг автор. Кај неа ми се свиѓа таа ситничавост, сите тие детали и уствари во тие мали детали на крај се крие убиецот.
    Било која книга да земам да ја читам, кога ќе ја почнам никако не можам да ја оставам и додека не ја прочитам не мрдам нигде. Па затоа обично се трудам некако во меѓувреме да најдам друга занимација :lol:

    За најомилени ќе ги издвојам Куќа на злото, која воедно ми е меѓу топ 3, Убиство во Месопотамија, Пајаковата мрежа, Убиство на голф терен :D
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Си купив 5-6 книги од неа, наскоро ќе ги прочитам.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.141
    Допаѓања:
    76.531
    Пол:
    Женски
    Убиство со огледала
    Пајакова мрежа

    Тоа се двата романи кои ги имам прочитано од Агата Кристи. Од овој вториов не бев нешто многу воодушевена, но првиот е стварно добар.
     
  14. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.328
    Убиство во Месопотамија -единствената прочитена книга од Агата Кристи која многу ми се допадна! Се надевам ќе прочитам и други, ептен ми се допадна стилот на пишување... мистерија и неизвесност до последната страница!
     
  15. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    17.714
    Само една книга имам прочитано од Агата Кристи а тоа е Убиство во Ориент Експрес. Одлична книга, ме остави без зборови.
     
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.386
    Пол:
    Женски
    Прва книга која ја купив од Агата Кристи беше Отворени карти. Веднаш ми се допадна нејзиниот стил на пишување. Секогаш е непредвидлива до самиот крај, неколку пати успеав да го погодам убиецот. :)
    Белгискиот детектив Поаро ми стана омилен лик од книгите.

    Ги имам прочитано: Кој ќе го фати бранот, Убиство во Месопотамија, Убиство во Ориент експрес, Убиство на теренот за голф, Убиства со огледала, Смрт на Нил, Мистеријата на синиот воз, Куќата на злото, Големата четворка, Стапица за глувци, Мистеријата на седумте бројчаници, Сервисот за чај арлекин, Tko je ubio Rogera Ackroyda. Може да се примети дека ми е една од омилените писателки. :lol:

    Како најинтересни би ги издвоила: Мистеријата на синиот воз, Ќуќата на злото и Отворени карти. Би сакала да ги прочитам Третата девојка, Во хотелот Бертрам и 13 Проблеми, овие три книги одамна се продадени, а повторно не се издадени.
    Сега планирам да ја збогатам мoјaтa домашна библиотека со српски изданија од Агата Кристи.
     
  17. The Black Rose

    The Black Rose Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Кралица на крими романите. Нема друг збор со кој да се опише. :)
     
    На carangigia и Larichka8 им се допаѓа ова.
  18. Larichka8

    Larichka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Се што имам прочитано од Агата Кристи ми оставило силен впечаток. Најомилени до сега ми се Смрт во Нил - многу впечатлива приказна што ми го привлече вниманието и немаше шанси да погодам што всушност се случува, а тоа е огромен плус за трилер кај мене. Исто така и Зло под сонцето - премногу ми се допаднa. Не ме разочарала ниедна нејзина книга.
     
    На Dr.Zzz и carangigia им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.141
    Допаѓања:
    76.531
    Пол:
    Женски
    Периодов ги читам нејзините романи кои досега не сум ги прочитала. Само што ја прочитав ,,Зла судба", на српски, на нашки видов дека е преведена како ,,Залезот на судбината" и посакав да искоментирам нешто за оваа книга. Пред да почнам со читање, разгледував рецензии од други читатели и, според нив, знаев дека овој роман е малку поинаков од нејзините останати романи, дека има доста пресврти и неочекуван тек на настаните кои содржината ја претвораат во ролеркостер. Не знаев дали тоа ќе ми се допадне или не. Го нема Херкул Поаро, нема такво убиство во кое се трага по сторителот. Има само еден дом за стари лица од каде неочекувано заминува госпоѓата Ланкастер и Мрвица почнува потрага по неа, за да и' ја врати сликата која и' припаѓала. И од тука почнува се'. Дефинитивно омилена книга од Кристи и ја препорачувам на сите кои досега не ја прочитале.
    А кога сум на темава, да си кажам и дека Кристи ми е една од омилените автори. Ми се допаѓа нејзината имагинација.
     
    На Ugly Duckling и etoile им се допаѓа ова.
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Женски
    Оваа жена имала дисграфија.
    Не можела да пише со рака,па сите романи и^ биле диктирани.