1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агентите на Ш.И.Л.Д (Marvel's Agents of S.H.I.E.L.D.)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од SuperGirl24, 27 декември 2013.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.631
    Пол:
    Женски
    Нова серија со акциона и сај-фај содржина.
    Станува збор за агентот Колтон кој се појавува во филмот Avengers.Всушност целата серија е како некој продолжеток и објасување на настаните после нападот на Њу Јорк на Локи и неговата војска. Серијата е за суперхерои но не оние класични суперхерои туку за тимот на агентот Колтон составен од агентот Меј- дел од елитен одред на Шилд кој со текот на развитокот на настаните ке се открие зошто повеке не е дел од тој одред,агентот Ворд-освен што прекрасно изгледа зборува 5 јазици и е со изразени боречки вештини.Често е загрижен за безбедноста на членовите од неговиот тим но има потешкотии во остварувањето на комуникација и дружба со истите,Скај- последна ке се придружи на тимот кога ке ја регрутираат како обичен цивил бидејки им го хакнала системот и за крај Фиц & Симонс-мои омилени,двајца доктори кои се натприродно интелегентни и често ги нарекуваат "деца" бидејки се доста помлади од останатите членови на тимот.

    Серијава е излезена во 2013 година и до сега има 10 епизоди, останатите продолжуваат од јануари.На почетокот бев малце скептична во поглед на нејзината содржина но од кога почнав да ја гледам ми стана многу интересна и дури изгледав 6 епизоди од еднаш без престан.

    Па, ја следи ли некој серијава? Како ви се допага?

    [​IMG]
     
    На Dog-lover, G.G и kravce им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Премногу глупава серија , немораш ни да гледаш знаеш што све ќе се деси , кој ќе умре , кој ќе преживее , кој демек неизвесно во последен момент ќе се спаси , кој со кого ќе се фати а кој со кого ќе се скара , нити има некој изненадувања , нити пак овие знаат нешто да глумат посебно ( освен Кол) фала богу што не се на основните Avenger и компанија филмови ....

    Страшна работа се , али мора да ги гледам , кога више почнав ....


    Иначе за тие што мислат да почнат , серијава е 6 (2 убави девојки и некоја демек хардкор азијка )(3 мажи од кој 2ца опасни и еден "nerd" кој патем ќе се фати со таа што е во лабаторијата со него , очигледно е :D )
    луѓе против цела друга организација и се разбира никој нив не добива ни модрица додека пак другите сите умираат на лесен и глуп начин ......


    -5/10 за серијава
     
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Јас си ги сакам ваквите серии, башка што серијата и сите филмови се испреплетени, во серијата се откриваат некои работи за филмовите и обратно. Додуша син ми е тој што помно ги прати, па и нешто ако не сум видела или разбрала има кој да го направи тоа за мене :)
     
  4. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам оваа серија! Точно е дека првите неколку епизоди се малку предвидливи, ама според мене тоа е ОК поставување на приказната. Дали некој успеал да ја догледа до 17 епизода? После 17та станува ептен интересно, а втора сезона е уште подобра! Според мене оваа серија е многу подобра од Arrow и The Flash, ама сепак треба да си љубител на филмови/серии со супер херои.
    После 17та епизода приказната се испреплетува со Captain America 2 и падот на S.H.I.E.L.D, кој од самото негово формирање е бил корумпиран од членови на нацистичката организација Hydra (организација која ја гледаме како вилани во многу филмови на Марвел). Има членови од екипата на Кулсон кои се тајно дел од Hydra. Се откриваат детали за како Кулсон е оживеан, и зошто не се сеќава на ништо.

    Втората сезона е доста интересна и отвара простор за многу интересна приказна. Главен лик (или еден од главните) во оваа серија е иден директор на S.H.I.E.L.D (не мислам на Кулсон) и дел од The Avengers во универзумот на Марвел, ама не се знае дали приказната на тој лик ќе биде иста како во стриповите.

    Во втората сезона ја поставуваат приказната за Тhe Inhumans, и еден член од екипата на Кулсен добива супер моќи. Филмот за The Inhumans на Marvel е закажан за во 2019, па мислам дека оваа серија ќе понуди доста интересен материјал во меѓувреме. Исто интересно е шо серијата се испреплетува со новиот The Avengers.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    Ја следи уште некој серијава? само што завршив со втората сезона и едвај чекам да започне третата. станува се поинтересна. заслужува да се гледа.
     
    На fenu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Исто и јас едвај чекам!! Баш ме интересира во која насока ќе продолжат, и дали ќе има повеќе “gifted“ ликови 8) Во меѓувреме ја гледам Marvel's Agent Carter, во истиот дух е серијата,со Маргарет (Пеги) Картер и Хауард Старк, од времето на Каптан Америка, не е лоша.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Серијава ја пратам уште кога почна. Ќе биде интересно, и ќе биде поврзана со Фраза 3 од Марвел синематик
     
    На fenu и tace73 им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ако ги имате изгледано другите филмови на Марвел како Тор, Халк, Капетан Америка ќе ви стане јасно за што е всушност оваа серија.
    Конкретно, ја обожавам сега ја гледам првата сезона до кај 10та епизода, ме воодушевува реализацијата и поврзувањата на апстрактните нешта, односно нешто за кое некои луѓе се надарени.
    Многу ми се допаѓа концепцијата на однесувањето, верувам дека во создавањето на оваа серија е потребно многу трпение. Можам да забележам дека преку зборувањето во шифри се откриваат многу работи.
    Она што не ми се допаѓа е скокањето од една тајна во друга, испревртувањето на настаните коцкајќи се со довербата на луѓето. Цел тим е манипулиран од некого. Досадни ми се Џема и Фиц со нивните преку глава убедувања кој е подобар од нив, а двајцата неможат еден без друг.
    Ворд ми е сумлив лик, премногу "стабилен" за да биде реален, во некои сцени ми наликуваше на вештачко глумење, мислам дека во обид да го направат да биде природен и цврст лик му ја турнале маската на тоа да биде поотпуштен во однос на глумата. Понекогаш си превртував очи за неговиот речник, многу го тупи со тоа да биде вака, да биде онака не е отпуштен со Скај, мислам дека премногу се занел во улогата што загубил смисол дека глуми.
    На почетокот делува како да е затрескан во Скај, но тој и Меј се здружени меѓу себе.
    Додуша, серијата самата по себе е многу мистериозна, ако не си доволно спретен да ја сфатиш на почетокот нема ни понатака. Се е до интелегенцијата, а повеќето заклучоци произлегуваат на почетокот, крајот само го започнува почетокот на другата епизоди. Делумно ги откриваат епизодите, само треба самите да ги дефишрирате.
    Можам да кажам дека јас вака ја сфатив серијата, по Avengers барав нешто слично за гледање, а оваа серија ми излезе во прав момент.
    Оцена:9/10
     
    На fenu, Annath и leona83 им се допаѓа ова.