1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аква Парк Скопје

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов си кажува.
    Аква Паркот ќе се простира на површина од окулу 6500 метри квадратни.
    Во него е предвиден базен со бранови,повеќе тобогани од кој најдолгиот би требало да изнесува 45 м. , мрзлива река со водопад,остров за релаксација во средината,детски свет со потопен брод....
    Инвестицијата би вредела окулу 2.8 милиони евра. Автори на идејниот проект се Методи Хаџи-Андов и Игор Мартиновски.

    Ваши +/- критики
    http://www.youtube.com/watch?v=mk5zrqVye34
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Најтазе нешто што ме исфрустрира....лопатата в раце и ајдеееееее.... Не ми ја отварај устава големата ќе е 8)
     
    На Iv.girl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Би требало да е супер, али незнам баш колку е ова сигурно дека нормално ќе функционира. Одма ќе се уништи, верувам! :worried:
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Едвај чекам да се отвори. Сигурно ќе биде солиден по она што читав дека ќе го има. Картата ќе била 250-350 ден. и ќе работи во две смени 1(дневна): 10:30-17:30 и 2(ноќна): 18:00-01:00 :)

    Голем + од мене, конечно некој паметен проект.
     
    На obey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    22.575
    Пол:
    Женски
    Мене искрено, од ова видеото не ми се допадна.

    Ми изгледа многу мало, нема многу водени површини и плус ми е скоро се' како за мали деца правено.
    И лошо ќе биде со гужвите за така голем град како Скопје.

    Во Италија какви аква паркови има, умот да ти штукне. :rofl:
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Конечно нешто паметно..
     
  7. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Што и ново да се направи е убаво. Мало или големо, нека го има.
    Загрижувачкиот факт е ниското ниво на култура на нашиов народ... Уште има примероци кои ѓубрето во двор си го фрлаат, а не тоа таму да го чуваат. Се нема основни манири.
    Сигурно сте биле низ некој од европските паркови, знаете како е - чекање редови, позајмување гуми, враќање на истите... Замислете ја сега таа мешаница со нашиов народ :( Тоа е нашата тажна вистина.
     
  8. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Лајк голем од мене, за проектов. Таман ќе имаме синчето каде да го носите.
    А и јас ко што сум водна жаба ќе се изнауживам шлапкајќи се со бебчо...
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    До каде е проектов ?Дали ке биде пуштен на време или ке биде само формално пуштен а ке наликува на градилиште :wasntme:
    Некој видел нешто .....
     
  10. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    аква парк

    сте го виделе ли аква паркот во скопје,јас гледав слики од нет,само малку цените ми се некако скапи,да одиме јас,маж ми и детето=1000 ден.за билети само :?:
    ке почекам да ги намалат цените прво па ке одам да шетам ;)
     
  11. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    го направија? отворен е? :?:
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^Денешна објава:
    Аква паркот во Скопје ќе биде отворен неделава, но не денеска
    Оттаму известија дека не се точни информациите дека забавниот парк на вода во Скопје ќе биде отворен денеска.

    „Сакаме да Ве известиме дека отварањето на Градскиот Аква парк кој е во состав на СЦ Борис Трајковски нема да биде на 15 Јули 2013 година.

    Иститот е предвиден да биде отворен во текот на оваа седмица, но сеуште го немаме прецизирано датумот.


    Во моментот се врши тестирање на опремата со која расолага Градскиот Аква парк , лоциран од северната старна на спортскиот центар, односно веднаш позади хотелот Александар Палас“ - известуваат од одделението за односи со јавност при спортскиот центар Борис Трајковски.
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Во недела се отвара скопскиот аква-парк
    Од оваа недела граѓаните ќе можат да се забавуваат, рекреираат и уживаат во скопскиот аква-парк.

    Од недела посетителите ќе можат да се забавуваат на 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти.

    За дечињата се предвидени детски содржини со кои ќе се забавуваат, а за оние дечиња до 4-годишна возраст влезот е бесплатен.

    Инаку, карта за скопскиот Аква парк за останатите посетители ќе чини 350 денари.
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Според мене за џабе само владата фрла пари за глупости. (Доволно во Македонија има сиромашни, невработени лица на кои треба да им се помогне, наместо да се трошат непотребно народните пари на Аква Паркови, споменици, фонтани, разни непотребни реклами и кампањи.) Како прво македонскиот народ со чесни исклучоци е народ без никаква култура, уште од сега можам да ви кажам дека сум сигурна дека ќе го уништат Аква Паркот, ќе се фрлаат разни отпадоци и поголемиот дел од посетителите додека се внатре во вода сигурна сум дека ќе уринираат. Како второ влезниците се премногу скапи за нас македонците бидејќи сигурна сум дека нема секој да може да си дозволи да отиде во Аква Паркот. Само можам да кажам дека во Македонија не беше потребно да се направи Аква Паркот. :!:
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^Не велам дека сме богати, ама па од што сме сиромаси сите на море отидоа и таму прво што зборат е каков аква парк посетиле....и како бе таму знаат да бидат културни и да не фрлаат отпадоци. Туку треба државава да удира повеќе по џебот за фрлање отпадоци, па да видиш како одма нашиве ќе се освестат.
    350 за еден ден многу??? А навечер минимум 500ден. во дискотеки секоја петок/сабота оставаат. Мислам да не се лажеме, да си бидеме реални. :)
     
    На Abeja и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ахх, партиотКи. Магарето лета?
    -Лета,лета :D
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Те имам неколкупати забележно со оваа реченица и не ја разбирам твојата фрустрација или не знам што кон дискотеките и луѓето кои одат во нив, како да се во првиот круг од пеколот на Данте. Како да си 50 годишна жена, а не млада девојка.
    Никаде во Скопје влез во дискотека не е повеќе од 150 денари, и се минува и со помалку од 500 денари, само како за кој...
    Да се вратам на темата, реално цениве и не се нешто ефтини, посебно кога би се работело за четиричлено семејство со деца постари од 4 години, само за влез обичен ќе ги чини ѓавол ипол.
    Во аква парк сакаат да одат претежно деца, добро сега има и 20 и кусур годишни крави како мене што уште се радуваат на спуштање по тобоган но сепак, не е ни малку ниска сума од 350 денари од човек.
    Се недевам дека нема да се наплаќаат лежалките, и дека кафе/пиво/сок нема да бидат со цени како на кеј или повисоки.
     
    На mona.s, swrcii, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Искрена да бидам ваквите работи мене лично па и не ме радуваат нешто многу. Од една единствена и едноставна причина што јас лично ова "задоволство" и овој "луксуз" неможам, а и воедно несакам да си го дозволам. Значи не дека не се радувам, не дека не би сакала да отидам, ама како што кажав, неможам да си го дозволам и тоа е тоа се помирувам во секундата и радоста ми поминува.

    Ако 350 денари е картата, плус удрете тука превоз, јас сум можеби блиску до центар ама салава Борис Трајковски па и не е така баш наивно блиску. Сигурно нема да биде дозволено да се внесува храна и пијалоци, со тоа што ќе мора да си купиш таму, дека едно кафе ќе биде 50 денари најискрено се сомневам, и значи мене не ме расправа една 1000ка за еден ден. Не дека баш цела ќе ја потрошам до денар ама сепак неможеш еве да речеме како за прв пат да одиш со до денар броени пари, треба да се има и нешто вишок.

    А да, сега ми текна, па јас нема таму сама да одам, сигурно ќе идам еве со дечко ми, и он 1000че. Па подобро ќе си отидам на еден ден до Грција, 1000 денари е повратна карта, барем знам на море сум и ќе уживам (не ме интересираат мене политики инаку). :lol:

    Врти сучи, скапичко е. Можеби е убаво, можеби е ново ама осеќам дека и ова место ќе стане дел од Скопските фраери и фраерки кои ќе одат само да се сликнат и да се чекираат на фб, ама ова е Скопје и неможеме против тоа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе Сноу ако споредуваш кој на што троши, ќе се рамниш со Валерија.

    Ако си прошетала по аква паркови низ повеќе земји па да кажеш твое искуство, дали вреди за таа цена бла бла. А вака гнетеме празна слама на уште неотворен.
    Кај спореди море и аква парк, со простор позади Борис Трајковски, кои глупи компарации. Ај ја да ти мерам колку трошиш за јадење или за облека, а нешто на пр. ти е скапо. Значи обожавате да се мешате во лични избори.

    Попрво ќе собирам пари за на море или викенд во Охрид отколку да се брчкам по аква паркови, градски базени. Тоа е мојот став.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Мене вака по видеово не ми остави некој впечаток дека ке има некои екстремно високи и стрмни тобоганчиња и други ствари од кои би се плашела за својот живот да се качам и спуштам и тоа не ме бендисува уопште ! Мислам не се само деца за аква паркови и зошто само забавна содржина за деца мислам и ние поголемките деца знаеме да се забавуваме , па нешо у парови па некои скокотливи игри ау ... Како и да е планирам да го посетам и 350 денари воопшто не е скапо , мислам по во Бугарија и Турска по 20 евра е влезница , па сега тие се стварно поголеми и поопремени ама па и овде треба ли сметки за струја , вода да се плакаат , вработени за одржување , да се вратат парите од инвестицијата итд итд , па толку е и ви Пробиштип картата , да бидеме реални солидна цена за наш стандард ,па не може 100-200 денари да е карта како за базен , еве во мојот град е 100 денари за еден базен што се вика фамилијарен што е а не градски а колку трошоци за вода имаат тие ? Јас баш се израдував на овој проект , само ке ми биде страшно криво ако нема некои адреналински водени лудории , затоа и највеќе би одела , уживам во такви работиии :D