1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адвокатот од Линколн(Lincoln Lawyer)-Мајкл Конели.

Дискусија во 'Книги' започната од teffi.tkm, 21 јуни 2016.

  1. teffi.tkm

    teffi.tkm Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Мајкл Конели е еден од најдобрите писатели на криминалистички романи и се смета за современ Достоевски.
    Адвокатот од Линколн е неверојатен криминалистички роман со многу заплети и неверојатен расплет.
    Мајкл Халер е адвокат првобранител и најчесто негови клиенти се насилници , дилери на дрога , проститутки , убијци , зависници и др. кој тој ги застапува.За разлика од него неговата прва поранешна сопруга е јавен тужител и таа не го одобрува тоа што Мајкл како што вели таа место да ги тргнува луѓето од улицата тој ги враќа на неа.Токму тоа и била причината за крајот на нивниот брак.Но Мајкл сака да го следи примерот на својот татко кој исто така бил многу познат адвокат.
    Мајкл прифаќа Луис Рулеј кој е обвинет за напад врз проститутка и обид за убиство да му биде клиент и на почетокот изгледа како конечно да нашол невин клиент.Но работите не се така како што мисли и тој открива дека пред две години веќе имал клиент кој бил невин но тој не поверувал и клиентот сепак завршил во затвор за убиство што го направил неговиот сегашен клиент Рулеј.Рулеј е ѕвер кој направил многу злосторства и други завршиле во затвор за него.Луис сето тоа му го признава на Мајкл но Мајкл не може да направи ништо затоа што би го прекршил заштитеното право адвокат клиент така што мора да се бори за слободата на Луис Рулеј. Следуваат неверојатни настани заплети и неочекуван крај... На сите ја препорачувам ПРОЧИТАЈТЕ ЈА нема да се каете. Пишете коментари Позз...
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.