Со доаѓањето на декември, сè почесто ги гледаме познатите адвент календари – мали кутии или пакувања со 24 прозорчиња кои се отвораат секој ден до Божиќ. Традиционално содржат слатки или мали изненадувања, но денес ги има во најразлични форми – од козметика, играчки, парфеми, чаеви, па дури и гурмански производи. Ме интересира, дали некој од вас користи или редовно купува адвент календар? Какви искуства имате и кои видови ви се најинтересни? Би ми било корисно да слушнам препораки или идеи пред да земам некој оваа година.