Академија за дигитален маркетинг

Дискусија во 'Барање работа' започната од Bezobrazna01, 23 јуни 2024.

  1. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    3.096
    Пол:
    Женски
    Здраво членки
    Не видов ваква тема. Ако веке постои темава слободно нека ја префрлат во канта.
    Дали познавате некој што има завршено некоја академија за дигитален маркетинг, графички или нешто слично, да споделите искуство.
    Brainstar i creativehub.mk често ми излегуваат на реклами на инста па ме заинтересира .
    Што и како оди целата процедура.
    Гледам и достс пари би однела академијата па не сакам да се изгорам туку така
    Ме интересираше дали може после академијата да се најде работа или ке мора дс имам завршено факултет како дополнително?
    Се надевам дека ке дискутираме малку повеке ма темава. :D
     
    Последна измена од модератор: 24 јуни 2024
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    Не си троши пари. После академијата нема да ти најдат работа иако на тој концепт се рекламираат, ти ќе си аплицираш. Од искуство ти кажувам, поминав кроз една од академииве за маркетинг што ги спомна и би ги препорачала само на вработени кои фирмата им плаќа да ги завршат заради потреба во самата фирма. На многу места пуштив ЦВ и никаде не примаа со таа академија, секаде бараат искуство, погледај по огласите на нет и ќе се увериш што бараат. Подобро да земеш на Удеми некој курс буквално истото знаење ќе го добиеш и да праќаш за пракса било каде, тоа може ќе ти користи. На една пријателка која исто заврши ваква академија за маркетинг и се изнасмеале кога отишла на интервју. И реално не вреди за парите, многу галама креваат газдиве (на сите вакви школи) типично перење на мозок, а многу слаби наставни програми, еден куп теорија и демек проект кој никогаш не го ни презентиравме. Еве постави го прашањево во други теми како барам работа, може ќе споделат повеќе искуства. Јас би рекла дека тие пари се ептен превише за тоа што го нудат.
     
    На Seli20, Fraerce4, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    4.803
    Лично ускуство немам со браинстер и креативехуб. Браинстер само многу добар маркетинг сметам дека имаат, ама мене ме немаат привлечено со ништо. Познавам неколку луѓе на разни академии во браинстер, двајца се вработени, една од нив работи како маркетер баш од академијата за дигитален маркетинг, ама тоа е затоа што сама успеа, не заради нив, иако сигурно стекнала знаење таму. Другите се од други академии кај нив и мех онака задоволни. Креативехуб појма немам кои се.
    Исто така знам многу компании кои вработуваат луѓе од академииве, спротивно од ова членката што го кажува, познавам и луѓе кои се вработени со завршена академија. Јас никогаш не би се запишала на акдемија со идејата дека треба и да очекувам да ме вработат. Ако научиш сигурно ќе најдеш работа, меѓутоа не може да оставиш само на тоа што ќе го пренесат таму, мора да се работи на проекти, да се прашува, да се учи дополнително и сл. Секако треба да им се направи притисок околу целата програма да се сподели во детали како и што се работи, проекти апсолутно мора да има и тоа баш реал лајф проекти, а не задачи за повторување на материјал. Проекти кои ќе растат со самото знаење од академијата и сл. Ова повеќе е општо за сите вакви обуки, академии и сл. Удеми според мене не е за почетници затоа што ќе се измачиш, супер е за надоградување, меѓутоа за почетник треба степ бај степ за конкретна индустрија.
    Пошто темава е дигитален маркетинг, јас имам слушано онлајн академија од udacity. Не е исто со физичко присуство или онлајн состаноци, ама сепак имаат мрежа на професионалци, добро обработени материјали, up to date, да не се чудиш зошто мета постоела или не постоела пред 5 год, има и проекти кои ти ги следат и оценуваат. Е сега дигитален маркетинг со себе носи еден куп гранки за кои понатака ќе треба надоградба во зависност од тоа за што ќе се одлучиш. И покрај завршена академија, со добивање на сертификати пример од гоогле или хубспот, проекти сработени, една добра линкедин страна, профили на upwork и слични и ќе имаш работа и во мк и надвор. И нормално англиски да знаеш ова ваљда се подразбира.
    Пари за едукација никогаш не се фрлени пари, подобра инвестиција од таа во себе не постои, ако работиш напорно за 1 година ќе извадиш 3 пати повеќе од тоа што си инвестирал.
    За графички дизајн ќе останам воздржана од коментари пошто јас сум презаситена и лично не го препорачувам да се учи, ако си вљубена ептен во дизајн и те бива тогаш некои други опции како уи ух. Ама графички дизајн и дигитален маркетинг се две сосема различни струки, затоа најубаво види што те влече и во што сакаш да продолжиш да инвестираш па така одлучи.
     
    На NoirSerpentine и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    И јас не се запишав за да ме вработат туку за да го надоградам моето знаење затоа што работам и онлајн покрај мојата работа од 8-4. Членката убаво си праша дали може да најде после академијава работа затоа што тие се рекламираат на тој принцип дека вработуваат и на тој начин придобиваат студенти. Моето искуство е дека без пракса нема да ги прими никој само со таа диплома. Ако оди било кој на нивните страни ќе биди успешни приказни на вработени студенти. Двајца од нив одеа со мене во група и си беа вработени и уште си работат на истото место а таму стои дека ете после академијата ги вработиле. Е после академијава пуштав Цв зошто сакав и практично да научам повеќе работи бидејќи самата академија многу малку те упатува во работата, многу теорија а малку практични примери.
    Овие две фирми за кои праша членката се чисто продавачи на магла. За 2000 или 3000 евра треба многу повеќе и да треба задолжително практична работа или пракса. Јас после тоа сама со помош на јутуб си научив еден куп програмчиња за дизајн за ич пари.
     
    На Seli20, Fraerce4, Bezobrazna01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Јас бев студент пред 4-5 години (ако така може да се нарече) на една од академииве. Дали вреди за парите? - НЕ!

    Првото работно искуство ми беше со нивна препорака на една фирма кај нас во МК, но ме вработија затоа што претходно имав практично искуство за беспари каде што јас сам научив многу, а им беше итно потребен човек, па лесно и брзо се вклопив. Академиите и самите професори верувам дека може да ти помогнат, како што ми помогнаа мене, ама некој што појма нема што е маркетинг, дигитален маркетинг, фб, инстаграм... нема што да бара да го учи, а уште помалку да го работи ова. Тешко дека некој преку академија ќе стигне до работно место, без искуство и без врски.

    Реални проекти не постојат, тоа е мачкање очи, дури и да речат дека проектот е одобрен, клиентот нема да го одбере тој ваш проект, ќе си цепаат по свое, или ќе украдат по некоја идеја. ама нема да речат дека им е од Бреинстер или слично...

    Мене ми помогнаа многу инструкторите, бидејќи ми одговараа на точно поставени прашања, кои сепак јас знаев, односно имав познавања тогаш од темата/проблематиката, па нешто малку кога не ми беше јасно, ми објаснуваа.

    Домашните што ги даваат се добри за вежбање, ама ретко ќе добиете искрен/реален фидбек, ќе ви речат дека се супер, за да ве охрабрат, но реално не сте 10-12 години за да ве тапшаат по рамо.

    Би сакал да им помогнам и на другите со информации, па така кој сака подетално, може да ми пише порака.

    Во кратки црти како сумирано

    - Не вреди за парите
    - Запишете се само ако навистина се гледате во таа сфера
    - Освен (не)знаењето, ќе стекнете познанства со други колеги/студенти од таа сфера, ќе ги запознаете подобро фирмите, и ако ви фаќа кликерот, полесно ќе дојдете до работно место или проект.
    - Сепак, ако опцијата е да работите нешто ради реда, подобро е да се запишете на академијава.
    - Треба да знаете англиски, на напредно ниво, ако сакате да имате успех во ова.
    - Секој плус јазик (освен екс-ју јазициве) што ги зборувате, ќе ви донесат повеќе пари.
     
    На Attenzione, Antebellum, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    4.803
    И со академијата не ли го надогради знаењето? Не знам на кој начин се продаваат, немам лично искуство со овие едукативни центри го потенцирав тоа, за едниот и прв пат слушам. Не ги знам ни програмите, затоа генерално кажав на што да се внимава. И со диплома од факултет прво одиш на пракса, а не па од овие скратени обуки. Не знам што е чудно, во најголем дел давателот на пракса потоа те вработува. Неблагодарно е да кажам дека нема работа, кога познавам луѓе кои се вработиле. На јутјуб се учат апликации за дизајн ама тоа не е дигитален маркетинг. Фер е мислам да пишеш и за која академија збориш.
     
  7. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    Деца не си ги фрлајте парите, сите тие курсеви ги имате или бесплатно на Youtube или за 10 долари на Udemy.
    Се е таму лага, дури до толку се дрски што ги тераат луѓето да напуштат работа со една кофа лажни надежи.
    Знаете ли вие колку навистина некоја работа треба некому да му ја завршите за да ви даде 2-3 или 4 илјади евра плата, како што они ветуваат?
    Имате ли престава како се заработуваат тие пари? Ако мислите дека на дрво се берат парите тогаш одете фрлете 2 000 евра нека ви продава магла и како и 99% отпосле ќе се свестите дека попусто сте ги фрлиле парите.

    Тие курсеви реално не треба да се повеќе од 200 евра они ги нудат за 2 000 што е кражба.
    Ви продаваат мит за некаков сертификат ( испринтан лист хартија кој лист никому ништо не му значи)
    Немојте да сте наивни! Не верувајте во тие нивни сказни!
     
    На dromka, Willbeokay, Zfer и 5 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    15.999
    Кај академиите нешто што најмногу вреди е менторството.

    Да не се лажеме, учењето на Udemy и не е баш така едноставно, посебно не за личности без силна самодисциплина. Големи се шансите дека ќе почнеш некој курс и после кратко време ќе го баталиш.

    Кај овој вид на организирана настава имаш конкретна програма, испланиран ритам/рутина на одвивање на активностите и некој од другата страна на којшто можеш да се потпреш кога ти треба насока или помош.

    Ако целта ти е само сертификатот за кој мислиш дека сам од себе ќе ти донесе работа, тогаш е тоа тотално промашена инвестиција. Но, ако си решен да го извлечеш максимумот и да учиш и работиш со голема посветеност и однапред поставени цели кои сакаш да ги постигнеш, тогаш мислам дека имаш големи шанси за успех.

    Не мора да чекаш некој да ти даде проект да сработиш. Барај, истражувај на Интернет што е тоа што се бара во конкретната област и направи си сам портфолио од мин. 3-5 добри проекти, што секако е многу полесно кога имаш некој кој ако не друго барем оценка може да ти даде за сработеното. Знаењето покажано на дело вреди мноогу повеќе отколку еден лист хартија со некакво си звање.

    И компаниите со кои соработуваат знаат точно да ги препознаат оние кои делат од просекот па затоа и тие таквите најчесто добиваат шанса и не остануваат невработени.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Би сакала да се согласам со @mKdevojce на темава. Немам лично искуство со академијата но имам оформено мислење на база на други луѓе што биле блиски во мојата околина. Една другарка и другар имаат завршено академија за дигитален маркетинг на Бреинстер само заради дипломата без никакви предиспозиции дека се запишуваат на академијата само за диплома. И нормално е кога очекуваш ти од академијата да те вработи да не си најуспешен.

    Се запишуваш на академија и фрлаш толку пари што значи дека треба да имаш силна желба за учење надоградување итн. Тоа подразбира и започнување понатака и со пониска плата додека учиш и додека не стасаш на некое ниво кадешто заработуваш повисока плата, како и секој почеток и овој е климав.

    Затоа моја препорака е доколку се запишеш на академијата да се надоградуваш постојано, да бараш помош, да градиш милион конекции што утре ќе ти помогнат во пронаоѓање работа и плус надоградување на себеси. Многу е важно дека на академијата треба да даваш и 100% од себе за да научиш и да бидеш успешна во тоа што го правиш. Нормално важен е и изборот на академијата но немој да очекуваш се на сервирано па и дека они утре ќе те вработат. Пак сам мораш да поминуваш низ процесот на вработување, надоградување и слично. Така што на која академија и да се запишеш пак успехот после тоа ќе е твој доколку ти напорно учиш и целиш кон тоа што сакаш да го правиш понатака.
     
  10. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    @bookslover и @mKdevojce
    Едно просто прашање зошто тие академии немаат ни еден успешен бизнис кој е надвор од продавање ветар и магла?
    Еве да кажеме дека тие што наседнале на лагите нивни и лупнале по 2000 евра самите се криви не биле доволно абмициозни, еве нека е така. Но како ќе го објаснете моментот дека самите тие академии имаат многу бизниси почнато и речиси сите им се неуспешни а само овој продавање ветар и мгалга им е доходовен?

    Бизнис е бизнис тешко се успева, било дигитален или какови и да е. Тоа што е дигитален значи дека продажбата и рекламирањето ќе оди онјан но бизнис како бизнис е ист како и секој друг бизнис. Обвде некој се обидува да ги измести тезите. За бизнис треба повеќе економски знаења а не како да пуштиш реклама на Фејзбик или Гугл и во Канва да направиш сликичка.
    Пак ќе кажам академиите се превара!
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Извини ама стварно не можам да те разберам како тоа академиите се превара. Превара се затоа што луѓето не можат да најдат работа и не се трудат доволно да најдат?

    Тогаш и факултет е превара жива. Јас лично на факултетот кајшто сум се учи по толку застарена програма што подобро да се запишев на академија него на факултет. Превара не се, тоа може само да потекнува од луѓе што не доволно се потрудиле да се надоградат и сметаат дека по завршувањето на академијата се експерти во областа и бараат брда и планини.
     
  12. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    На сестра ми дечко ѝ е на академија за фронт енд во Бреинстер и дечкото и покрај саатите што ги има за учење таму дополнително вложува по 8-10 часа на ден да учи, за да после не рече академијава е превара не ми најдоа работа. Нема утре дипломата да ти најде работа туку сите практични квалификации што ги имаш.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    Типичен Македонски менталитет, до нас е не е до газдите, а при тоа и двете членки немаат искуство со "академииве" ама секогаш народот е крив. Јас се запишав затоа што имам свој блог и е комерц бизнис па ме интересирало да се надградам, ниту навлегоа подетално во предавања за SEO ,ниту дадоа конкретен пример ниту пак побараа од нас нешто да сработиме. Јас бев таа која бараше од предавачите одредени работи да ги посочат. Програмата нецелосна, предавачите така така, па јас ниту имаа во план за пишување на кризен ПР или блог пост, landing page, без примери за емаил маркетинг или маркетинг за продажба. И 300 евра е многу за тоа што го нудат. И да во право си и двете школи почнаа други проекти кои не им успеаа и останаа само на ова т.е. на продавање на магла. Петар кога бев да се запишам ми рече ама ти си од Правен мора 6 месеци да одиш на курсеви тука кај нас да те подготвиме и после тоа да те запишеме хаха. Буквално перална на пари.
     
    На Fraerce4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    Превара се затоа што за 2000 и 3000 евра програмата не им е квалитетна, и престани да носиш заклучоци за луѓе без да ги знаеш.
     
    На Fraerce4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    Ива си ги оценила 100%. И мене најмногу ме нервира тоа што се обидуваат мајмуни од луѓето да прават ем ќе им ги земат парите со една кофа лажни надежи ем им набиваат вина дека они се самите виновни.
    На последниот поткаст Петар ги откри неговите планови, а тоа е да ги уништи сите конкурентни фирми што продаваат како него магла, да не почнува други бизниси зошто се што почнал пропаднал. А по медиумите само он и сопственици на брзи кредити се појавуваат како успешни Македонски претприемачи, уште некој сопственик на казино да се појави и да ни објаснува за неговиот успех фали во целава оваа бизнис атмосвера.
    Луѓе гледајте што зборува човекот он тоа го кажува не друг!
     
  16. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Апсолутно знам за луѓе што не дале ни 1% од себе за да се вработат и после академиите им беа криви. Престанете за свои неуспеси да си ги кривите академиите. Поентата беше да се даде совет на девојката и истиот го дадов.
     
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    40.756
    Пол:
    Машки
    Луѓе, не си ги давајте парите по академии, не се ефикасни повеќе во наоѓање работа.
    Едно време полесно се примаше во ИТ, и имаше некои што добија работа со курс преку Бреинстер и слични. Но ИТ пазарот толку се засити што тие што се само со академија воопшто не доаѓаат во обзир кога регрутерот ги листа CV-ата. Гледа дека е излезен кандидатот од академија и го "бриши" одма.
    Верувам слично е и за маркетинг.

    Секогаш ќе има по некоја успешна приказна каде 1 или 2 ќе успеат, но и тие ретко успеваат да добијат работа само преку академијата, туку најчесто учеле додатно и сами аплицирале, имале конекции и знаење.

    Зошто да фрлите 2000 евра ако не ви помогнат бар со конекции и нетворкинг да стигнете до работа кога веќе знаењето што ќе го добиете од таму не е доволно за вработување? Тогаш која е поентата да платите кога истото може да го добиете за многу помалку пари со сопствен труд.

    Гугл нуди бесплатни курсеви, а за некои и сертификати од различни области, меѓу кои и дигитален маркетинг. Овие сертификати ви имаат иста тежина како ливчето од Бреинстер, па дури и поголема затоа што повеќе ги ценат надвор од Македонија.

    https://grow.google/intl/uk/

    https://skillshop.exceedlms.com/student/catalog/

    Поминете ги сите курсеви, ќе добиете базично знаење кое потоа може да го продолжите со Udemy, Youtube, форуми, хабови, и започнете и некои свои проекти.

    Со парите упишете мастер. Има и онлајн факултети и колеџи кои за 4-5000 евра нудат мастер по маркетинг, а се далеку поценети и овде, и во странство.

    Едит: Еве линк до евтини колеџи и факултети што нудат Bachelor и Master програми.
    Гледам дури нудат некои и можност секој месец да плаќате по 150-200$

    https://www.onlineu.com/most-affordable-colleges/marketing-masters-degrees
     
    Последна измена: 27 јуни 2024
    На Dust, Fraerce4, Iva:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе проба да ја уништи конкуренцијата но што почна да ги прозива Финки? Еј стигнавме до тоа дереџе Петар од Брејнстер да се контра со Финки.
     
    На dromka и Fraerce4 им се допаѓа ова.
  19. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    Да но овие не се преваранти и не знаат на Македонски да ги прават будали луѓево, дека сами си се криви што фрлаат 2 к евра за на крај самите да се криви зошто не учеле доволно.
    Секоја чест за линковиве, сите оние што планирале да дадат 2 к евра на Петар за после сами да си се криви мој совет е да ти дадат 200 долари за советов!
     
  20. Fraerce4

    Fraerce4 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    72
    Сега станал родител и немал толку време, многу време му одземало додеак ги причувувал децата :) Каква превара е човекот тоа е неверојатно. Ако човек има нај многу време во животот тоа е кога има мали деца. Но Петар е како неисполнета жена така да и од своите деца прави научна фантастика.