Во нашата држава постојат четири таканаречени агенции за наплата на долгови, тоа се EOX MATRIX, KOLEKTA, MELLON SOLUTIONS, PRO KOLEKT. Основната дејност на овие компании е наплата на побарувања, доколку сте купиле некој производ или услуга а сте задоцниле со уплата на рата, сметка или нешто друго вашиот доверител немајќи доволно ресурси и потреби од ангажирање на кадар кој ќе ја врши таа работа ангажира професионална агенција за наплата на побарувања која наместо него ќе го врши побарувањто на долгот од должникот во негово име и за тоа ќе добие околу 20% за услугата како награда за успешно извршена наплата на побарувањето. Друга дејност со која се занимаваат овие компании е откупот на побарувања од првобитниот доверител и со тоа тие стануваат ваш нов доверител со што вашата позиција како должник останува иста и ништо не се менува за вас, Откуп на побарувања во нашата држава вршат само EOX MATRIX и KOLEKTA. Се почесто македонците се задолжуваат и добиваат непријатни писма, повици од овие агенции кои бараат наплата на побарување од овие агенции кои најчесто се вклучуваат во наплата на побарувања кога веќе долгот е во застарување и должникот нема никаква обврска да го плати тоа побарување. Агенциите преку закани и заплашувања кон должникот дека ќе долгот ќе го наплатат по судски пат успеваат да извлечат неосновано средства од должникот и со тоа го прекинуваат рокот на застареност на овие побарувања кој при секоја уплата почнува да тече од почеток и со тоа на овие агенции дури тогаш им се овозможува да покренат постапка за присилна наплата на побарувањето. Овие агенции вршат тивка агресија кон должникот со повици неколку пати на ден со разни закани и навреди кон должникот. Најчести закани се. - Ќе ве бараме од утро до мрак. - Ќе ви испратиме извршители уште утре. - Никогаш повеќе нема да може да подигнете кредит. -Никогаш нема да можете да отворите тековна сметка во банка. -Ако не го платите долгот никогаш нема да можете да излезете од државата. Ќе ве депортираме веднаш ( доколку сте надвор од државата) - Ќе повикаме полиција и моментално ќе одите во затвор. - Платете барем половина веднаш и банката ќе ви го прости останатото ( нема сигурно ништо да прости) - ќе го заплениме вашиот имот и имотот на вашето семејство. -Целото соседство ќе знае на кого и колку должите. Најчесто овие закани се празни и служат за изнуда на парични средства овие агенции со такво однесување должникот може да ги гони граѓанска и кривична постапка. Дали некогаш сте имале искуство со овие агенции и какво? Доколку ви е потребен правен совет со овие агенции можете слободно да ми се обратите во ПП.
Јас лично сум немал, но моите дома имаа, и тоа затоа што имаа задоцнето неколку дена за рата од кредит од Стопанска, ме изненади банката што веднаш ангажирале вакви ,,легални рекетари" кога и онака си тече камата за задоцнето плаќање на ратата, не е во наш интерес да доцниме, но ете некогаш се случува да се заборави од разни тогаш моментални причини, и да точно се јавувала некоја си вработена од тие ЕОХ МАТРИХ и упатувала лажни правни закани во смисла закани за лажни правни последици, и тоа ајде да биде еднаш но тоа било по неколку пати во текот на денот неколку дена се' додека моите не ме известија, па јас им се јавив побарав да разговарам со таа вработена и кога убаво телефонски и објаснив кои вистински правни последици ќе ги има таа како физичко лице ако продолжи со исто темпо и понатаму да вознемирува, искрено, и' нагласив дека правото ми е професија, можеби малку и тоа ја предомисли, но повеќе до плаќање на ратата не ни се јавија, башка што се расправав и во Стопанска банка.
Постојат процедури во рамките на позитивните законски прописи како и на кој начин се врши наплата на побарувањата а не на начинот на кој што тоа го прават агенциите за наплата на долгови со изнуда, неосновани закани малтретирање со повици 10 пати на ден. Тука должниците имаат доволно аргументи и докази и со добар адвокат може да покренат тужби и кривично гонење за овие агенции.
100% не се користат овие закани )) А реалноста е кога некој не плаќа подолго време раката или повеќе рати, навистина да му се наруши кредитната историја и потоа при аплицирање за кредит било каде да не може да му се одобри. Значи сигурна сум дека не е закана зошто доцниш ние сега магично ќе ти наштетиме, тоа е предупредување како човекот сам со неплаќање си штети, исто така дека сите ќе го дознаат или дека ќе се даде предметот на извршител, е нормална постапка со што банката ќе си ги врати средствата што ги дала на заем, или некој ќе си ја наплати услугата што ја направил Правен совет МОЖЕ за некој што не должи (веќе платил и го малтретираат ) или должи една рата ( нешто ситно, нормално доцнење) , на што секогаш се прогледува низ прсти и од страна на давателите на услуги, но ако некој се крие и мисли дека никогаш нема да плати, агенциите за присилна наплата се вистинската работа Истиот тој што должи цела година рати, се бори за своето право...еве како што советувате, да се бори и со правен совет, а не го цени туѓото право на заработка и сака да ги оштети давателите на услуги. Тоа ДЕФИНИТИВНО не е правилно, исто како и темава Од друга страна, треба да има тема кај што за денар долг или по гешка ги малтретираат граѓаните, тоа го поддржувам
Зависи која страна ќе те ангажира, ако е тоа доверителот правиш се' законски за да го наплатиш побарувањето на доверителот, ако пак те ангажира должникот правиш обратно, тоест правиш се' законски да го спасиш должникот да не плати ни денар, буквално бараш ,,влакно во јајце".
Што според мене е тотално нефер. Не може да искористиш струја и да не ја платиш, не може да земеш пари и да не ги вратиш, не може да купиш јајца и да не ги платиш. Проблемите се во високите камати, во високите цени или во лошите услви кои ги нудат некои даватели на услуги, пред да се искористи услугата или доброто тогаш треба да се замисли човекот и тогаш треба да се реагира за промени, а не од кога ќе си ги потроши паричките или од кога ќе си ги лапне јајценцата
Да се согласувам морално не е фер, и тоа го кажувам и како доверител затоа што и мене ми должат, сум завршил работа не ми платиле, но сепак од друга страна јас сум внимавал да не ми застаре побарувањето па сум реагирал навремено, и сум ја искористил заштитата која ми jа дава законот како доверител. Но пак од друга страна има доверители кои намерно чекаат заради зголемување на камата, и ќе го пропуштат рокот тоест ќе им застари побарувањето и тогаш тие условно ја губат законската заштита на нивните побарувања, велам условно затоа што сега врз должникот преминува изборот дали да плати застарена обврска за која не е должен да ја плати или да се повика на застареноста? Себе си се ставив во пример за да посликовито да објаснам, но освен за застареноста има уште на многу други работи за кои треба да внимава секој доверител за да може да искористи законската заштита, а пак на должникот му е оставено да чека на пропуст кај доверителот за да се спаси или целосно или делумно од плаќање на долгот.
Затоа што чекаат должниците, слушнале недослушнале дека може да застари, поради тоа имаат работа извршителите
Сето тоа е во ред и јас се сложувам дека не може да искористиш некој производ или услуга а да не платиш, се сложувам дека кај некои даватели на услуги условите се никакви и треба навремено да се реагира. Но многу е лошо однесувањето на овие агенции кои се трудат скоро во 90% од случаите да наплатат долг кој е во застарување или нешто слично што не е должникот во обврска да го плати веќе туку упорно со разни закани да не кажам изнуди успеваат да наплатат нешто што не треба а кутрите должници од страв прават се што ќе им кажат не знаејќи си ги своите права дека нешто е застарено или дека може да почнат постапки против агенциите кои ги вознемируваат со 10 повици на ден или што тие застарени случаи ги даваат на присилно извршување а должниците не ги знаат своите права да поднесат жалба на нотараското решение преку својот адвокат. Или пак спрегата на агенциите со нотари и курирските служби за достава кои не ги пуштаат платните налози до должниците туку со лаги како наводно не го нашле должникот на адресата решенијата ги прават правосилни или пак спрегата на агенциите со Извршителите каде што на должниците им сопираат повејќе од дозволеното на некои пак и целс плата дури има и случаи каде што на социјални случаеви им ги собираат заштитените средства од извршување а граѓаните не ги знаат своите права дека така не смее или немаат пари за тужби и судови и тој мал дел што можи да плати тужби и судови случаите се влечат со години до застарување и се случува никому ништо.
Имаше оглас за вработување некоја од овие. Не само телефонски туку имаат и доаѓање на врата. Притисокот и стресот врз вработените што одат на врата е огромен. Не смеат да се вратат у фирма без некаков договор со должникот. На некој начин мора да го натераат нешто да прифати или даде. Тешко легално рекетарство...
Изнудување односно уценување Има пофини начини на собирање долг отколку да ти се заканува некој на телефон или обезбедување на врата. И оние брз ќеш кредити ми се легална лихварија, исто и ова ми е легално рекетарство. Штом функционира значи нема ништо незаконски. Ама тешко на тие шо ќе паднат на финтиве
Е, добро, нека не ти врати тебе некој позајмица, па оди „рекетирај“ го на врата. Или во тој случај нема тоа да биде легален рекет?
А законски да ја спроведат наплатата? Да замрзнат сметка, да конфискуваат имот, а не да ти се закануваат и да те малтретираат со постојано звонење. Кој собира пари со закани освен рекетари? во нормален свет де...
Каков тип на луѓе се вработуваат во тие агенции? Да се вработам некаде за СВЕСНО да вршам психички терор врз должниците. Освен психопат - не знам друга карактеристика.
Оток се оние од Мелон солушн, каснев со рата за кредит бев во банка ( стопанска) им кажав дека можно е да каснам месец бидејќи фирмата кај што работев ми немаа пуштено плата, а наплатата одеше преку траен налог. Ми рекоа ок камата си тече кога ќе има прилив на средства ќе си повлечат колку треба. Почнаа да ѕвонат овие секој ден им кажав што како тие упорни, дрски мислиш милиони им дужам на нив. Дури еднаш ми рекоа дека кај извршител ми е дадена сметката, отидов до банка ги прашав дали е вистина проверија и рекоа дека нема врска. Им кажав за овие и добив одговор не им се замарај, ако има блокирање на сметка прво известуваме па после се добива писмо од извршителот. Кога ми се јавија ги прашав од каде им се мои лични податоци и со кое право они се однесуваат вака, почна таа да се понаша и реков уште еднаш ако се јават ќе им ја тужам фирмата за вознемирување и рекет. Од тогаш престанаа, инаку многу луѓе ги имаат тужено и добиено на суд.
А зошто од банка те доделиле за контактирање ако ти кажале дека се е ок и да ги игнорираш? Информациите кој да се контактира од банка им ги даваат,не дека ги наоѓаат нашите броеви во туѓ систем. Јас секогаш сум кажувала кога ќе платам, ќе си го запазам рокот и никогаш не ме барале повторно ако се си е според договореното. Факт е дека има многу безобразни вработени, ама тоа е. На крајот на денот банката има право да дава да се бараат бидејќи ние сами сме се обврзале дека ќе плаќаме на време и во рок. Не знам за што тужеле и добиле ама си се имаат убаво заштитено, не е дека земале телефон и вртат без поента. Муабетот ми е дека кон банките се тие на кои треба да има револт, тие не даваат да се јавуваат и за една рата ако ни одобриле дека може да доцниме.