Здраво, Би сакал да ве прашам за искуства од полагањето на испитот за Административно управување при Агенцијата за администрација? Ќе полагам периодов, па се спремам.... им ѕвонев неколку пати во АА ама никој не крева, сакав да прашам зошто при пријавувањето ми дава опција за два термина односно прво и второ полагање? ако не го положам за колку време можам пак да полагам? Ако го положам за колку време ми трае?
Никој не ми одговорил.... Па сам и да ви кажам.... се пријавив и појдов. Воопшто ништо не учев ниту пак детално ги разгледав прашањата.... Од општо знаење си положив иако морам да признам дека беше тежок тестот. Првиот дел знаев дека ќе го положам секако зошто беа закони што постојано ги има низ медиумите. А додека за трите студии на случаи знаев дека ќе биде потешко..... посебно за финансискиот дел. Ама сепак без ништо да прочитам го положив.... женички постари што беа на тестирањето споменаа дека по неколку месеци го учеле
Здраво на сите, Дали можеби некој ги има достапни последната верзија на прашања и точни одговори од теоретскиот и практичниот дел од испитот за Административно управување, и ако може да ги сподели со нас Благодарам
Да, благодарам - теоретскиот дел е воглавном тој, но од практичниот дел недостасуваат поголем дел од студиите на случај Управување со финансии и Управување со проекти. Па доколку некоj ги има комплетно сите би била благодарна ако ги сподели со нас
Дали знаете колку пати имам право на полагање испит за административно управување, првиот пат паднав за 2 поена,ми се паднаа 2 студии на случај што ги нема во одговорените прашања
Каде може да се најдат сите студии на случај за финансово работење и управување со проекти со точните одговори?