Имам голем проблем со лицето. Значи отсекогаш сум имала мрсна кожа, но со акните немав проблем се до пред една година. Ако некој знае нешто што може да ми помогне за мозолките и црнките ве молам да пише. Козметика или совети, се е добредојдено. Фала однапред
Здраво Сакам да ти препорачам една колекција која навистина е пробана и многу помага, пред се е медицинска можеби е малку поскапа но навистина делува. Пред се лицето треба да го миеш со гел за миење на лице, се работи за колекцијата AVENE (EAU THERMALE),кремот кој јас го користам е за осетлива и чувствителна кожа се вика (AVENE Cold Cream Gel), и чини 700 ден, потоа кога со гелот ќе го измиеш лицето има една крема која помага и тоа многу против мозолките и црнките на лицето а воедно е и идеална подлога за пудра, кремата се вика (AVENE Cleanance K) и е на база на AHA и BHA овошни киселини кои создаваат длабок пилинг ефект, ја ослободува содржината на порите и ја потикнува елиминацијата на мозолчињата, црнките и сличните проблеми. Со ова крема кожата има мат ефект во текот на целиот ден и како што кажав е иделна подлога за шминка. Колекцијата е од Франција и верувај навистина делува. Можеш со овој гел двапати на ден да си го миеш лицето и два пати да ставаш од кремата и навистина мозолките исчезнуваат и кожата е мека. Пробај навистина делува , оваа колекција ми ја препорача дерматолог и е медицинска на база на термална чиста вода. Оваа колекција можеш да ја најдеш во Зегин аптеките во Скопје. Поздрав
Медицински сапун, од Doctor's, со сулфур и црн катран.. Бар мене ми го исчисти лицето после 7 години потрага и незнам колку пари фрлени на скапи колекции, креми, лосиони и незнам што.. Комбинирај го со лосион од Клиндамицин после миење навечер, и лосион за мрсна кожа на сабајле, после миење.
Јас користам DOCTOR'S. Мислам дека тоа помага,барем на мене! Инаку еве овде прочитај ја оваа статија од фемина. Сигурно ќе ти помогне. http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%BC%D0%B8
Ова лето многу вежбам и прв пат ми се случува ми излегуваат акни насекаде. Со што да пробам пред да отидам на дерматолог? Имам многу лошо искуство со лекарите и сакам да ги избегнам ако може.