Активности за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од IRBBB, 31 јули 2022.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам со цел да споделуваме искуства и идеи за активности на бебињата во домот и надвор од него за поттикнување и подобрување на фина и груба моторика, сензорни, социјални, емоционални и говорни вештини.
     
    На marijamarkoska, Butterfly1212, Juicy и 23 други им се допаѓа ова.
  2. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Супер идеја @IRBBB :hug:
    Еве јас да споделам активност од денес, набрзина исполепено ама саат време се занимаваше и преинтересно му беше.
    20220731_172006.jpg
    И мачорот се придружи. :)
    20220731_172013.jpg
    20220731_172904.jpg
    И секако на крај... :rofl::rofl::rofl:
    20220731_173245.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На elimkd, marijamarkoska, Razvigorec и 27 други им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
  4. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Моментално е 12+

    Од игри и активности најчесто го оставам да истражува се од околината. Немам штитници на фиоките и тие му беа најомилена активност до скоро. Отвори затвори, види што има внатре пак затвори. Не му викам на секое НЕ туку го оставам сам да си осознае. Па така листаме книги, ги вадиме ставаме на место. Моментално го усовршува пинцета фатот и му оставам помали работи да фаќа, секако безбедни за во уста ако случајно завршат да може да ги извадиме :)
    Генерално се што сум видела од идеи и сум применувала него не му било интересно. Сам сака да си наоѓа занимации :) Знае со обично капаче од вода да се заигра, џабе јас триста чуда му измислувам :D

    https://www.instagram.com/reel/CfeZKMrpFS9/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

    На профилов има многу убави идеи, може ќе му послужат на некој. :)
     
    На Razvigorec, Frosty!, Dancewere и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Истиов ќе го споделев. :D Пред некое време случајно го открив има супер идеи и за големи и мали.
    https://instagram.com/eatsybitsyayden?igshid=YmMyMTA2M2Y=
     
    На Razvigorec, IRBBB, Mom's_life и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    5.204
    Исто и синко :D.
    Еден куп капачиња имаме по станов, главна играчка му се. Големи, мали, од шишиња, тегли…
    Си ги крие, им вика Ааа (Аш :D), па ги става едно во друго, отвора/затвора тегли мали. Без капачиња не седнуваме да јадеме. Играчки кога одиме негде не носиме бидејќи во секоја куќа има капаци, се наоѓаат.

    Он топик, @IRBBB ти ја поздравувам идејата да ја отвориш темата жено.

    Една од diy активностите (ако може така да се рече) која синко ја прифатил е наједноставна сензорна игра со вода. Подлога за играње/мушама, вангла со вода пред него со играчки и така шљапаше некои 15 минути.
    Надвор сака да фаќа/реди камчиња и да кине лисја.

    Инаку постојано е во движење и тешко да му задржи некоја активност внимание, а да вклучува седење.
     
    На Razvigorec, Dancewere, Tiny Love и 4 други им се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    @Mom's_life @Autumn Love чувајте капачки во разни бои, ќе ги искористите подоцна за кога ќе сакаат да отвртуваат/завртуваат. Моментално нас тоа ни е хит. :D

    Screenshot_20220801_000152_com.google.android.apps.photos~2.jpg
    Screenshot_20220801_000417_com.google.android.apps.photos~2.jpg
    Screenshot_20220801_000003_com.google.android.apps.photos~2.jpg

    Омилена активност ever :drunk:
    Screenshot_20220801_000041_com.google.android.apps.photos~2.jpg
    Screenshot_20220801_000658_com.google.android.apps.photos~2.jpg

    Конзерва од нес кафе со поголем отвор, да става капачиња од шмукалчиња
    Screenshot_20220323_233417~2.jpg

    Шлаг со шарени мрвици
    Screenshot_20220731_235044_com.google.android.apps.photos~2.jpg
     
    На Калатеа, Razvigorec, i13dk и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Јас имам нарачано од тука.
    Реално не се исплаќа да нарачаш, најди црно-бело-црвени слики и испечати ги на подебела хартија. Од лист А4 формат ќе добиеш минимум 2 вакви.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    5.204
    Вакви контрастни картички има free по нетов, спушташ и печатиш на картон.
    На пример овде https://playworksheet.com/sheet/black-white-flashcards
     
    На *ivanita* и IRBBB им се допаѓа ова.
  11. I¥A

    I¥A Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски

    Нешто слично на тие. Јас ги имам од 0-3 месеци
     

    Прикачени фајлови:

  12. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Odicna idea, bravo!
    Jas bi zamolila da pisuvame vozrast na deteto, znam deka sekoe dete si e razlicno no cisto da imame oset :)
     
    На Knizhevnik11, *ivanita*, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Viki2021

    Viki2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Majka koja vozrast ste? Imam nekolku prasanja, dali slagot go jade i dali na krajot se pravi lom? Dali ovie topcinjata zakaceni na zid gi butka gi tegne ili samo si gi dopira? Dali znae samo da pogodi dupceto od limenkata i da gi stava kapacinjata? Nema moment kaj sto saka da butne rache da izvadi i da se izgrebe/isece od kapaceto? Prasuvam bidejki do sega si igrame samo so igracki pa sakam da pocneme vaka a imam strav dali nesto ke se sluci nedaj boze
     
  14. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Баш сега барав нешто за моето 10 месеци е.
    Си играме само со играчки заедно, пробав да боиме заедно ама имам проблем со тоа што става се во уста. Јас сум тука до него ама се дешава во секунда и се плашам дека нема да можам да спречам.
    Пуштаме музика и играме, си “разговараме”, кажуваме браво, чао, се криеме и викаме Тааа:rofl: и други игри немаме. Давајте предлози за на таа возраст.
     
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Еве активност за 8 месечно голо бебе што штрајкува со глад. Залепени пластични прстени и пробува да ги одлепи и се занимава речиси 40 минути :rofl: Јадење не мора денес
     

    Прикачени фајлови:

    На Калатеа, Razvigorec, *ivanita* и 12 други им се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Сега сме поголеми, уште малку 15 месеци, но сликиве се пред да наполни годинка, во периодот откако почна да седи сам, некаде после 7ми месец.
    Топчињата се прикачени на селотејп, а краевите на селотејпот се залепени на шанк и стуб, па фактички топчињата видат. Целта е да ги одлепува и залепува топчињата, при што вежба мускули на раце и торзо, координација око-рака, сензорна стимулација. Истата игра може да се адаптира за помали бебиња што не седат самостојно, само наместо селотејп "во воздух" може да се направи на хранилка и за поголеми бебиња или мали дечиња што не стојат самостојно селотејпот да се залепи повисоко, при што бебето/детето ќе учи да се исправа, да клекнува, седнува, стои самостојно. Наместо селотејп може и двострана леплива трака да се употреби, при што едниот крај ќе биде залепен на некоја површина. Наместо топчиња може да се залепат било кои други лесни играчки.
    Слична игра на оваа е и оваа, со залепена тврда книга
    IMG_20220318_185300~2.jpg

    Дупчето од лименката е направено поголемо од капачињата за да може да го погоди. Тука син ми има 10 месеци и не го погодуваше дупчето постојано, ама учеше да го погоди. Дупчето откако го направив, со запалка го измазнив за да нема можност да се исечи, ама ако ти е страв наместо лименка можеш истото да го направиш со картонска кутија. Син ми на почетокот капачињата ги ставаше в уста, ама нема шанси да се случи нешто оти сепак е големо капачето и не може ни да го голтни ни да му залетни, ако ти е на мисла, можеш со поголеми играчиња да го направиш.

    Шлагот е целно направен за да не се случи ништо ако додека игра стави раче в уста. Тука е нешто пред годината. Лом се прави, затоа и на балкон е распостелен. :D
    Може и во двор и во хранилка со подлога под хранилката заради хаосот. Наместо шлаг можеш грчки јогурт, јас правев со шлаг со вода тоа имав дома во моментот. Наместо мрвици можеш прехрамбена боја, а ако не сакаш боја можеш природно да обоиш со сок од овошје/зеленчук.

    @DejziSk освен играта со лименката и капачињата, другите се во период меѓу 7 и 10 месеци и сѐ може да се прилагоди и порано и покасно, зависно од интересите и постигнатите вештини на бебенцето.

    @LiquidLuna на здравје кругови на дадичка. :pizza:
    Лукзус е јадење на жешково. Барем така се тешиме ние што делиме иста мака. 8)
     
    На Razvigorec, *ivanita*, Viki2021 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Која е книгата што е залепена на ѕид? Интересна ми изгледа
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    https://toper.mk/животни-од-џунглата
    Има и таблетче со звуци од животни, ама не се баш пријатни. Книгата е добра, уште ја врти синко.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.770
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Убава тема :inlove:
    Има 14 месеци моментално.

    Нај најмногу се занимава со топчиња. Ги фрла од корпата и ги враќа назад како кош да фрла. Се радува ако погоди.
    (немам слика кај што игра така)
    orca-image--1467908214.jpeg

    Истото го прави и во базен. Му ставам друг сад до него да ги фрла таму(како на втората слика).
    orca-image-383935430.jpeg
    Screenshot_20220802-022950.png

    Оваа активност со ливчињата ја видов некаде на интернет и за разлика од други активности што не му беа интересни, оваа го заинтересира. Му исечив мали ливчиња и ги пушта долу едно по едно, после ги вади и така во круг. Столчето е со повеќе прегради па сите ги пушта од различно место.
    orca-image--1590819968.jpeg

    Има и други активности ама немам слики. Штом сликам ќе споделам.
    @IRBBB Тоа со лименката и капачињата му го дадов, проба со 2-3 капачиња и зеде топка па пробуваше да ја стави внатре :rofl: Можи треба со поголем сад со отвор за топка да пробам.
    Исто и со книгата залепена пробав. Ја залепив на плакар, се изнамачи да ја одлепи и ја фрли. Не сврти ни една страна.
     
    Последна измена: 2 август 2022
    На Razvigorec, IRBBB, Bubi*2 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Viki2021

    Viki2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Mnogu blagodaram majka, epten ubavo objasneto, jas neznam kako da ja zainteresira nesto zatoa prasav, nashata se frla i treska, tie trkalcata shto se kako konus jas ke gi naredam taa na kraj sveta da e doaga gi vadi edno po edno gi rastura i si odi, vo plasticna kutija ke stavam topcinja doaga ja treska kutijata dodeka ne izlezat site ne prestanuva da treska i tolku e, imam edni slikicki kako kartoncinja 3 stojat na edna igracka nema sansi tamu da stojat doaga gi vadi i tolku e, i edno telefonce shto stoi na prooduvalkata isto nema sansi da e na mesto, ako e izvadena ok e ako e na mesto problem ke ima....i ete toa si igrame ke vlezeme vo igralnata jas gi redam site ovie nabrojani taa gi rastura, sega na ogradata ima edni kako dupcinja pogolemi pomali tamu napikav plisani igracki, plasticni mali za da gi vadi ama samo tie shto gi saka gi izvadi drugite eve gi od vcera uste stojat. Muzika saka, imame edno kako barabance go pusta i igra, da stoi ispravena i da odi po ogradata isto mnooogu saka ama voglavno saka samo da rastura i da treska...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.