Ако може да се вратите во минатото и да се вмешате во некој поголем или важен историски настан па така да ја промените историјата, на кој настан би се вратиле? Штом би направиле, односно промениле? И како тоа ќе ја обликува иднината, односно нашата сегашност?
За минато, ќе одев кај чоекот шо откри оган прв и ќе му го гаснев за да не продолжи да се развива, ама мене да ме гледа ко божество шо прај вау промена.
Ќе фатев врски да го примат Хитлер на Академијата на уметностите. Ќе беше спречена војна и спасени многу животи. А мене ќе ме уапсеа за непотизам.
Najdocna rani 90-ti, kje ja prisoedinev teritorijata na Vardarska Mk kon Grcija ili kon Bugarija za da si imav evropsko drzhavjanstvo ushte odamna.
Ништо не би сменила, оти не знам дали во иднина таа промена ќе донесе нешто позитивно, или негативно. Само би прошетала да разгледам како е-шо е.
Да се вратам во 1912 година и да му го искинам билетот на Џек да не може да се качи на бродот Титаник
Ништо не би променила. Секој дел дури и оние најмалите и навидум безначајни делчиња доколку се променат тоа ќе има големо влијание на иднината. Сите ние сме резултат на тоа што се случувало во минатото. Малку филозовски дојде муабетов, ама вистина е така.
На две места. Пума Пунку. 536 П.Н.Е. Да ја спречам човековата раса од eкспериментален генетски инжинеринг, псевдо идеолошки религии и страдање. Горењето на најголемата земска библиотека - Александрија која ја означи ерата на потполн мрак.
da mozev da se vratam bi sprecila raspad na jugoslavija, ili bar bi doziieala da vidam, epten me zanima sto bilo togas tolku ubavo ,ne od slusanje bi sakala da osetam, ama nema a da ne se raspadnala bi bile golema drzava i nikoj ne bi i igral so nas ko sega i odamna bi bile i vo eu a mozebi i bi bile porazvieni od nekoi zapadni zemji ili bi bile nesto ko svajcarija
Би му кажал на режисерот на првите Стар Трек филмови дека комуникаторот на капетан Џејмс Т. Кирк е глупава идеја и да не ја става во филмот. Како резултат, Мартин Купер нема да добие инспирација да направи мобилен телефон. Така ќе се одложеше или исчезнеше идејата за персонален мобилен телефон, и сега во рацете немаше да држиме ништо. Јас немаше да отворам Фемина од мобилен, а ти немаше да го читаш овој коментар на твојот мобилен, туку сите ќе шетавме надвор, ќе зјапавме во природата, и ќе правевме повеќе муабети во живо
Да можев да се вратам во 1913, би отишла во Букурешт и не би дозволила лошите чичковци да стават потпис за поделба на Македонија
Би ги замолила Тито и Хитлер нешто... Што? Хитлер да ги стави згрешените во ред. Тито да ја задржи Југославија.
Би му кажал на Александар Македонски дека би можел да биде отруен и да внимава на блиските. Би му кажал на Гоце Делчев дека му спремаат убиство и би спречил негово убивање. Би се вратил 10 дена порано за да му кажам на Гоце Цветковски наместо веѓета, да им фрли расолница на кандидатите од дпне и сдс.